Битолчанец сними песна и спот за “Југо”: Заразен ритам и одлична мелодија (Видео)

Вчера во етер излезе видео записот за битолската песна на раперот Дарко Јоцковиќ – Шабац, посветена на легендарниот автомобил Југо, автомобил кој беше еден од најпопуларните на овие простори, а до 2008та година се произведуваше во фабриката “Застава” во Крагуевац во Србија.

Текстот за песната го напиша Шабац, снимена е во Гимел Студио, а видео записот го реализираше Дејан Трајчевски, а дронот го раководеше Агим Џело. Како модел во спотот се јавува Вероника Жежовска.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.