Скопје доби датум за Дино Мерлин

Балканската музичка ѕвезда Дино Мерлин ќе ги забавува жителите на Скопје, но и сите гости од земјата и од регионот кои ќе одлучат Новата 2020 година да ја дочекаат на плоштадот „Македонија“. Настапот на Дино Мерлин и дел од новогодишните содржини што ќе ја збогатат претстојната празнична сезона во градот денеска ги најави градоначалникот Шилегов.

За дочекот на Нова година на Плоштад „Македонија“ во Скопје ќе пее балканската музичка ѕвезда Дино Мерлин. На денешната средба со новинарите тој рече дека имал понуди и од други места, но на крајот пресудна била упорноста на градоначалникот Петре Шилегов.

-Долги години поминав свирејќи во оваа земја. Добра работа е кога упорноста, желбата и приликата ќе се гушнат. Градоначалникот беше толку упорено и така немавме шанса да кажевме ништо друго. Има луѓе кои не доаѓале на мои концерти и ќе имаат прилика да видат луѓето како го правиме тоа. Очекувам голем концерт и верувам дека ќе дојдат 50 илјади луѓе во Скопје, истакна Дино Мерлин.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.