Џудо клуб “Бушидо” со шест медали го заврши Меѓународниот турнир ” Прилеп град херој 2019″

На 06.10.2019 во Прилеп се одржа 11-тиот Меѓународен турнир во џудо “Прилеп град херој 2019″. Турнирот се одржа во спортската сала на СОУ”Ристе Ристески Ричко”, а на него учествуваа 320 натпреварувачи од Македонија, Србија, Црна Гора, Косово, Грција, Албанија и Бугарија.

ЏК”Бушидо” зеде учество со 6 натпреварува и освоија исто толку медали. Ова се освојувачите на медали:
– Христијан Здравески 3 место; Филип Попоски 3 место; Елена Малиноска 1 место; Давид Мицески 3 место; Елеонора Илиоска 1 место; Сара Атанасоска 3 место.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.