дома блог страница 2998

Ако не сте знаеле, еве колку пари треба да добиете како К-15 до крајот на годината

Минимални 9.610 денари е сумата која работниците од приватниот сектор треба да ја добијат на сметки до крајот на годинава како К-15. Пресметките покажуваат дека сумата која ќе легне на контото на вработените за оваа година ќе се движи од 9.610 денари до 14.090 денари.

Вработените во јавните институции се уште немаат право на К-15 .

Услов кој треба да се исполни за регресот за годишен одмор е работникот да работел најмалку 6 месеци во календарската година кај ист работодавач. При состојба кога не е донесена одлука за висината работодавецот има обврска да ги исплати максималните износи предвидени со Колективниот договор на ниво на работодавец.

Доколку газдите не го исплатат регресот тогаш може да се соочат со високи глоби кои достигнуваат и до 4000 евра.

Цела палета вработувања во 3aтвop Прилеп – Аплицирајте!

Kaзнено поправната установа 3aтвop – Прилеп, денеска објави 5 огласи за нови вработувања.

Според огласите објавени на веб страната на Агенцијата за вработување се бараат: еден виш соработник, две лица како самостоен референт, едно лице како референт и еден советник.

Платата за виш соработник изнесува 24,400 денари, за самостоен референт со средно/земјоделско, ветеринарно, хемиски техничар или машинска насока 16,463 денари, за самостоен референт со економска или гимназиска насока-средно образование, исто така 16,463 денари, за референт 14,875 денари, а за советник 26,253 денари.

Огласите се активни до 05.11.2019 година.

Аплицирајте!

KPИBИЧHA ПPИJABA за прилепчанка на која и била пpoнajдена мapиxyaна

Надворешната кацеларија за kpиминалиcтички работи Прилеп поднесе kpивична приjaва пpoтив С.Џ.(40) од Прилеп, поради постоење ocнови на coмнение за стopeно kpивично дело „нeoвлacтено пpoизводство и пуштање во пpoмет на нapkoтични дpoги и пcиxoтpoпни cyпстанци и пpekypcopи“.

На 25.09.2019 на ул.„Беровска“ во Прилеп, полициckи cлyжбеници извршиле пpeтpec во домот на приjaвената, при што пронашле и одзеле мapиxyaна.

Милошоски: Има три начини Македонија да си го врати името

Пратеникотт на ВМРО ДПМНЕ, Антонио Милошоски во интервју за германскиот весник Франкфуртер АлгемајнеЦајтунг, во рамки на репортажата за ЕУ перспективите, Брисел, Макрон и Заев, истакна дека со потпишувањето на договорот од Преспа Граѓаните на нашата држава беа изманипулирани, бидејќи беа убедувани дека токму таа Спогодба ќе ни обезбеди членство во ЕУ.

Исто како и Вашата партија, ВМРО, и Вие консеквентно и натаму го користите државното име Македонија. Доколку Вашата партија победи на следните избори и ја формира следната Влада, дали таа Влада ќе се обиде да го поврати процесот на промена на името?

Милошоски: Има три можности на нашата држава да и го вратиме нејзиното име „Македонија„, но, сите се многу комплицирани. Една можност е Уставниот суд да ја поништи Спогодбата со Грција. Тоа би се случило врз основа на референдумот од минатата година, на кој немаше мнозинство за промена на старото име. Потоа, тука се и оние пратеници во нашиот парламент кои под принуда, закани и уцени, значи против нивната слободна волја, гласаа за промена на името. Тие се соочуваа со закани за затворски казни од страна на Специјалното јавно обвинителство или судии под контрола на власта ако не гласаат за промена на Уставот. Доколку по промената на Власта најдат храброст, јавно да проговорат за тоа и се обратат до државното обвинителство, би можело да се промени атмосферата и да се девалвира тогашното двотретинско мнозинство и повторно враќање на претходниот Устав.

Младите пингпонгари на “Младост 96” го покажаа својот капацитет: Медал за Давид Јоноски на првиот Телеком турнир за кадети

На ден 19.10.2019 година во Прилеп се одржа првиот Tелеком турнир за кадети/ки У-12, организиран од Пингпонгарската Федерација на Македонија и Пинг-понг клуб „Младост 96“ од Прилеп. Турнирот се одржа во спортската сала при СОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп.

ППК Младост96 како клуб кој традиционално негува пионерска школа, и оваа натпреварувачка сезона почна со освојување на медали. Давид Јоноски го освои третото место на турнирот, кој се бодува за ранг листите на федерацијата. Јоноски со три победи и еден пораз влезе во полуфиналето каде загуби од победникот на турнирот Александар Јакимовски од Крива Паланка.

Во финалето Јакимовски го победи играчот на Телеком-Нец2, Ненад Тиловски со 3-0 во сетови. Ова е огромен успех за младиот Јоноски и голем поттик за постигнување на понатамошни успеси. Останатите играчи на ППК Младост постигнаа одлични резултати, Николче Здравевски загуби во 1/4 финале токму од Давид Јоноски. Марко Стојаноски, Масимо Гически и останатите се младите надежи на клубот.

Наредниот викенд повторно во Прилеп се игра првиот Телеком турнир за пионери У-15.

Наредниот ден на 20.10.2019, во СОУ “Ѓорче Петров” во Прилеп се одржаа четвртото и петтото коло од Супер лига и Прва лига во пингпонг.

Екипата на “Младост96” забележа половичен резултат, односно една победа и еден пораз, пораз кој дојде во незгодно време и тоа пред градскиот дуел со “Младост” наредниот викенд, кој и по пет одиграни кола останува непоразен и е на чело на табелата.

Победа е извојувана против минатогодишниот шампион Вардар со резултат 4-1, а пораз од одличната екипа на ШампиониФА од Штип со резултат 4-1. Пoбедата против Врадар ја извојуваа Рикалоски со две победи, една Лашкоски и во игра на двојки.

“Да се надеваме дека тоа е само слаб ден на нашите играчи и дека во наредниот викенд ќе се прикажиме во вистинско светло и со добра игра ќе се обидеме да извојуваме победи против екипата која е со најголеми шанси за титула градскиот ривал Младост, како и против екипата на Работнички”, ни изјави претседателот на клубот Марјан Матракоски.

На табелата Младост и Шампиони ФА се без пораз додека на трето место се наоѓа екипата на Младост96 со еден пораз.
Наредниот викенд исто така во Прилеп ќе се одигра и 7-то коло од Супер лигата.

Доказ дека ништо не е случајно: Старец движејќи се покрај зграда, спси дете (ВИДЕО)

Дете паднало од втори кат од зграда во Индија. За среќа во тие моменти на улицата поминувал старец на велосипед со приколка. Детето паднало директно во количката и минало без посериозни повреди.

Човекот се изненадил кога го видел детето. Родители веднаш стигнале на местото на настанот и му се заблагодариле на староецот. Му објасниле дека ако не бил тој, веројатно нивниот син ќе загинел на лице место.

Во знак на благодарност, му купиле нова облека, храна и колачи за неговите деца.

Од полноќ нови цени на горивата: Ова е одлуката на Регулаторна

Од полноќ се намалува цената на бензините од денар до денар и пол, а цената на дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство останува непроменета.

Според денешната одлука на Регулаторната комисија за енрегетика, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по пониска цена за 1,50 денари, а ЕУРОСУПЕР БС – 95 за еден денар. Така, новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе биде 68,50 ден/литар, а на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 66,50 ден/литар.

Се намалува и цената на мазутот за 0,740 ден/кг во однос на претходно утврдената цена, односно отсега мазутот ќе се продава по цена од 32,954 ден/кг.

Новите пониски цени на бензините се должат на намалувањето на цената на бензините на светскиот пазар во изминатиот седумдневен период.

Заев: „Толку силно ќе го блеснеме нашето заедничко македонско сонце…“

По одржувањето на лидерската средба со коалиционите партнери во Владата на СДСМ, Зоран Заев синоќа помеѓу останатите типични политички флоскули за ЕУ интеграциите и покрај дебаклот на тој план, на негов досега нечуен начин изјави дека

“Толку силно ќе го блеснеме нашето заедничко Македонско сонце, кое што ќе побуди дополнителна позитивна дебата во ЕУ…”

Се надеваме дека ваквиот исказ на Зоран Заев нема да му ги наруши односите со неговите пријатели во Грција.

Од друга страна останува дилема дали ваквото скршнување со реториката е во функција на остварување на повисок политички рејтинг во очи на најавените предвремени парламентарни избори.

За волја на вистината се прашуваме дали Зоран Заев мисли на сонцето кое го брусеше од шахтите ширум Македонија?

Извор: bregalnicki.mk

Боксерскиот клуб “АC” од Прилеп со одлични резултати на Државното првенство (ФОТО)

На 19 и 20 октомври во Охрид, во спортската сала “Билјанини Извори”, се одржа Државното првенство во бокс во категориите: деца, кадети, јуниори и сениори.

Организатор беше Боксерската Федерација на Македонија и боксерскиот клуб “Алексо Огненовски” од Охрид. На ова превенство пријавени беа околу 140 боксери. Боксерскиот клуб “Ас” од Прилеп настапи со четворица боксери предводени од тренерите Ѓорѓи и Дарко Чатлески.

Во категоријата кадети +80 кг. Далибор Карафилоски го освои бронзениот медал, во категорија деца до 80 кг. Матеј Чатлески го освои сребрениот медал, а во кадети до 60 кг. Дамјан Талимче по победата во полуфинале ќе настапи во финале на следното боксерско коло што ќе се организира од БФМ.

Мартин Алексоски во категорија кадети до 54 кг. не настапи поради што во неговата категорија немаше пријавено други боксери.

“Ова е добар резултат за нашиот клуб, иако настапивме со двајца дебитанти во рингот на ова првенство. Имаме 3 медали од 3 боксери, а секако го чекаме и златото. Оптимистички гледаме во Дамјан Талимче за освојување на златниот медал, иако имаме еден доста јак противник во финалето. Ќе мора да се спремиме психички, физички и тактички. Се надеваме на златото. Морам да напоменам дека за прв пат на ова првенство се официјализираа и борбите во женска конкуренција. Во нашиот клуб имаме неколку добри и перспективни девојки кои од наредните кола во бокс ќе можат да го претставуваат нашиот град и клуб и да го докажат своето знаење во оваа племенита вештина”, истакна тренерот Дарко Чатлески.

Хумористичен Твит на деценијата

Видеото започнува со “шекспировски англиски” на премиерот, а завршува…па видете и сами со што: