Во регионот пристигна зимата – измерени минус 4 степени

Наместо есенски, се чини дека прво пристигнаа зимските температури, па така на Бјелашница денеска беа измрени минус 4 степени Целзиусови.

Во остатокот од Босна и Херцеговина е над 2 степени.

Сараевските метеоролози предупредуваат дека метеопатите може да почувствуваат мали потешкотии во утринските часови, претежно поради студеното време, зголемената облачност и појавата на магла.

Во Македонија денеска ќе преовладува променливо облачно и свежо време. Температурите ќе се искачат до максимални температури од 20 степени.

Во следните три дена се очекува температурите да растат но во среда се најавуваат студени утра со пад на температурите и до нула.

Во среда се очекува малку до умерено облачно и потопло со слаб до умерен јужен ветер од денес со максимални дневни температури од 16°С до 23°C.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.