дома блог страница 3005

Дурловски: Го продадоа духовното за материјално, останаа без обете. Фаустовци

Оперскиот пејач Игор Дурловски го коментира најновото извисување за датум за почеток на преговори на Македонија со Европска унија.

„Го продадоа духовното за материјално, останаа без обете. #Фаустовци“, напиша на Фејсбук еден од водачите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.

“Костадин портпаролот и се обрати на нацијата”

(Фејсбук статус на портпаролот и пратеник на СДСМ, Костадин Костадинов)

“Очајот на опозицијата.

Изненаден сум од аматеризмот на опозициската дпмне, од немањето грам државност, политички сенс во време на најголема трпеливост на граѓанството.

Граѓаните тоа го препознаваат и соодветно политички ќе реагираат.

Да се разбереме патот на интеграцијата го трасира СДСМ, дпмне на секој можен начин се обиде да го уништи и не успеа.

Направените реформи од владата на СДСМ никој не ги оспорува, напротив сите ги поддржаа.

Јас сум сеуште оптимист за процесот, но што и да се случи, совеста ми е мирна оти во ова време како одговорни политичари направивме се, за да бидеме во овој процес.

Огромни се разликите.
Ние сме на страната на прогресот, развојот, перспективата.

ДПМНЕ е заглавено во обидите на секој можен начин дури и во такви важни моменти за државата, да си ги заштити криминалците во своите редови, играјки си со емоциите на граѓаните”.

Крај на последните надежи за датум? Доцна ноќва не е постигнат договор, Макрон ја напуштил зградата од задната врата

Според пишувањата на новинарите на Твитер, се чини дека доцна ноќва е ставен крај и на последните надежи дека Франција ќе попушти за доделување на датум за преговори на Македонија и Албанија.

Дописничката за МИА од Брисел, Тања Милевска, на својот Твитер профил напиша дека Макрон ја напуштил зградата од задната врата, не дозволувајќи им на новинарите да постават прашања.

Во друг пост малку подоцна, Милевска напиша:

“Многу лутина кон ЕУ и Западот од делегациите кои се залагаа за проширување после вечерашното фијаско: Западните земји не ја разбираат реалноста. Туск најдобро да е на телефон со Заев сега, негова е одговорноста да направи нешто”.

Според претходните пишувања кон крајот на денот, Меркел, Макрон, Туск и уште неколку мина се повлекле за да состават некаков текст за Албанија и Македонија, но и тоа не успеало.

Оваа информација после полноќ ја потврди дописникот за Радио Слободна Европа од Брисел, Рикард Јозвиак.

Апасиев: Со 3aконот за пcиxoтpoпни cyпcтанции се монополизиpa бизниcoт на фамилиjaта Заеви за мapиxyaна

Владата на Заев не испорача ни „р“ од реформи, тоа е тотално неспособна влада, најнеспособна влада која што сме ја имале од осамостојувањето до денес, освен за лични бизниси, народ нема никаков ќар, денеска видовме дека е пуштен Закон за психотропни супстанции каде што се монополизира бизнисот на фамилијата Заеви за марихуана, а дечки по паркови ќе ги апсиме за еден џоинт, вели професорот од „Левица“ Димитар Апасиев на Канал 5 телевизија вечерва.

Тој исто така порача дека нема реформи нема исход, името беше колатерална штета и за тоа не само што некој ќе треба да поднесе не само политичка туку и кривично-правна одговорност затоа што не се почитуваа референдумските резултати.

Во реплика кон својот соговорник аналитичарот Петар Арсовски , Апасиев вели дека тој како еден од најглолемите промотори на северно македонскиот референдум кој беше неуспешен, нека каже во која европска држава не се почитуваат референдумдумски резултати.

-Се ова е од лукративни причини, нема ни „д“ од државотворност, туќу измеќарски менталитет кој што го промовираше Димитров и неговиот давач на шанса Заев, вели Апасиев.

Тој исто така истакна дека Заев да има имаше грам доблест уште по сликата во авионот на твитер ќе си дадеше оставка и ќе кажеше дека распишува предвремени избори.

За датумот се раскажуваат и соништа во живо на ТВ: Сонив дека не примија, примени сме (Видео)

Граѓанин се јави во емисијата “Очи в очи” на “ТВ 24” и раскажа сон кој што го сонувал. Тој раскажа дека сонувал оти Македонија ја примиле во Европската Унија додека чекал да започне емисијата.

Тој во емисијата вели дека се’ што сонил било вистина и дека сме примени.

Погледнете во продолжение:

“ТВ АЛФА”: Maкедонија се истрча, половина од Преспанскиот договор не треба да важи без датумот за преговори со ЕУ

„Северни“ институции, свидетелства, дипломи, изводи и други документи. Наскоро и „северни“ денари и „северни“ униформи за кои тендерите се веќе распишани. Македонија се истрча и спроведе речиси се и тоа пред време иако Преспанскиот Договор предвидува преоден период за внатрешна употреба на новото уставно име – oбјави “ТВ Алфа”.

„Издавањето на ваквите документи и материјали… ќе започне при отворањето на секое поглавје на релевантното поле во преговорите со Европската Унија и ќе биде финализирано во рок од пет години оттогаш“ стои во Член 1 Став 10 од Преспанскиот Договор.

Ова буквално значи дека свидетелствата и дипломите требаше да станат „северни“ најдоцна 5 години по отворањето на поглавјето 26 кое се однесува на образованието и културата но тие се веќе сменети.

Денарите треба да ја добијат придавката по отворањето на поглавјето 17 кое ја опфаќа економската и монетарната политика, но Народната Банка веќе склучи договор за печатење нови 10 и 500 денарки со новото име.

Целиот прилог погледнете го ТУКА

Стихови кои допираат до срце и душа: Тања Кочовска испеа песна за Тоше (Видео)

Вчера се навршија 12. години од преpaното 3aминување на Тоше Проески, а тимот со кој работеше, композиторот кој го пoплoчи неговиот пат кон ѕвeздитe, Кире Костов, најдоа нов начин да му одадат почecт.

„Светулка божја“ е најновото дело на композиторот Роберто Панчевски. Песната е изведена од Тања Кочовска и е ocветена на еден од најдобрите македонски извeдyвачи – Тоше Проески.

Текстот е напишан од професор Миодраг Врчаковски, а аранжманот е на Кире Костов. Ова е бaлaда со прекрасен текст, а тимот зад неа му оддаде чecт на Тоше на најдобриот можен начин.

Секоја објава им носи богатство: Еве колку заработуваат од секоја објава на Инстаграм Роналдо, Меси, Кендал Џенер…

Популарноста на најголемите ѕвезди од спортот, филмот или модниот свет може да се измери според бројот на фанови што секоја од ѕвездите ги има на социјалните мрежи. А, таа популарност на овие познати фаци им носи и огромни финансиски добивки кога ќе се одлучат преку своите профили да промовираат некој производ.

Порталот „Баз Бинго“ направи рангирање на ѕвездите што најмногу заработуваат објавувајќи постови на Инстаграм.

Првото место на оваа листа го држи португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо, го наплаќа по 975.000 долари секој промо пост, односно досега заработил 47,8 милиони долари преку објавите на Инстаграм.

По Кристијано Роналдо, следува фудбалерот на Барселона, Лео Меси (23,3 милиони и 648.000 долари по пост), а трета е Кендал Џенер (15,9 милиони и 611.000 долари по пост).

По нив, во десетте џет-сетери со најголема заработка преку Инстаграм следуваат Дејвид Бекам (10,7 милиони и 357.000), Селена Гомез (8 милиони и 886.000), Нејмар (7,2 милиони и 722.000), Златан Ибрахимовиќ (4 милиони и 200.000), Кајли Џенер (3,8 милиони и 1,2 милиони по пост), Роналдињо (2,3 милиони и 237.000) и Клои Кардашијан (1,2 милиони и 598.илјади по пост).

Дај му плата и од 1.000 евра ако сакаш, пак ќе избeгa од Македонија: Eве зошто бегаат младите од Македонија

(Фејбук статус на Калина Коси)

Млад, здрав, прав, умен, избегал во странство за да печали пари? И да. Ама и не.

– Бега од нашите училишта каде внукот на директорката има повеќе петки од него, иако не знае да гукне, а самиот тој знае повеќе од учителката.

– Бега од нашите општини каде да го видиш градоначалникот за да му се пожалиш е еднакво на барањето да го видиш Господ.

– Бега од нашите конкурси за работа на кои синот на директорот со трето одделение ќе го примат наместо него со диплома од факултет.

– Бега од нашите болници каде чека со саати, каде го фрлаат да лежи на кревет покриен со партали и каде оди во ве-це кое повеќе личи на полско отколку на болничко.

– Бега од нашите шалтери каде некултурни се буткаат преку ред, а дотраени и дрски работници го услужуваат од другата страна.

– Бега од нашите маркети каде продавачките секогаш несакајќи грешат во куцање со еден артикал повеќе, никогаш помалку.

– Бега од нашите служби каде пред нос луѓе со врски се пикаат пред него во канцеларија, додека тој чека со бројчето во рака.

– Бега од нашите судови каде плаќа казна за фрлено влажно марамче на улица во една судница, додека во другата ослободуваат човек кој ја претепал жена му.

– Бега од нашите институции каде не може да поднесе да работи додека му шефуваат неписмени шефови, а некој друг седи дома и зема плата за истата работа.

– Бега од валканите улици…

– Бега од уличните кучиња…

– Бега од патеките без корпи за отпадоци…

– Бега од преполнетите контејнери…

– Бега од затруеноста со политика…

– Бега од коцкарниците и обложувалниците…

– Бега од лажливите политичари…

– Бега од отровниот воздух…

– Бега од малограѓанштина…

– Бега од мито и корупција…

– Бега од отсуство на морал…

– Бега од селективна казнивост…

– Бега од неодговорност…

– Бега од лаги…

– Бега од измами…

– Бега од неправда…

БЕГА од се! Зошто сака да се чувствува корисен, да почитува закони во држава во која сите ги почитуваат и имаат еднаков третман, зошто сака да биде почитуван и продуктивен, некој да му го вреднува вистински она што го знае и умее.

Не бега само во потрага по пари, бега во потрага по нормален живот и сопствена иднина! Бега зошто е свесен дека во оваа држава тоа не го може! Дај му плата и од 1.000 евра ако сакаш, пак ќе избега!

Урсула Фон Дер Лајен ги исклучи светлата за Заев: “Жaлaм, нема датум за преговори”

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен порача дека нема да има одлука за отпочнување преговори и на денешниот Самит.

„Длабоко жалам бидејќи верувам дека овие земји направија огромни напори да се приближат до Европската унија, па затоа е многу важно да добијат позитивен сигнал“, изјавила Фон дер Лајен, зборувајќи за Македонија и Албанија.