дома блог страница 3006

Ем млади, ем хумани: Ученици од СОУ “Ѓорче Петров”изнудија насмевки и радост на лицата со посебни потреби од “Порака”

СОУ „ Ѓорче Петров“ организираше хуманитарна активност наменета за членовите на здружението за лица со посебни потреби „Порака“.

Учениците од струката за лични услуги, фризери и козметичари го искористија своето знаење и правејќи професионални фризури и шминка на лицата со посебни потреби, успеаја да измамат насмевки и радост на нивните лица и да докажат дека сите сме исти.

Покрај тоа, за членовите на „Порака“ беа донирани храна и пијалоци.

Организатори на оваа акција беа учениците Елдин Шкријељ, Мери Стеваноска и Ангела Ангелеска, а им се приклучија и учениците од III 5 и II 4 клас.

ЕУ и Британија постигнаа договор за “Брегзит”: Paзводот ќе биде мирен, договорот е фер и избалансиран

Договорот за Брегзит е постигнат денес во Брисел, потврдија Борис Џонсон и Жан Клод Јункер.

“Добивме нова работа која ни ја враќа контролата- сега парламентот би требало да заврши со Брегзит во сабота, како би можеле да преминеме на другите приоритети како трошоците за живот, NHS, нacилHиoТ kpиминал и нашето опкружвање #GetBreksitDone #TakeBackControl”, стои во твитот на британскиот премиер Борис Џонсон.

(Фото) Најголемото откритие во последниве неколку години: Египет не престанува да ги изненадува археолозите

Египетските археолози во близина на градот Луксор пронашле повеќе од 20 дрвени саркофази.

Саркофазите имаат дречливи бои, а откриени се во некрополот Асасиф кој се наоѓа на западната страна од Нил. Биле поставени во два реда, едни над други.

Египетското министерство за антиквитети ова откритие го нарекло “едно од најголемите и најважните” во последните неколку години.

Голем број на гpoбници во некрополот Асасиф потекнуваат од периодот меѓу 664-332 година п.н.е.

9.000 килoгpaми пипepки oдзeмeни од пpилепско од инcпeкциckитe кoнтpoли на Инcпeктopaтот за земjoделство

Девет илјади килограми пиперки „куртовска капија“ се одземени од нерегистрирани откупувачи при инспекциските контроли на Инспекторатот за земјоделство спроведени во прилепскиот регион.

Од Инспекторатот вчера информираа дека на нерегистрираните откупувачи им се изречени и глоби согласно законските прописи.

Контролите се направени деновиве во соработка со Регионалната управа на Министерството за внатрешни работи од Битола и полициската станица во Прилеп.

Гимназија “Мирче Ацев”: Направивме групна набавка на нафта и дрва за сите училишта, а не само за нашето училиште

На објавата на нашиот портал дека Гимназијата “Мирче Ацев” од Прилеп направила набавка на – Екстра лесно масло Е1 и Дабово гревно дрво во вредност од 333.233 евра, односно 23.000 евра за огревно дрво, пристигна реакција од оваа образовна институција. Иако во нашата објава ние само информиравме дека училиштето извршило ваква јавна набавка, што е точно, и ниту алудиравме на некаква нерегуларност, ниту пак имавме за цел да го нарушиме угледот на гимназијата, реакцијата ја пренесуваме во целост во продолжение:

Прилепчани: “Гимназијата набавила нафта за 333.233 евра и дрва за 23.000 евра?”

“СОУ Гимназија „ Мирче Ацев “ во договор со Локалната самоуправа на Општина Прилеп и со нивна писмена согласност за одобрување на финансиски средства, во месец Август 2019 год. објави огласи за ГРУПНА јавна набавка за набавување на стоки – Екстра лесно масло Е1 и Дабово гревно дрво за учебната 2019/2020 година, за потребите на сите основни и средни учиишта од Општина Прилеп преку електронскиот систем за јавни набавки. Јавната набавка врз основ на чл. 62 од Законот за Јавни набавки („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 24/2019), беше распишана како ГРУПНА јавна набака, што подразбира дека СОУ Гимназија „ Мирче Ацев “ се појавува како Договорен орган во име на повеќе училишта, го распишува и спроведува огласот за потребните количини на сите потписници на Договорот за групна јавна набавка. Тоа значи дека целокупната количина на Екстра лесно масло за горење и огревно дрво не се набавени само за нас како училиште, туку за сите Основни и Средни училишта од Општина Прилеп.

Целокупната документација околу овие две ГРУПНИ јавни набавки ги има во Бирото за Јавни набавки на РСМ, во
архивата на комисијата за јавни набавки во СОУ Гимназија „ Мирче Ацев “, па ако сакате да бидете медиум кој реално и навремено ќе ги информира граѓаните кои Ве следат и читаат, можете да ја добиете целосната документација на увид, а не да пишувате БОМБАСТИЧНИ и непоткрепени текстови со што ги доведувате во заблуда сите оние кои ве читаат, а со
тоа го нарушувате нашиот углед и чест како на иституцијата , така и на вработените кои работат во неа”
, велат од гимназијата.

“Многу подобро за вас ќе биде ако од нас побарате информација и напишете за инвестициите во инфраструктура во СОУ Гимназија „ Мирче Ацев “ како изградба на нова котларница за загревање на објектот која ќе работи на комбиниран систем ( нафта и природен гас ), за промена на целокупната канализациона мрежа во училиштето со што ќе се реши повеќедеценискиот проблем на Гимназијата со отпадните води, за целосната реконструкција на објектот со промена на кровна конструкција, столарија на целиот објект од Гимназијата, изведба на нова енергетски ефикасна фасада со што објектот на Гимназијата ќе добие висока енергетска ефикасност и огромна заштеда на финансиски средства кои до сега се трошеа за загревање. Ова се инвестиции кои во 2019 година изнесуваат околу 900.000 ЕВРА, со средства обезбедени ид Владата на Република Северна Македонија и од Локалната самоуправа на Општина Прилеп. Сигурни сме дека со овие информации ќе бидете почитани како медиум, а ние како едно од најдобрите училишта во Македонија ќе бидеме позитивно промовирани меѓу граѓаните и вашите читатели”, додаваат од Гимназијата “Мирче Ацев”.

Скопје доби датум за Дино Мерлин

Балканската музичка ѕвезда Дино Мерлин ќе ги забавува жителите на Скопје, но и сите гости од земјата и од регионот кои ќе одлучат Новата 2020 година да ја дочекаат на плоштадот „Македонија“. Настапот на Дино Мерлин и дел од новогодишните содржини што ќе ја збогатат претстојната празнична сезона во градот денеска ги најави градоначалникот Шилегов.

За дочекот на Нова година на Плоштад „Македонија“ во Скопје ќе пее балканската музичка ѕвезда Дино Мерлин. На денешната средба со новинарите тој рече дека имал понуди и од други места, но на крајот пресудна била упорноста на градоначалникот Петре Шилегов.

-Долги години поминав свирејќи во оваа земја. Добра работа е кога упорноста, желбата и приликата ќе се гушнат. Градоначалникот беше толку упорено и така немавме шанса да кажевме ништо друго. Има луѓе кои не доаѓале на мои концерти и ќе имаат прилика да видат луѓето како го правиме тоа. Очекувам голем концерт и верувам дека ќе дојдат 50 илјади луѓе во Скопје, истакна Дино Мерлин.

Дpaма во Белград: Тинejџep ykpaл автобус од градски пpeвоз и возел со километри, па дури зacтанувал на постојки

Вистинска драма се одвивала пред два дена во попладневните часови во центарот на Белград, кога 17-годишник, без возачка дозвола, киднапиpaл автобус од градскиот превоз, а потоа го возел и застанувал на постојки.

Настанот се случил околу 13:15 часот на терминалот Бирчанинова, на Славија. Како што дознава српски “Блиц”, возачот на автобусот кој се сообраќајл на линијата 59 ја завршил својата смена, го паркирал и угасил возилото бидејќи неговиот колега доцнел.

Тоа го искористил С.Б. кој на сеуште неразјаснет начин влегол во автобусот.

“Полицијата брзо реагираше, го пресретна автобусот и го приведе осомничениот. Возилото немаше никаква оштета и беше избегнат потежок инцидент. И благодариме на полицијата за брзата реакција и сега останува истрагата да утврди што точно се случило”, вели за “Блиц”, Драго Тошиќ од Конзорциумот на приватни превозници.

Како што велат некои од возачите, се работи за момче кое им е познато, односно кое “сака да се дружи и да зборува со возачите од јавниот превоз”.

Сепак, целата приказна има неколку неверојатни детали: од тоа како тинејџерот воопшто успеал да влезе во автобусот, да го стартува, а потоа и со километри да вози по рамната траса, па дури и да не предизвика несреќа, ниту материјална штета.

Змиja во октомври на плоштадот “Maкедонија” во Скопје: Граѓани ја yловиja (ВИДЕО)

Мала змија денеска ги возменири граѓаните на плоштадот “Македонија” во Скопје.

Топлото време кое е невообичаено за овој период на годината е примамливо за влечугите сеуште да се движат наоколу.

Граѓани ја уловија змијата во шише која веројатно е водна, а потоа ја пуштиле на безбедно место.

Шеќеринска на Твитер: Отворен е конкурсот за обука за воени пилоти

Mинистерката за одбарана Радмила Шекеринска на својот Твитер профил напиша дека е објавен конкурс за обука на воени пилоти и ги покани заинтересираните кандидати да аплицираат.

“Започнете го вашиот пат во една од највозбудливите професии! Отворен е конкурсот за обука за воени пилоти. Меѓу другите погодности, го зголемивме износот на месечниот надомест во време на обуката, и тоа од 4.000 на 25.000 денари”, напиша Шекеринска.

Мepкел денecка од Бyндecтагот: “Шанcите за Македонија и Албанија не се дoбpи”

Шансите за постигнување согласност на Самитот на ЕУ за давање датум за почеток на преговори со С. Македонија и Албанија не се добри, оцени германската канцеларка во владината изјава дадена денеска во Бундестагот, пренесува “Дојче Веле”

-Во меѓувреме се изградени мостови кон ЕУ-партнерите , кои сеуште имаат задршки кон почетокот на пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија и инсистираат на поголема транспарентност на процесот на проширување. Сепак, шансите за постигнување едногласна одлука на ЕУ-самитот не се добри, призна Меркел.

Целиот текст прочитајте го ТУКА