Со срце за Дејан: Утре во Прилеп поетите, писателите и уметниците организираат два хуманитарни настани за малиот Дејан Најдоски

Меѓународна хуманитарна поетска манифестација „СО БОСОНОГАТА ПО ПАТОТ НА СВЕТЛИНАТА – 2019” со мото „ПОЕТИТЕ, ПИСАТЕЛИТЕ и УМЕТНИЦИТЕ во ХУМАНИТАРНА МИСИЈА” посветена на лицата со Аутизам и Мултиплекс склероза.

Секој со своето присуство како гостин или учесник во програмата станува дел од хумантарната манифестација и дава еднаков придонес за спроведување на хуманитарната акција за собирање парични средства за лечење во странство
на ДЕЈАН НАЈДОСКИ од Прилеп! Бидете хумани, добредојдени сте!

За малиот херој од Прилеп, кој боледува од аутизам и кој досега помина два третмани со матични клетки во Турција, потребни се уште два нови зафати.

Во Прилеп ќе се одржат два хуманитарни настани, и тоа:

09-ти Октомври, Плато Саат Кула, 12,00 – 14,00 часот – ДОНАТОРСКА АКЦИЈА со продажба на книги и парични прилози

09-ти Октомври 2019, од 18:00 – 20:00 ч. – Кино „Мис Стон”

од 18:00 – 18:30 ч. Хуманитарна акција;

од 18:30 – 20:00 ч. Поетско – музичка вечер

Домаќини на Манифестацијата – Клуб на литературни творци од Прилеп

Учесници во програмата и дел од хуманитарната мисија се уметниците: Поети и писатели од Македонија, Корисниците на Завод за заштита и рехабилитација „Бања Банско”, Танцов клуб „Темпо”, Тајфата и Димитар Андоновски, Филип Николоски, КУД „Моминок”

Организатор: Ружа Спасовска




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.