дома блог страница 3002

(Видео) Камерите забележаа интересни детали во напуштената база во Сирија: Американците им оставиле чудни пораки на руските вojници

Руските новинари ја следеа руската вoeна патрола во посетата на напуштената американска база во предградието во Сирија и покажаа на јавноста што оставиле зад себе американските трупи по повлекувањето.

Меѓу новинарите беше и дописникот на официјалниот телевизиски канал на Министерството за одбрана на Русија. Тој го предводеше разгледувањето на базата, која е изградена пред околу 3 години на 7 километри од градот Манбиџ.

Во базата беа сместени околу 300 американски вojници и 15 возила со кои тие патролираа во оваа област.

“Изгледа Американците успеале да го евакуираат само opyжјето и возилата. Меѓутоа, се чини дека тие добро сфатиле кој ќе дојди да ги замени. Ширум базата се поставени различни пораки за Русите”, објасни дописникот кој покажа импровизиран цртеж со орел и со фраза “Америка следи- секогаш следи”.

Барем крпете убаво (ФОТО)

Фотографиите се испратени од наши читатели кои и забележуваат на општина Прилеп за начинот на кој ги санираат ударните дупки по улиците.

Ексклузивно: “УЖ стана член на ЕПП”

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ е примена за членка на Организацијата на жени на Европската народна партија (EPP Women) на Конгресот кој се одржува во Виена 18-19 октомври 2019.

На состанокот во седиштето на Австрската народна партија присуствуваат претседателката на Унија на жени, Благица Ласовска и секретарот за меѓународна соработка на Унијата, д-р Христина Рунчева Тасев.

Со овој прием, се заокружува вклученоста на сите структури на партијата во Европската народна партија, која е најбројната партија во Европскиот парламент и се потврдуваат европските аспирации на ВМРО-ДПМНЕ и придонесот на жените во креирањето на политики на европско ниво.

На Конгресот на женската секција на Европската народна партија е усвоена резолуцијата “Женски визии за подобра Европа” која се однесува на приоритетите за делување на Европската комисија во периодот 2020-2024 година.

(Видео) Руските пранкери си најдоа нов “Заев”: Го убедија гувернерот на Алјаска дека тој полуостров ќе го присвои Русија, а дека целата кампања ја води познатиот рапер

Руските пранкери Вован и Лексус успеаа да го убедат гувернерот на Алјаска, Мајк Данливиј, дека Русија има намера да го анектира тој полуостров.

Пранкерите Владимир Кузњецов и Алексеј Столјаров, на американскиот политичар му се претставија како поранешниот украински премиер Владимир Гројсман, слична тактика како и со Зоран Заев. Исто така, му се јавуваа и како украинскиот амбасадор во САД, Валериј Чалиј.

За време на разговорот успеаа да го убедат гувернерот дека Москва и Вашингтон “спроведуваат кампања” во која се вклучил и популарниот рапер “50 Цент”. Тој, наводно, пее песни во кои бара Алјаска да се припои на Русија.

Аирлија: Заев прифати предвремени избори

Зоран Заев на денешната прес-конференција во владата прифати да организира предвремени избори.

По дебаклот и недобивање на датум за преговори со ЕУ, реши да прифати и да организира предвремени парламентарни избори.

Тој рече дека на Македонија и се потреби брзи предвремени избори.

Следете ВО ЖИВО дали Заев ќе поднесе оставка и дали ќе има предвремени избори

Премиерот Зоран Заев ќе одржи прес конференција, прва по Самитот на ЕУ во Брисел на која ќе ги објави идните чекори, откако земјава не доби датум за почеток на преговори

Што има на нејзиното мени за јадење? Еве која е тајната за прекрасен изглед на Моника Белучи

Филмската дива Моника Белучи и во 55 година од животот ги привлекува погледите. Изгледа одлично, а за нејзиниот изглед како што вели италијанката заслужен е режимот на исхрана. Не вежба бидејќи тоа не е во согласност со нејзиниот начин на живот.

-Јас сум како зрела круша. Многу слатка и сочна. Одењето во теретана не е во согласност со мојот начин на живот. Да станам во пет наутро за да почнам да вежбам во теретана во шест? Не доаѓа предвид – вели Белучи.

Единствено нешто што го практикува Белучи е пливање, трчање на лента и јога. Четири пати неделно плива по 45 минути и уверена е дека тоа е најдобар начин за добра линија и здраво тело. Повремено оди на кик – бокс.

Еве го нејзиниот режим на исхрана

Ден 1

Појадок: 150 мл природен јогурт со јаболко

Ручек: 200 грама говедско месо, 200 грама зелена салата од зеленчук со 1 лажичка маслиново масло, едно парче пченкарен леб

Вечера: 150 грама ориз со една лажица маслиново масло и 50 грама рендан кашкавал, 150 грама салата од зеленчук

Ден 2

Појадок: шолја кафе без шеќер, тост и овошен мармалад

Ручек: омлет од 3 јајца, 2 мали варени тиквици, 1 парче интегрален леб

Вечера: 150 грама варено месо

Ден 3:

Појадок: една шоља зелен чај со лимон, тост со мед, грејпфрут

Ручек: 200 грама варен или печен компир, 100 грама сирење со ниска количина масти

Вечера: 170 грама шпагети со маслиново масло и домати, овошје

Ден 4:

Појадок: Јогурт со ниска количина масти со две лажици мед, 40 грама сирење

Ручек: 100 грама варен ориз, 100 грама тиквици, 100 грама говедско месо

Вечера: овошје, 200 грама риба, салата со маслиново масло, 1 парче леб

Ден 5:

Појадок: Чаша цеден сок, крекери

Ручек: 100 грама шпагети, зелена салата, портокал или грозје

Вечера: 250 грама зеленчукова салата со грав, овошје

Моника Белучи е висока 173 сантиметри, а тешка 58 килограми.

Во Македонија не успева, а килограм од оваа пиперка чини неверојатни 23.000 евра

Низ светот постојат различни сорти на пиперки но една посебно се издвојува. Станува збор за пиперката „Чарапита“ која потекнува од северниот дел на Перу. За да успее потребна е тропска клима и затоа многумина кои пробале да ја посадат не им успеала.

Се карактеризира со минијатурен изглед и интензивен лут вкус. „Лута е и цената од 23.000 евра за еден килограм па затоа може да се најде на менито на најлуксузните ресторани.

Роналдо заработува повеќе пари од Инстаграм отколку од плата во Јувентус

Кристијано Роналдо е еден од најдобрите фудбалери во историјата, па во текот на кариерата освен голем број рекорди, успеа да заработи и многу пари.

Во моментов Роналдо во Јувентус заработува околу 34 милиони долари, а интересно е тоа што Португалецот добива повеќе пари од рекламите на Инстаграм.

Португалецот на Инстаграм има 186 милиони фанови, кои му носат заработка од дури 47,8 милиони долари, што е навистина неверојатна сума.

“Миле Талески повикува на избори и нова победа?”

(Фејсбук статус на претседателот на Општинската организација на СДСМ од Прилеп и претседател на Советот на Општина Прилеп, Миле Талевски)

“Херојот на нашата генерација !!!

Човекот што ја врати слободата !!!

Продолжуваме напред, одлучно да ја градиме нашата Македонија во достоинствен дом за секој наш граѓанин.

Продолжуваме заедно напред.

Спремни сме за избори кога и да се случат.

Избори на кои ќе не’ предводиш во нова победа”, напиша Талевски.

Инаку под водство на Талевски, СДСМ ги загуби претседателските избори во Прилеп со освоени 18.567 гласови на контото од Пендаровски, наспроти освоените 20.147 на ВМРО-ДПМНЕ за Гордана Сиљановска Давкова.

Талевски потоа како и другите претседатели на општински ограноци на СДСМ беше разрешен од Заев, а веднаш потоа и одново именуван за прв човек на партијата во градот под Марковите Кули.