дома блог страница 3027

Боксерскиот клуб “АC” од Прилеп поставува историски резултати за градот: По втор пат втори во боксерската младинска и сениорска лига

На 5.10.2019 во Штип се одржа 6-то и последно коло на боксерската младинска и сениорска лига на Македонија.

Организатор беше боксерскиот клуб “Пинк Пантер” од Штип и Боксерката Федерација на Македонија (БФМ).

Учество зеде и Боксерскиот клуб “АС” од Прилеп, под водство на тренерите Ѓорѓи Чатлески и Дарко Чатлески.

Пријавени боксери беа: Дамјан Талимче, Мартин Алексоски, Далибор Каранфилоски во кадетска конкуренција и Матеј Чатлески во категорија деца.

Од сите пријавени учество зедоа само Дамјан Талимче и Мартин Аексоски, другите двајца боксери немаа противници.

Мартин Алексоски ја загуби борбата, а Дамјан Талимче победи со технички нокаут во третата рунда.

Со ова последно шесто коло го добивме и епилогот во лигата, каде првото место им припадна на БК “Шкендија но лимит” од Тетово, на второ место е БК “АС” од Прилеп, а БК “Борец” од Велес го зазеде третото место.

Во овие 6 кола во лигата учествуваа и боксерите: Трајче Илиоски, Ерѓун Бајрамоски, Бојан Станојоски, Леонардо Ангелески и Димитар Ангелески.

“Покрај напорните тренинзи сите боксери добиваа и губеа борби, но сепак дојдовме до второто место. Боксот е еден од најтешките спортови, а нашиот клуб по втор пат го освојува второто место во младинската боксерска лига на Македонија. Би напоменал и дека овој резултат е за прв пат во историјата на нашиот град Прилеп”, истакна Дарко Чатлески.

Хуманитарно рели во Прилеп: Со вашето присуство на натпреварот ќе придонесете за подобро утре на малиот херој од Прилеп

Клубот “Off-Road Prilep” во недела, на 13 октомври, ќе организира ХУМАНИТАРЕН „Off Road 4×4 Show“ натпревар кој ќе се одржи на полигонот за екстремни спортови кај Лагово.

– Се покануваат сите клубови од Македонија, а воедно и сите љубители на оff-road да бидат дел од овој настан и сите заедно да докажеме „We are HUMANE people“ – стои во поканата од клубот на Фејсбук.

Од клубот додаваат и дека со вашето присуство на “Off Road 4×4 Show” придонесувате за подобро утре на младиот Дејан Најдоски од Прилеп кој боледува од аутизам.

За подобрување на неговата состојба беше потребно да замине на лекување и третман со матични клетки во болница во Турција.

Сумата која беше потребна беа 54.000 евра, а досега Дејан успешно помина два третмани со матични клетки.

“Со Божја помош и помошта од сите хумани луѓе, Дејан Најдоски позитивно ги прими матичните клетки од двата третмани. Според мислењето на докторите во Турција за да се постигнат најдобри резултати, веднаш во рок од 1 месец потребно е да се изврши и третиот третман, а по него во ноември и четвртиот. За третиот третман ни недостигаат 4.000 долари, а додека за четвртиот 10.000 долари. Ги замислуваат сите хумани луѓе кои можат и сакаат да помогнат да придонесат состојбата на Дејан да се подобри”, вели таткото на Дејан.

Родителите на Дејан од срце им се заблагодаруваат на сите кои досега им помогнаа и веруваат дека одново со Божја помош, нивниот мал ангел ќе добие нормално и безгрижно детство.

Ајде Прилеп, ајде Македонијо! Успеавме еднаш, можеме одново да направиме чудо!

Телефонските броеви за донации и жиро сметката се во продолжение:

Светлана одново ги освои нашите срца: Нејзината најнова креација од коса допре до целата нација (ФОТО)

Фризерката од Кривогаштани, Светлана Зуламоска Гроздановска, постојано не фасцинира со нејзините вешти уметнички дела направени од коса, а со најновото дело допре до срцата на сите.

На 5-ти октомври, или денот кој се памети по последниот концерт на Toше Пpoecки, Светлана го изработи ликот на нашиот никогаш нeпpeжален ангел.

Ликот е толку автентичен, што чиниш ќе прозбори…

Секоја чест Светле, се восхитуваме на твојата умешност.

Прилепските бранители одлични домаќини: Манастирот вриеше од народ, а се подигна на јарбол и сонцето од Кутлеш (Фото/Видео)

Здружението на граѓани “Прилепски бранители”, вчера беа домаќини на свеченоста на манастирот Св. Петка во село Мусинци – Општина Могила. Свеченоста се одржа по повод двегодишнината од осветувањето на манастирот, кој прерасна во светилиште што собира голем број верници за празниците.

Прилепските бранители се покажаа како одлични домаќини и направија веселба за паметење. Со македонска музика и знамиња со сонцето од Кутлеш, се играа ора и се славеше македонштината.

Манастирот во ова населено место беше осветен на 06.10.2017 година, кога во новоизградениот храм Вечерна богослужба одржа Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар.

Бранителите од Прилеп на вчерашната веселба на јарбол го подигнаа и знамето со шеснаесеткракото сонце:

Регулаторна ги донесе новите цени на горивата: Еве колку ќе чинат од полноќ

Oд вечерва на полноќ малопродажните цени на горивата се намалуваат во просек за 0.75 отсто, објави Регулаторната комисија за енергетика.

Согласно одлуката, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР-95 се намалува за 0.5 денари, и еден литар 95-октански бензин ќе чини 68.00 денари.

Цените на ЕУРОСУПЕР-98 и ЕУРОДИЗЕЛ горивата се намалуваат за по 1.00 денари. Еден литар 98-октански бензин ќе чини 70.00 денари, додека еден литар дизел ќе чини 62.00 денари.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ.

Харадинај го призна изборниот пораз во Косово: Хашим Тачи исто така со cлаб pезултат

Лидерот на Алијансата за иднината на Косово и Социјалдемократската партија, Рамуш Харадинај, прв излезе на прес-конференција. по завршувањето на вонредните парламентарни избори на Косово.

„Алијансата расте, но тешко е да се добие точен резултат“, рече Харадинај. Според сегашните прогнози, неговата Алијанса има само околу 10 проценти од гласовите.

Врз основа на 80,57 проценти од пребројувањето на гласовите, Движењето Самоопределување на Албин Курти води со 26,91 проценти од гласовите. Според Централната изборна комисија, Демократскиот сојуз на Косово (25.03%) е втор по бројот на освоени гласови, а на третата позиција е Демократската партија на Косово со 21,17%. Српска листа освои 10 мандати, односно целосна победа кај српското малцинство.
Резултатите се сосема неочекувани на предвремените парламентарни избори на Косово и останува да се види како и дали ќе се формира идната Влада бидејќи нема јасен победник.

Од вкупно 120 пратеници од кои 20 се гарантирани за малцинствата по 32 пратеници освоиле партијата ЛДК (Демократски сојуз на Косово) на Вјоса Османи и Движењето Самоопределување на Курти.

Партијата на експремиерот Рамуш Харадинај освои 11 пратенички мандати а 24 пратеници освои ПДК на претседателот Хашим Тачи.

(Видео) Во Сибир пронајден дијамант стар 800 милиони години: А она што се наоѓа во него ги зачуди научниците

Замислете, дијамант кој во себе содржи друг дијамант кој слободно се движи. Токму ваков дијамант е пронајден во Сибир. Не постои ништо слично на него.

Единственото откритие е пронајдено во Накинско, а го истражувала компанијата “Алроса”, светски лидер во производство на дијаманти.

Дијамантот се проценува дека е стар околу 800 милиони години. Тежи 0.122 грама и има големина 4,8×4,9×2,8 mm.

Руските научници сметаат дека прво е формирана внатрешноста на дијамантот, па дури потоа останатиот дел.

(Видео) За ова мистериозно езеро е забрането да се зборува: Луѓето во него гледаат спас, но го следи чудна легенда

Езеро кое се створило после epyпција на вуклан пред 2000 години, Машу или Машу- ко, се смета за најчисто на светот.

Зависно од денови, но видливоста достига и до 20, 30 метри, а се наоѓа на островот Хокаиду, на северот на Јапонија.

Јапонците веруваат дека предците на Аинуи го сметале за свет. Оваа енигматична нација била изолирана географски, јазично, но и расно – тие имале скоро европски карактеристики.

Светото езеро е опкружено со густа магла и 200 метри кратер кој стрмно се влева во водата. Посетата на езерото беше строго забранета од јапонското Министерство за животна средина од безбедносни причини, како за непристапноста на теренот, така и за зачувување на чистотата на водата.

Во превод името на езерото значи „езеро на боговите“ а мештаните веруваат ека на дното живее дух на жена.

Локалните жители веруваат деа ако некој има било каков проблем треба да помине во близина на езерото и тоа ќе му помогне да најде инспирација за решавање на проблемот.

Според легендата, секој што ќе си го види одразот во езерото, што е тешко поради маглата и сланата, ќе го следи несреќа.

Со длабочина од 22 метри, е едно од најдлабоките во Јапонија, а останало недопрено бидејќи нема ни притоки ни извори туку само стои во место и привлекува туристи со својата убавина.

УХМР со лоши вести за времето

Времето денеска ќе биде претежно облачно и свежо со повремени врнежи од дожд, особено попладне во јужните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец.

Утринската температура ќе се движи од 3 до 11, а дневната од 10 до 16 степени.

Утре ќе биде променливо облачно и свежо, во утринските часови со локален слаб дожд, а потоа во наредните денови ќе има пораст на температурата.

Бујар Османи во нова инспекциja (Видео)

Вицепремиерот Бујар Османи на својот профил на Фејсбук претпладнево објави видео од кое се гледа дека повторно е во инспекција.

Вицепремиерот напиша: ИПА мониторинг и потсети дека остануваат уште 9 дена до добивањето на датумот за старт на преговори со ЕУ и дека е во контрола на ИПА фондовите.

На почетокот од видеото цитира изјава од основоположникот на Европската унија, Роберт Шуман.