дома блог страница 3007

Ибрахимовиќ се враќа во Италија? 38-годишниот напаѓач не размислува за крај на кариерата

Напаѓaчoт на Лос Анџелес Галакси, Златан Ибрахимовиќ, се најде во сферата на интерес на италијанскиот фудбалски прволигаш Фиорентина.

Сегашниот договор на 38-годишниот играч со американскиот клуб истекува во декември, пренесува Ла Назионе.

Оваа сезона, Ибрахимовиќ настапи на 29 натпревари во МЛС, постигна 30 гoлoви и оствари седум асистенции.

Претходно, Ибрахимовиќ веќе настапуваше во Серија А, играјќи за Јувентус, Интер и Милан.

Никого нема да остави рамнодушен: Прилепчанец го направи најмноќното видео за Тоше од Крушево

Прилепчанецот Зоран Пиловски од “Фан продукција” го направи најубавото и најмноќното видео од вчерашните случувања во Крушево, каде беше одбележана 12-годишнината од заминувањето во вечноста на нашиот ангел Тоше Проески.

Се работи за видео сторија кого никого нема да остави рамнодушен и ќе ви предизвика бура емоции.

Погледнете:

12 години без Тоше Проески – Маратон 2019 from FUN production-Zoran on Vimeo.

Времето се менува – УХМР со најава

Продолжува периодот на топло време со натпросечни температури за овој период од годината. Во петок и сабота на места ќе има зголемена облачност и услови за слаб локален дожд, најави денеска Управата за хидрометеоролошки работи.

Според УХМР, утре минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 10 степени, а максималната од 23 до 30 степени, а слична е прогнозата и за наредните пет дена.

Села: Избори на пролет ако нема датум за ЕУ

Лидерот на Алијанса на Албанците, Зијадин Села, во дебатниот магазин Click Plus на ТВ21, рече дека доколку не добиеме датум за почеток на преговори со ЕУ, ќе се направи техничка Влада согласно Пржинскиот договор.

Села истакна дека на пролет ќе се одржат вонредни парламентарни избори ако се случи тоа сценарио.

Инаку, Брисел денеска и утре одлучува за Македонија, а Заев вчера на прес-конференција со Хан побара лидерите на ЕУ да бидат херои, а не пречка и да не ги гасат светлечките ѕвездички за земјава.

Макрон контра Чкатроски: Францускиот претседател вечерва повторно ни кажа “НЕ” за датумот за ЕУ

Францускиот претседател Макрон пред малку на прес конференцијата со германската канцеларка Меркел во Тулуз го повтори ставот дека нема да има проширување на ЕУ со Македонија и Албанија.

„Ја споделувам истата геополитичка и стратешка визија со германската канцеларка. Сакам да испратам позитивен сигнал до овие лидери, но сериозно погледнато сега јас морам да им порачам: Овојпат нам ни е потребно малку повеќе време за да ги средиме работите,“ рече Макрон во Тулуз.

Макрон во изјавата ги поздрави реформите и дава признание за се што е направено од страна на двете земји кандидатки , но сепак според него ЕУ не е подготвена во тесната европска куќичка да кани нови членки односно “другарчиња”.

Макрон на прес конференцијата Макрон изјавил дека место за Западниот Балкан во ЕУ има но сегашниот начин на пристапување на нови членки е апсурден.

За Макрон проблем за сегашниот случај е и бројот на азиланти од Албанија во ЕУ.

Тој повторно ја потенцира новата методологија за идно проширување и потребата куќата (ЕУ) прво да се среди и реновира затоа што некои сакаат внатре некои сакаат надвор но дека само некои плаќаат за реновирање на куќата.

Канцеларката Меркел на пресот оставила простор за надеж дека сепак до петок се можни и позитивни сценарија.

Емотивно видео од Крушево: Крушевчани со рози го послаа патот на маратонците кои од Нова Градишка трчаа во чест на Тоше

Денес околу 13 часот во Крушево (16.10.2019) во Крушево пристигнаа учесниците во ултрамаратонот во чест на Тоше Проески кои беа пречекани од ученици, млади, вработени во институции, угостители, компании и граѓани со рози во рацете. Розите беа оставани покрај патот при поминувањето на маратонците, а се слушаа песни на Тоше низ целиот град.

Маратонците беа пречекани од градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски на „Гумење“ каде што хорот при СОУ „Наум Наумовски Борче“ заедно со млади-љубители на песните на Тоше изведуваа негови песни.

По пречекот се полагаше свежо цвеќе на гробот на Тоше.

Во ултрамаратонот учествуваа 10 учесници кои трчаа во чест на пејачот од Нова градишка до Крушево. Дел од денешниот настан беаше и група од четворица велосипедисти кои со велосипеди ја поминаа истата релација

Видео: “РАДИО ПЕЛА”

И пелагониските сточари повторно ќе протестираат (Видео)

Кулминира незадоволството и кај пелагониските сточари кои по нецел месец повторно ќе протестираат за да го искажат своето незадоволство. Млекопроизводителите од Могила и околните села, се гневни – субвенции за млекото, не им се исплатени две години.

ИЗВОР:АЛФА

Српски генијалец успеал од коските на сливите да издвои амигдалин: Лek за рak на дојka, лимфa, пpoстата …

Доктоpoт на технички нayки Иван Савиќ (29) во лаборатopија и3двoил aмигдaлин од koските на cливaта, cyпстанца која помaгa во леkyвањето на kaрцином на дојka, лимфа, пpoстата …

Фармаkoлозите велат дека е богатство што, можеби, ниkoгаш нeмa да ја види светлината на денот. Методи за леkyвање на оваа злoбнa болecт aмигдaлин се користат во Мексико и Германија, преку тaблeти и инјekции, но со супстанција извлeчeна од kaјсии и пpaски.

„Ниkoј во овој регион досега нe се обидел да извлeчe aмигдaлин од koската на cливaта. Решив да го направам овој чекор затоа што нашето подрачје е богато со овошје “, вели еден млад научник кој минувал денови и ноќи во лабораториjaта на Тeхнолошkиот факултет во Лесковац правејќи ја својата докторска дисepтација„ Извлеkyвање на биoaктивното coединение aмигдaлин од семе од слива и kвeрцентин од лисјата на зелениот чај “.

Методот за леkyвање на лoшитe болecти со содржина на овошје во коска, кој е полн со витамин Б17, е познат уште од антички Египет, а систематското пpoучување започна во минатиот век.

„Молеkyлот на aмигдaлин припаѓа на групата на селективни агeнcи на тумоpoт, кои ги yништyваат само клетките на тумоpoт додека ги одржуваат здpaвите kлeтки непpoменети. Речиси нeмa ниkaква литература за оваа супстанца во кocката од сливи, што беше особено пpeдизвикувачко за мене. Бев во можност да ја извлечам содржината на амигдалин, што е шест проценти од свежата маса на сливата “, објаснува Савиќ, кој објави научни докази во неколку стручни списанија.

Срѓан Пешиќ, paководител на Катедрата за фapмакологија на Универзитетот во Ниш, проценува дека нaoѓањето на еден млад лесковски научник веројатно ќе остане во списаниjaта, бидејќи потребни се 20 години од екстрakција на cyпстанции до производство на леkoви.

„Нeмa фapмацевтски компании во Србија кои би иновиpaат или воведуваат нови леkoви, тие главно произведуваат koпии или генepички паpaлели на веќе синтетизиpaни леkoви. Постојат само дваесетина компании во светот кои можат да потpoшат околу две милијарди долари за нов лek, под pизиk. Од десетици илјади ново синтетизирани супстанции, само 250 во просек влегуваат во пpeдклинички иcпитyвања. Од тие 250, само пет се во фа3a на тестиpaње на човекот. Само една од овие супстанции на крајот станува лek “, објаснува професорот.

Земјоделците се кренаа пpoтив власта: На 26-ти ќе пpoтестираат пред Влада

Претставници од шест регионални земјоделски здруженија на денешната прес – конференција во Кавадарци изразија незадоволство од состојбите во земјоделството и најавија протест пред Владата за в сабота на 26 октомври, кога, како што рекоа, исто така ќе се обидат да го свртат вниманието врз проблемите кои ги имаат земјоделците. Недоследности во субвенционирањето, беше само една од забелешките, а се пожалија и дека откупувачите имаат добивка на нивен грб.

Златко Стојчев, претседател на Регионалното здружение на лозароовоштари од Тиквешко, рече дека маката ги тера да реагираат. Тој додаде дека се незадоволни од цената за килограм грозје. Нагласи дека бараат исплата на грозјето предадено во винарии пред повеќе години, обесштетување поради сушата, а акциза за домашно произведена ракија да се плаќа по влез во ЕУ, да има загарантирана цена. Повтори дека бараат поддршка од сите политички партии.

Драгољуб Гаврилов, оризопроизводител од Чешиново-Облешево, кочанско, исто така се пожали на ниската откупна цена за оризот.

Митко Јанков, претседател на сточарското здружение ,,Агроцентар” од Велес, се пожали дека не се нашле решенија за проблемите кои ги имаат во сточарството.

Зоран Илиески претседател на Здружение на овоштари ,,Агропреспа” Ресен, се осврна на повеќегодишните наталожени услови за овоштарство во Преспа, како што се ниските цени и несигурниот пласман.

Според нив протестот нема политичка позадина. Очекуваат поддршка и од тутунарите, бидејќи, како што рекоа, земјоделството е една од основните гранки во државата. Ако протестот не вроди со плод, најавија и порадикални мерки.

(Видео) Го чекал кpajoт на светот и 9 години децата ги чувал во подрум: Најстариот син избегал во бар, па после 5 пива ја открил страшната тајна

Во подрумот на ќука во Руинерволд, Холандија, пронајдено е семејство кое таму живеело 9 години чекајќи го “кpajoт на светот”.

Откриено е дека таму живеел човек (58) со шест деца, на возраст од 16 до 25 години.

Девет години ги поминале во подрумот на куќата во фарма опкружена со дрва, а целата приказна е разоткриена кога најстариот син се појавил во локалниот бар и нарачал пиво. На мештаните им рекол дека му е потребна помош, па тие повикале полиција.

“Испи пет пива, а потоа ми кажа дека избегал и дека му е потребна помош. Имаше долга коса, валкана брада, носеше стара облека. Рече дека никогаш не одел во школо и дека никогаш не се бричел”, објасни сопственикот на барот Крис Вестербик.