дома блог страница 3025

Патник зacпал во такси, па се paзбудил на другиот кpaj од земjaта – cметката била acтpoномcка

Шкот од Единбург влегол в такси, заспал, па се разбудил на друг крај од Шкотска, нему сосем непознат.

Човекот во пет часот изутрина излегол од дискотеката близу својот дом и требало да мине само три километри. Наместо тоа, возачот дури по 180 километри возење, забележал дека клиентот му заспал, па го разбудил.

Сметката од тоа возење била 400 фунти (околу 450 евра).

Тогаш, заспаниот патник сфатил дека не знае каде се наоѓа, па со помош својот мобилен и повеќе автобуси, трамваи и возови, по седум часа се вратил во Единбург.

Жителите на Арачиново во eмисијата ClickPlus: СДСМ ни вети дека ќе вработат 300 пилоти од Арачиново (ВИДЕО на Македонски)

Во синоќешното издание на дебатниот магазин “Click Plus” на ТВ21 меѓудругото жителите на Арачиново рекоа дека им било ветено дека ќе бидат вработени 300 пилоти од Арачиново.

-Најголемата лага е дека ќе се вработат 300 пилоти од Арачиново, рече жителот на Арачиново. Новинарот во неверување прашува, кој тоа им ветив дека ќе бидат вработени 300 пилоти, на што жителот од Арачиново експлицитно одговара дека такво нешто им ветил Социјалдемократскиот сојуз кои сега се на власт. Ми рековте зад камерите и да ти кажам право не разбрав убаво. Сега кој ви ветил дека ќе вработи 300 пилоти, прашува новинарот на Тв21.

– Овие што се на власт сега. Социјалдемократскиот сојуз, да. Значи тоа е најголемата лага што можеш да му ја кажиш на човек, ќе одиш пилот. Се лучило и тоа тука во нашето село. Празни ветувања. На младината од Арачиново и останува само да одат по странски амбасади, да бараат визи и да си одат сите од тука, рече младиот жител на Арачиново.

Почна сезоната на калинките: Еве зошто ова овошје е најдобар пријател на вашето здравје

Калинката е прополна со антиоксиданси и витамин ц, но постојат уште многу здравствени бенефити за кои малку знаеме.

При избор на калинките бирајте ги најцрвените или кафените кои се прилично тешки. Ова овошје кога се чува во фрижидер, може да издржи од три до четири недели. Меѓутоа, еднаш кога ќе се отвори може да стои два до три дена, но меже да се чува и замрзнато.

Кој е најдобриот начин да отворите калинка?

Прво е неопходно да се излупи кората како би се дошло до семките кои се полни со сок. Најдобар начин да го отворите е да го потонете во вода како не би дошло до прскање на сокот.

Како се јаде калинка?

Освен што се грицка можете да приготвите и салата од нејзе, да ја измешате со гвакамоле, направите шејк, но и одлична сангрија.

Калинката во исхраната и медицината

Постојат повеќе студии кои го потврдуваат благотворното дејство на калинката врз кардиоваскуларниот и нервниот систем, како и врз коските. Тоа произлегува оттаму што калинката е богат извор на витамин Б5, калиум, алагитанин и флавоноиди.

Исто така, 100 грама калинка содржат 16% од препорачаната дневна доза на витаминот Ц.

Понатаму, калинката содржи фитохемикалии кои го поттикнуваат создавањето серотонин и естроген во организмот.

Според клиничките испитувања, материите што ги содржи само калинката – пуницалагините – влијаат поволно врз срцето и крвните садови. Маслото од калинка има естрогенски, антивоспалителни и антимикробни својства бидејќи содржи пуницинична и елагична киселина.

Аплицирајте за работа во пошта: Објавен оглас за вработување на 80 лица

Граѓаните уште не се задоволни од нивните услуги, но Македонски пошти набргу ќе добијат 80 нови вработени. Генералниот директор на ова друштво распишал оглас за дури 80 нови вработувања, и тоа на неопределено време, пренесува Фактор.

Меѓу позначајните позиции за кои се распишани нови огласи се следниве. Се бараат двајца луѓе да бидат преведувачи на странски јазици во Дирекцијата на пошта, кои треба да имаат Филолошки факултет и познавање на еден странски јазик, кои ќе земаат плата од 22.465 денари, како и еден соработник за кадри кој ќе зема над 23 илјади денари. Иста плата ќе има и соработникот за финансиско работење, како и соработникот за комуникација.

За скопската подружница се бараат седум извршители, кои месечно ќе бидат платени со по околу 17 илјади денари, а за истата плата се бараат и четворица делители во Одделението за подготовка.

Нови работни места ќе има и за двајца манипуланти за големите корисници, кои ќе добиваат по 16.500 денари месечна плата, како и пет насочувачи, што ќе ја имаат истата плата.

Се бараат и голем број шалтерски работници во регионалните подружници на Поштата, кои ќе земаат по околу 17 илјади денари плата.

Директорот на Македонски Пошти, Ејуп Рустеми, за Фактор вели дека овие вработувања биле неопходни, бидејќи од 2016 година, кога во Поштата се вработиле 144 лица, се досега, односно во 2017 и 2018 година, немало нови вработувања во ова значајно претпријатие. Од друга страна, пак, вели тој, од 2016 година па се досега, поштата по разни основи, како што се заминување во пензија или други основи, ја напуштиле дури 210 луѓе.

Кралицата Елизабета вработувa: Условот е едноставен, а платата изнесува фантастични 25.000 евра месечно

Кралицата Елизабета бара нов коњушар и нуди плата од 25.000 евра месечно и бесплатно сместување во Бакингамската палата, но само под еден услов.

Сето она што спаѓа во должностите на коњушарот не отстапуваат од вообичаените обврски. Треба да ги храни, чисти и одржува коњите.

Меѓутоа, кралицата бара личноста да негува и голема љубов кон овие животни и која ќе ужива работејќи ја оваа работа.

Освен тој главен услов, таа личност треба да знае да јава и да управува со кочија. Покрај ова барање стои објаснување дека идниот коњушар ќе присуствува на сите церемонии кои ќе се одржуваат.

На крајот, кралското семејство истакнува дека сака доверлива личност која е подготвена да даде се од себе за коњите да изгледаат и да бидат што подобри кога ќе бидат изведени во јавност.

(Видео) Се подготвувале за работа на автопат, па откриле чудо: Еве што пронашле во градот стар 5.000 години

Израелските археолози објавија дека откриле голем град стар 5.000 години на северот од државата.

Древниот град е откриен за време на подготовките за работа на автопат во близина на Хариш, град на 50 километри северно од Тел Авив.

Станува збор за “космополитски и испланиран град” кој датира од бронезното време. Се простирал на 65 хектари и на него живееле 6.000 жители.

Откриен е необичен обреден храм, како и запалени коски од животни, што е знак дека биле изведувани ритуали на принесување жpTBи.

Битолчанец kpaде стол од пред продавница, газдата го бapa да си го земе и другиот (Видео)

Во текот утринските часови во петокот, околу 02.30 ч. од продавницата Тобако, сместена под безистенот во Битола, од страна на непознато лице е одземен стол, кој бил оставен и заборавен пред самиот дуќан.

Газдата на дуќанот упати апел доколку некој го познава човекот од видеото да му пренесе да дојде кај нив и да си го земе и другото столче…

Барселона ја стpece сkaндал: Најдобриот голман во историјата на клубот го избркaa после само три месеци

Фудбалскиот клуб Барселона му врачи отказ на Виктор Валдес по само три месеци на местото тренер на младинскиот тим, соопшти клубот.

Валдес заминува поради навреди кон директорот Партик Клајверт, а инцидентот за малку ќе прераснел и во физички напад.

Валдес на тренерската позиција ќе го замени Франк Артига. Валдес е најуспешниот голман во историјата на Барселона со 539 натпревари и 21 трофеј.

Лaтас: “Доста е бе другари, па ни Колумбија нема ваква јавна соработка на мафиjaта и подземjeто со политиkaта”

На страна муабетите но, очигледно е дека Заев и Мицкоски интензивно се спремаат за вонредни избори. И тоа на пролет, согласно подготовкиве, пишува во најновата колумна за Вечер, новинарот Драган Павловиќ Латас.
Заев подига кредити од странство без контрола.

Годинава, за прв пат по војните во Југославија, Македонија има државен јавен долг кој е поголем од 50% од бруто домашниот производ (БДП), а уште лани владата на Заев ја помина критичната граница со долг поголем од 5 милијарди евра.

Задолженоста е толку голема, и без контрола, што и професорот од МАНУ Таки Фити, докажан кадар на СДСМ, во април изјави дека динамиката на пораст на јавниот долг е неоджлива.

Заев се надева дека со купувањето гласови за плати и пензии од тие пари ќе избори резултат за доволно силен СДСМ да може да се брани од казните за корупција на оваа власт кои, без сомневање, го чекаат. Победа на избори нема, и тоа му е јасно, но поскаува барем 45 пратеници како сигурност за себе. А потоа, тие пари ќе не заглават, како што можевме да видиме, со тешки, болни трауми на преголема задолженост во која страдаат сите, видена во Грција и Бугарија.

Заев пред избори почна акција која ја нарече На прав пат. И име и план украден од хрватските социјалдемократи и српските демократи. Има намера да ги заборавиме тендерите, марихуаните, рекетите, местенките со обвинителства и судови, непотизмот теран до трето колено.

Пак потфрлија експертите на СДСМ во комуникација со народот. Што не е ново, тие немаат појма за потребите и состојбата меѓу Македонците но, ако ги прашате кое пиво е најбоље во Брисел, или каде да се спие кога се патува за Њујорк, за бутик Шанел… експерти се.

Мицкоски, од своја страна, извади нови кадри, именувани како стратешки советници, и не е тешко да се претпостави дека голем дел од нив се планирани за учество ви идната власт. Промовираше 16 луѓе како тим за обнова на Македонија.

Целата колумна прочитајте ја ТУКА

Лашкоска: За оваа Влада на СДСМ, Прилеп и прилепчани не постојат

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Ане Лашкоска на денешната Собраниска седница истакна дека за Владата на Зоран Заев и СДСМ, Прилеп и прилепчани не постојат. Таа посочи дека власта заборавила на сите предизборни ветувања за градот Прилеп од кои ниту едно не е реализирано.

-За оваа Влада на СДСМ, Прилеп и прилечани не постојат, односно Прилеп и прилепчани се буквално избришани. Исто како што беше со буџетот, така и со ребалансот на буџетот за Прилеп нема ниту еден проект. Заборавивте да ги споменете ветувањата кои што ги дадовте заедно со вашите челници пред нашите сограѓани во 2016-та година и редно е денес да ви споменам барем некои од нив и да дадте образложени дали размислувате барем проект да направите, вели Лашкоска.

Лашкоска ги спомена ветувањата на власта за Прилеп каде беа ветени затворен базен, градинка со голем обем во Прилеп, проширување на магистралниот пат Прилеп-Битола, ветените спортски сали во основните училишта, ветувањето за нов театар. Притоа таа напомена дека за дел од нереализираните ветувања на власта за прилепчани опозицијата поднела и амандмани при ребалансот на буџетот, но истите не биле прифатени.