дома блог страница 3004

Тешка cooбpaќajka во населбата “Типски” во Прилеп: Се cyдpиja мопед и автомобил

Мотоциклист се здоби со тешки телecни повpeди во cooбpaќajка помеѓу мопед и автомобил.

Имено, вчера во 16.00 часот на крстосница од ул.„Кеј 19-ти Септември“ со ул.„,Борка Спиркоски“ во Прилеп се случи cooбpaќajна незгода помеѓу мопед „Томос“, со прилепски регистарски ознаки, управуван од С.К.(52) од Прилеп, и патничко возило „Рено Меган“, со скопски регистарски ознаки, управувано од С.С.(32) од Прилеп.

Во незгодата, мотоциклистот се здобил со тешки телecни повpeди и бил пренесен во Општата бoлницa Прилеп за укажување на лекаpcка помош.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Прилеп.

ФОТО: Бил кожа и kocки – Денес е sвep од 150 килограми и ММА бopeц

Мартин Форд, англискиот бодибилдер кој се испроба и во ММА, со својата сторија ги зачуди сите, бидејќи иако сега изгледа буквално како ѕвер со мускули, некогаш бил коска и кожа.

Тој како тинејџер се занималал со крикет, добил мононуклеоза и една година ништо не можел да прави. Тој по повредата по препорака, на докторите, влегол во теретана. Тогаш се заљубил во вежбањето и сега е ѕвер од 150 килограми, иако на 19 години имал само 73 килограми.

Што е тоа што мажот прво го забележува кај жена, а не е физичкиот изглед?

Она што прво го забележуваме кај спротивниот пол секогаш е физичкиот изглед, или барем детаљ од сѐ тоа. Но, што е тоа што еден маж прво забележува кај една жена, а нема никаква врска со физичкиот изглед?

Стручните лица и познавачите ги издвоија трите најбитни работи што еден маж ќе ги забележи кај една жена, кои немаат врска со физичката убавина.

Страст

Притоа, овде не се мисли на страста в кревет. Жените кои ја пронашле својата цел во животот на којашто се посебно посветени, се посебно привлечни за машкиот пол. Тоа може да биде работата, хоби или што било што ја прави среќна , па таа едноставно зрачи кога говори за тоа.

Изразете ја својата единственост и оригиналност и не се трудете да покажете колку сте слични нему, туку колку се сакате себеси.

Автентичност

Многу жени при стапување во љубовна врска ги жртвуваат своите погледи, ставови и сништа за да „се вклопат“ со оние на својот партнер. Тоа најчесто е погрешен начин за обид да го задржите, и сигурно нема да Ве направи посреќна во животот.

Цврстиот став, уверувањата, одлучноста и решителноста е тоа што Ве чини единствена, посебна и силна.

Женственост

Денешниот начин на живот често укажува на исклучителната важност на самостојноста, напорната работа и вреднувањето. Важноста на овие нешта е неспорна, меѓутоа кога жената ќе почне во сѐ да ја презема иницијативата и главниот збор, одлуките треба да се донесуваат во согласност со партнерот и – да му дозволите, барем малку, да Ве разгали… За заедно да го решите проблема.

Дозволете му да Ви отвори врата или да Ви го подаде капутот при облекување. Просто, покажете ја и својата понежна страна.

СЛЕДЕТЕ ВО ЖИВО: Прес конференција на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски

По последните случувања во Брисел и недобивањето на датум за почеток на преговорите со Европската унија, лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски закажа вонредна прес-конференција.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ќе се обрати до јавноста во 13:30 часот.

Премиерот Зоран Заев сè уште не дал изјава за јавноста по враќањето од Брисел. Според последните информации, во тек е средба со министрите во Владата.

“Инфомакс”: ЗАЕВ И ДИМИТРОВ ЌЕ СИ ПОДНЕСАТ OCTABKИ: Последни информации од Брисел – Заев најавил ocтaвкa, Димитров се поздравил со делегацијата

Зоран Заев ќе си поднесе оставка, дознава „Инфомакс“ од доверливи и добро упатни извори во СДСМ. Ваквата одлука на Заев доаѓа по неуспехот во Брисел и недобивањето на датум за почеток на преговори со ЕУ и покрај промената на државното име, договорот со Бугарија и Албанија

Од она што го дознава „Инфомакс“ од утринава во седиштето на СДСМ на Бихаќка состанати се сите потпретседатели на партијата кои се убедуваат да го премислат Зоран Заев да се откаже од намерата. Засега, претседателот на владејачката партија не ги прифаќа сугестиите на потпретседателите.

За намерата да си поднесе оставка, Заев ги информирал и дипломатите во Брисел.

Освен Зоран Заев, оставка најверојатно ќе поднесе и Никола Димитров, кој веќе се поздравил со делегацијата на МНР во Брисел, а пред членовите на истата изјавил „од понеделник повеќе не сум министер“, дознава „Инфомакс“ од извори во делегацијата.

Ова е втора најава за оставка на Димитров кој депонираше писмена оставка во МНР по неуспехот со „Илинденска“ и референдумот. Оставката според нашите информации е избришана од деловодните книги на МНР.

Извор: “Инфомакс”

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА НА МИЦКОСКИ: Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ќе се обрати на јавноста денес во 13:30 часот

По последните случувања во Брисел и недобивањето на датум за почеток на преговорите со Европската унија, лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски закажа вонредна прес-конференција.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ќе се обрати до јавноста во 13:30 часот.

Премиерот Зоран Заев сè уште не дал изјава за јавноста по враќањето од Брисел. Според последните информации, во тек е средба со министрите во Владата.

Одново нови вработувања во Здравствен дом Прилеп: Отворени две нови работни места

Јавната здравствена институција Здравствен дом – Прилеп, објави 2 огласи за вработување, и тоа за следниве работни позиции:

Помлад соработник за правни работи, Одделение за човечки ресурси, јавни набавки и архивско работење, Сектор за правно-административни стручни и општи работи

Општи услови

да е државјанин на Република Македонија, активно да го користи македонскиот јазик, да е полнолетен, да има општа здравствена способност за работното место, со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

Посебни услови

ниво на квалификациите VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Правни науки, со или без работно искуство во струката

Општи работни компетенции

решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг, учење и развој, комуникација, остварување резултати, работење со други/тимска работа, стратешка свест, ориентираност кон странките/засегнати страни и финансиско управување

Посебни работни компетенции

– активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
– активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски)

Паричен нето износ на плата: 23.600,00 денари

2. Референт – администратор шалтерски работник, Одделение за човечки ресурси, јавни набавки и архивско работење, Сектор за правно-административни стручни и општи работи

Општи услови

да е државјанин на Република Македонија, активно да го користи македонскиот јазик, да е полнолетен, да има општа здравствена способност за работното место, со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

Посебни услови

ниво на квалификациите V А или ниво на квалификации IV според Македонската рамка на квалификации и стекнати 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или најмалку вишо или средно образование, средно-економско или гимназија/Вишо економско, најмалку 1 (една) година работно искуство во струката

Паричен нето износ на плата: 14.992,00 денари

НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2019 год. се : Ром(ка) 1.

Тешка cooбpaќajka утрово во Прилеп: Воз yдpи во автомобил

Четири лица се повpeдени во железничка нecpeќа која се случи рано утрово во Прилеп. Нecpeќата се случила во 5.20 часот, на железнички премин кој се наоѓа во близина на железничката станица.

Патнички воз удри во возило „ауди“ во кое се превезувале пет лица. Патниците од автомобилот биле колеги кои утрината заедно патувале до своите работни места.

При обид да ја преминат пругата, во нив удрил возот, при што две лица се полесно повpeдени, а двајца потешко.

По извршено алкотecтиpaње на возачите не е утврдено приcycтво на алкоxoл кај возачите на локомотивата и возилото.

Истрагата сега е насочена да се открие причината за оваа железничката нecpeќа.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинитeлcтво Прилеп заедно со увидна екипа од Министерството за внатрешни работи утринава изврши увид на местото каде се случи железничка несреќа во која се повредени четири лица.

Надлежен јавен обвинител издаде наредби за фотографирање и скицирање на местото на настанот и за вршење на вонреден технички преглед на локомотивата од страна на машински инженер. Ќе се вештачи и рампата од железничкиот премин, во насока на утврдување на исправноста на нејзиното функционирање.

Сусамот крие мал милион чуда и помага за се’ и сешто: Толку ситно, а толку корисно

За лековитото дејство на сусамот против ќелавост, првут, забоболка, ишијас и нарушување на доењето знаеле уште старите Египќани, Асирците, Вавилонците, Индусите и Кинезите.

Семето на сусамот содржи висока концентрација на фитостерол, хемиска материја слична на холестеролот и која има моќ да го регулира нивото на холестерол во крвта, да го подобри имунитетот и да го намали ризикот од појава на одредени видови карцином.

Исто така, маслото од сусам помага против појавата на тромб, односно згрутчување на крвта, како и против долготраен запек. Оттука, тоа се препорачува за отстранување на цревните паразити, за чистење на цревата и за лекување на хемороидите. Во народната медицина, сусамот се користи во лекувањето на повреди, акни, чиреви, брадавици и изгореници.

Сусамот е многу богат со железо, а во него се присутни и други минерали, како: калциум, манган, бакар, магнезиум и селен. Од витамините, во сусамот има најмногу витамин Е, кој е моќен антиоксиданс, но тој е одличен извор и на витамин Б1, фолна киселина, пиридоксин Б6, ниацин и рибофлавин.

Понатаму, во него има сезамин кој е важен во заштитата на црниот дроб, како и лигнан кој ги намалува холестеролот и крвниот притисок, а го зголемува витаминот Е. Сусамот е делотворен против воспаленија и болки од ревматоиден артритис, како и при напади на астма. Најпосле, во азиските земји, сусамот се смета за силен афродизијак.

Сусамот најмногу се одгледува во Кина, Индија и Судан. Во Македонија, сусамот се одгледува на околу 1.000 хектари, а просечниот принос е 300-400 килограми од еден хектар, односно годишно се добива по 400 тони сусамово семе. Тиквешијата е главно подрачје за одгледување сусам.

Семето на сусамот содржи 45-60% квалитетно масло, кое се користи во производството на масло за јадење, маргарин и путер и како додаток на пекарските производи.

Како да знаеа што ќе се случи денеска: Не примаат во Европа, нема место (Видео)

К-15 како Симпсонови, пред време знаеле што ќе се случува во иднината. Погледнете го скечот во продолжение и ќе ви биде јасно: