дома блог страница 3003

Aко октомври е натпросечно топол, ноември не очекуваат ниски температури, ни доаѓа и снегот

Полека, но сигурно поминува и втората половина од месецот октомври кој е многу стабилен, сув и многу потопол од вообичаеното.

–Според моменталните анализи кој ги направивме со помош на најпрецизните метеоролошки модели ноември месец во нашиот дел од Европскиот Континент ќе биде нешто постуден од вообичаеното со подпросечни температури на воздухот – објави Славо Попоски.

Поради ваквата состојба има услови во текот на месецот да се создадат услови и за првите врнежи од снег на пониските места низ државава.

Сепак и покрај ова повремено секако дека се очекуваат и потопли денови и јужно воздушно струење.

Битолчанец сними песна и спот за “Југо”: Заразен ритам и одлична мелодија (Видео)

Вчера во етер излезе видео записот за битолската песна на раперот Дарко Јоцковиќ – Шабац, посветена на легендарниот автомобил Југо, автомобил кој беше еден од најпопуларните на овие простори, а до 2008та година се произведуваше во фабриката “Застава” во Крагуевац во Србија.

Текстот за песната го напиша Шабац, снимена е во Гимел Студио, а видео записот го реализираше Дејан Трајчевски, а дронот го раководеше Агим Џело. Како модел во спотот се јавува Вероника Жежовска.

Aпасиев VS Арсовски: Вакво газење во живо на телевизија одамна не е видено? (Видео)

Дел од вчерашното телевизиско гостување на Димитар Апасиев од политичката партија Левица и политичкиот аналитичар Петар Арсовски, во емисијата “Само вистина” на “Канал 5 Телевизија”.

Доаѓа периодот на куќните слави: Домаќините никако не треба да ги прават овие работи

Иако во христијанскиот дух е да се одбележува скромно, последната деценија сведоци сме на вистински гозби кои се прават во чест на тој семеен празник, а неретко се случува домашните од тоа да направат вистински спектакл, па често викаат и трубачи за да го одбележат тој ден. Тоа е погрешно!

Тука се и подароците кои гостите ги носат на домашните, а кои од година во година се по луксузни, а понекогаш и чудни. Па затоа ви пренесуваме што вели црквата за подароците.

Прво треба да се појасни дека славата се одбележува во сеќавање на покојните. Исто така славата служи за духовно смирување и помирување со најблиските.

Тоа е доба кога, ако има некое недоразбирање, треба да се реши и на масата да се седне со духовен мир без гневно чувство спрема најмилите. Иако се вели дека славата ја почитуваат, но забораваат на најважната работа во врска со неа. На денот на славата, најважно е да се отиде во црква, да се причестите и да се исповедате, како во почетокот на годината ќе влезете со чиста душа, велат од црква.

Треба секогаш, но барем тогаш да се сеќаваме на светителот, којшто е наш семеен и домашен заштитник, покровител и застапник пред Бога. Тој е наш посредник до Бога.

Црквата ги празнува умрендените на светиите. Празниците се на денот кога тие се упокоиле во Господа, а не кога се родени. Денот кога го напуштиле овој живот, а не кога дошле на овој свет. Зошто?

Затоа што умренденот е раѓање за вечноста, за вечниот живот. Гробот е врата низ која минуваме од времениов во вечниот живот. Затоа умренденот е роденден за светиите. (Православната црква прославува само три родендени, на три личности: Господ Исус Христос, Богородица и свети Јован Крстител).

Затоа велиме дека тие се живи и ги прославуваме како живи, им се обраќаме, им се молиме, тие ни помагаат, чудотворат и живо дејствуваат и во нивниот духовен свет, но и во нашиот овоземен, материјален свет.

Свети апостол Павле вели дека и секое христијанско семејство е „домашна црква“(види: Рим. 16, 19). Тое е заедница на верата во Бога. А на славата, ние се собираме повеќе луѓе во чест на светителот и празникот, та правиме поголема и помногубројна од семејната заедница – значи претставуваме Црква, во името на Бога и на светителот.

Оттаму празнуваат и еснафските слави, земајќи свој празник сите што се од една професија. На пример: цариниците – свети Матеј; месарите – свети архангел Михаил; просветарите – свети Климент Охридски; лекарите – свети Наум Охридски и свети Пантелејмон и сл.

Тоа е пред сè духовен настан, којшто треба да се одбележи со израз на вера, надеж, љубов и молитва.

Името „слава“ значи славење на Бога и прославување на светите Божји угодници, преку благодарење за добрините што ни ги дал Бог и за помошта од светиите, како и наша молитва за натамошно нивно застапништво за нас.

Домашен празник (славата, крстено име или именден) не се одбележува само со богатото гоштевање, туку и со молитва, вера и со добри дела.

Јадењето и пиењето не се грев, но прејадувањето и опивањето или прекумерното расфрлање се гревови.

Црквата го благословува она што е во разумни граници, а другото го забранува.

Господ Исус Христос со апостолите ја празнувал Пасха, Тајната Вечера и сл. Значи, и нашиот Спасител Христос одбележувал празници и со тоа ни дал пример и нам и ние да ги одбележуваме празниците.

Славата претставува служба на Бога и служба на светителот. Како? Со славата ние му служиме на светителот и на Бога. Му принесуваме молитва, добра мисла и желба, добродетели, милосрдие, добар благослов и збор со благопожелби. Со славата ние искажуваме молитвено почитување на Бога, на светиите, но и на ближниот. Тогаш правиме и молитвен и побожен разговор, којшто е како молитва и богослужба.

Суштината на славите е во скромноста и затоа подароците не се скапи, бидејќи тоа не е потребно. Меѓутоа, современите луѓе се повеќе ги зголемуваат расходите за слава, па оние кои се погодени од еконмската криза повеќе сакаат да не ја слават славата, бидејќи не можат на гостите да им понудат пообилна гозба.

Тоа е голема грешка – славата треба да биде достоинствена и скромна, вели црквата.

Извор: “Република.мк”

(Видео) Ќе ви застане здивот! Петровиќ ловеше риби, а потоа започна неговиот најголем кoшмap

Австралјанецот Џо Петровиќ ловеше риби во близина на брегот, кога од од длабочините се појави голема бела ајкула долга 4 метри.

Петровиќ бил оддалечен околу 250 метри од чамецот, заедно со пријателот, но наместо да лови ќе станеше плен. На снимката на неговата камера се гледа како ајкулата прави неколку обиди да го нападне, но тој вешто се одбрани со пушката за подводен риболов.

(Видео) Трамп “го закопа” Макрон: Францускиот новинар му постави незгодно прашање, а еве што одговори американскиот претседател

Американскиот претседател Доналд Трамп е познат по тоа што нема “влакна на јазикот”, без разлика колку незгодно прашање ќе му постават новинарите.

Тоа го докажа и за време на средбата со француските новинари.

Новинарката ја искористи можноста да го праша американскиот претседател:”Зошто невработеноста во Америка е толку ниска, а во Франција има висок процент?”.

Трамп внимателно го сослуша прашањето и одговори во свој стил:”Па… можеби ние имаме подобар претседател отколку вие!”.

(Фото галерија) Шест познати македонски дами се coблекoa по гpaдници во поддршка на жените со pak на дojка

Биди храбра и погледни зад градникот! Тоа е пораката на шесте дами: Александра Илиева, Тамара Ристовска, Катерина Шехтанска, Дани, Татјана Стојановска и Искра Канзурова, кои со поддршка на Lisca одлучија да ги мотивираат сите жени да се соочат со предизвикот на борбата против ракот на дојката.

Нивната порака, сублимирана во кампања „Погледни зад градникот“ е со превенција и информираност, жените да го надминат стравот од неубавите предизвици на животот. Запознавањето со опциите за превенција и лекување на ракот на дојката е единствената опција да најдат храброст за себе и да ги охрабрат најблиските, во случај на предизвиците од оваа болест.

Шесте дами кои ја прифатија кампањата Lisca, сакаат да покажат дека секоја жена може да пронајде храброст во себе, да се погледне зад градникот, но и да им даде поддршка на оние кои веќе се соочуваат со болеста која опфаќа околу 10% од женската популација во светот.

Александра Илиева (музичар)

Дани Димитровска (музички артист)


Искра Канзурова (ТВ презентер)

Катерина Шехтанска (актерка)

Тамара Ристовска (актерка)

Татјана Стојановска (ТВ презентер)

“Аналитичарот Чкатроски “крахира” во прогнозите, но верува во чудо до 21 часот денеска”

Политичкиот аналитичар Даме Чкатроски најавуваше дека до вечерва Македонија ќе добие датум за преговори.

Чкатроски сметаше дека земјата ќе добие нови процедури и побрзи реформи, но дека сепак ќе се добие датум.

“Значи да повторам – Работата е готова. Имаме датум за отпочнување на преговори. (Одлуката) Ќе биде соопштена во петок до 21 часот. Ќе има измени во приемот и ќе се бара по цврсти и по брзи чекори”, напиша Чкатроски кој соработува со неколку меѓународни тинк-тенкови.

Сепак, иако денеска е веќе официјално дека Македонија нема да го добие посакуваниот датум за преговори со Европската Унија, прилепчанецот сеуште верува во чудо и вели дека денот ќе биде долг.

Ова беа деталите синоќа после завршувањето на првиот ден од Самитот на Советот на Европа во Брисел:

Крај на последните надежи за датум? Доцна ноќва не е постигнат договор, Макрон ја напуштил зградата од задната врата

А еве како минатата година во јуни се славеше “добиениот” датум за преговори:

“Името никогаш не беше единствен проблем”

Пишува Филип Георгиоски:

“Во 1993 година, Европскиот совет ги постави трите критериуми што една држава треба да ги исполни за да стане членка на европското семејство. Критериуми чии исполнувања подразбираат стабилна демократска влада којашто ги почитува законите и нивните соодветни слободи и институции.
Критериумите познати како “Копенхашки критериуми” се:
-Стабилни државни институции кои ќе гарантираат демократско функционирање на државата, владеење на правото, заштита на човековите слободи и права, како и заштита на малцинствата;
-Функционална пазарна економија која би се справила со конкуренцијата и пазарните сили во Унијата;
-Јавна администрација која е способна да ги спорведува и управува со европските закони во пракса.

Зошто не добивме датум?! Од каде да започнам?!

На 15 септември во Собранието се изгласа Законот за Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите. Со овој закон во системот паралелно постоеа две обвинителства без да се промени Уставот. Се дозволи специјалниот јавен обвинител да има огромна моќ, која нема да биде контролирана од никој. Дури и оние кои го поддржваа создавањето на овој закон, сметаа дека СЈО требаше да функционира како посебно обвинителство кое ќе биде вметнато во Уставот. Филмот наречен СЈО конечно заврши, а главниот актер е во затвор.
Уставниот суд не ја одигра својата улога во овој случај.

СЈО беше карцином кој започна да го уништува правосудниот систем, но тоа беше само почеток.

Следеше избирање на претседател во Собранието со грубо кршење на Уставот и Деловникот на Собранието.

Потоа се организираше референдум на кој што граѓаните гласаа, односно не гласаа, за промена на уставното име, а референдумското прашање се состоеше од три прашања срочени во едно. Поставено на овој начин прашањето беше двосмислено и нејасно, со што ги доведуваше гласачите во заблуда.
Неуспешниот референдум на кој гласаа само 36% од гласачите требаше да значи крај и правно погребување на т.н. “Преспански договор”. Да ве потсетам ли како заврши оваа приказна?
Гласањето за промена на Уставот против волјата на народот беше доказ дека во Македонија веќе не владее правото и правдата, туку дека тука владее хаос и безредие.

-Функционална пазарна економија која би се справила со пазарните сили во Унијата е вториот критериум што Македонија требаше да го исполни како би добила датум за преговори со ЕУ.
За жал македонската економија не може да се справи со притисокот на конкуренцијата внатре во Унијата. Доказ за тоа е и последната шлаканица од Светска банка. Односно, според најновата прогноза растот на македонската економија во наредните две години ќе биде под регионалниот просек.
Како што известуваат од Светска банка од Македонија се иселени половина милион граѓани или една четвртина од населението. Од нив две третини се работоспособни, а една третина се високостручни. Како што предупредија светските банкари “мора да се преземат чекори за да се спречи одливот на стручен кадар од земјава, бидејќи ќе се доведе под ризик целата економија, пазарот на труд, како и одржливоста на пензискиот и здравствениот фонд”.

И за крај е потребна способна јавна администрација која ќе може да ги преземе обрските кои ги носи членството во Унијата, да ги спроведува и управува со законите на ЕУ во пракса.

Ќе погрешам ли ако кажам дека администрацијата во Македонија е речиси целосно нефункционална?

Потребна е итна реформа и промена на менталната матрица на вработените во администрацијата. Потребно е создавање на департизирана и деполитизирана јавна администрација која ќе работи според начелото на транспарентност. Потребна ни е администрација која во центарот на своето работење ќе го има граѓанинот и остварувањето на неговите права. Тоа го немаме во моментов.
Зошто имавме толку големи очекувања кога знаеме дека не исполнуваме ниту еден од горенаведените критериуми за влез во Унијата? Кој и зошто ја создаде оваа илузија за граѓаните? Си “купуваше” ли Заев уште една година власт со минатогодишната лажна вест “која ја доби во авионот”?

Датум не добивме, а името го променивме. Се откажавме од историјата и идентитетот. Името никогаш не беше единствениот проблем, но штетата е направена.
Добивањето на датум ќе значеше дека Европската Унија не ги согледува реално поставените критериуми, туку дека донесува политички одлуки.

Франција не е нашиот непријател, нашата Влада е.

Време е за промени!

Фото: “Чија е војска? Нова верзија во Македонија?”

Вчера во касарната „Боро Менков“ во Куманово, Здружената оперативна команда (ЗОК), со воена свеченост ќе го одбележи денот на единицата.

Но на свеченоста се забележа дека војниците немаат ознака на униформите. Местото каде што треба да стои името на државата, беше празно.

Во јавноста беше излезена информација дека војниците во текот на работниот ден пред неколку месеци биле приморани со ножици амблемот Македонија да го извадат.

А, потоа да во една од изјавите на Претседателот да посочи дека има потпишано одлука за преиминување на армијата што автоматски значи тендер за нова униформа со амблемот на новото име на државата.

Но очигледно по вчерашната слика војниците се уште ја немаат новата униформа со новото име на државата, па се приморани стара да носат, со без име на државата на која служат.

Извор: “Курир”