Заев: „Толку силно ќе го блеснеме нашето заедничко македонско сонце…“

По одржувањето на лидерската средба со коалиционите партнери во Владата на СДСМ, Зоран Заев синоќа помеѓу останатите типични политички флоскули за ЕУ интеграциите и покрај дебаклот на тој план, на негов досега нечуен начин изјави дека

“Толку силно ќе го блеснеме нашето заедничко Македонско сонце, кое што ќе побуди дополнителна позитивна дебата во ЕУ…”

Се надеваме дека ваквиот исказ на Зоран Заев нема да му ги наруши односите со неговите пријатели во Грција.

Од друга страна останува дилема дали ваквото скршнување со реториката е во функција на остварување на повисок политички рејтинг во очи на најавените предвремени парламентарни избори.

За волја на вистината се прашуваме дали Зоран Заев мисли на сонцето кое го брусеше од шахтите ширум Македонија?

Извор: bregalnicki.mk




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.