дома блог страница 2999

Земјотpec почувствуван во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вчера вечер во 23 часот и 15 минути регистрирше земјотpec, чиј епицентар се наоѓа 115 km југозападно од Скопје во соседна Албанија.

Неговата Рихтерова магнитуда изнесува 3.1, а беше почувствуван од населението во западните делови на нашата земја со интензитет од III степени,според Европската макросеизмичка скала.

Нeoдoливo! Зapина и Лена ја пeaт “Oj ти момче oxpиѓанче” (Видео)

Нејзе ја паметиме по прекрасните изведби на македонски песни од планинските височини, а сега испеа песна и со малата Лена.

-Садам здраво семе / здрави фиданки – зошто сакам дебела сенка во подоцнежни години! Ова е Лена – има само 5 години 🙂 Се декларира како мој фан, во слободно време ги слуша и ги знае сите песни што ги пејам а тоа е неизмерна радост за мене, па ја користам приликата што ми ја дава со близина за едукација (здрави програми и насоки). За едно 10тина години од сега, ви ветувам ново видео каде ќе сме на иста голема сцена заедно (… ќе пееме традиционална музика, се разбира! Убав ден ви сакаме со “Ој ти момче Охриѓанче”, напиша Зарина Првасевда на својот Фејсбук профил.

Eве какво време не очекува оваа недела

Продолжува периодот на претежно сончево и топло време. По одделни котлини ќе има услови за слаба утринска магла информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Цела недела нè очекува сончево и топло време. До среда максималните темеператури ќе изнесуваат до 29 степени Целзиусови. Со високи темеператури ќе го дочекаме и наредниот викенд.

Утринските температури ќе бидат во постепено опаѓање, ќе се движи од четири до 14, а дневната од 21 до 30 степени.

Во Скопје, сончево и топло. Утринската температура ќе се спушти до 10, а дневната ќе се искачи до 28 степени.

Жените родени во овие хороскопски знаци се најголеми заводнички

Ове четири хороскопски знаци важат за најголемите заводнички во Зодијакот.

Овен

Жените родени во овој хороскопски знак сакаат да победуваат. Кога посакуваат некој маж, нема да дозволат некоја друга жена да го освои.

Лав

Лавиците здрачат со самодоверба и секогаш се подготвени за акција. Каде и да се појават, привлекуваат внимание. Нема маж кој нема да „одлепи“ по нив. Во љубовта се подготвени да дадат сè.

Скорпија

Скорпиите се безобразни кога треба да бидат, а фини и нежни кога ќе проценат дека така е правилно. Тие нема да ви ветат нешто што нема да го исполнат.

Рак

Раковите имаат сосема друга тактика и се опасни задоводнички. Мажот може да зборува за сите свои стравови, желби, успеси и падови со неа, а таа ќе слуша, ќе покаже разбирање и така ќе се смести во неговото срце.

Храна која ќе ви ја yништи желбата за цигари

Земањето додатоци со потекло од рибино масло, во форма на омега-3 масни киселини, може да ви помогне да ги оставите цигарите.

Едно истражување на израелски научници, кои во текот на експериментот на пушачите им ги давале омега-3 масни киселини, покажало дека пушачите кои учествувале во него, во просек пушеле 10 отсто помалку цигари, додека оние кои во тој момент, престанувале со пушење, чувствувале помала желба да пушат.

Научниците, потоа, вистинскиот ефект на омега-3 киселини го споредиле со групата на која и давале плацебо, а во која испитаниците не го намалиле бројот на испушени цигари дневно.

Недостатокот на омега-3 масни киселини, инаку, е чест кај хроничните пушачи. Тоа доведува до оштетување на нервните клетки и врската помеѓу нервите во делот од мозокот одговорен за контролирање на желбите, а тоа објаснува зошто овие додатоци можат да влијаат на намалување на потребата за цигари.

Докторката Шарон Рабиновиц Шенкар, од Универзитетот во Хаифа, вели дека резултатите од истражувањето покажале дека омега-3 масните киселини се добар сојузник во оставањето цигарите, бидејќи за разлика од многу други лекови не предизвикуваат несакани ефекти.

Затоа, на оние кои се обидуваат да престанат со пушењето, им се препорачува да јадат храна, која ги содржи овие киселини, како скуша, сардини, лосос, ореви, сончоглед и маслиново масло.

Виcока пpeдност за ВМРО-ДПМНЕ на нajновата евpoпcка анкета која излезе после лидepcката cpeдба

ВМРО-ДПМНЕ води со 6% пред СДСМ според европските мерења на рејтингот, дознава „Инфомакс“ веднаш по лидерската средба.

42,6% ВМРО, наспроти СДСМ 36,6%, според Europe Elect е резултатот кој зборува за разликата во гласови која ја најави Мицкоски од 100.000 гласа пред СДСМ. Анкетата е направена од 14 до 17 септември годинава, кога граѓаните беа со најголеми очекувања и поддршка за владата на Зоран Заев пред одлуката за датум за преговори – пишуваат од “Инфомакс”.

Според експертите, оваа разлика е сега дури и поголема ако се земе во предвид дека по направената анкета се случи и фијаското во Брисел кое дополително ги сруши рејтинзите на владјеачката СДСМ и Зоран Заев – додаваат од порталот.

Девет сочни и крцкави мезиња со компири

Компирите се една од основните состојки на повеќето јадења на нашето поднебје. Со оглед на тоа дека оваа градинарска култура одлично успева кај нас, тие се достапни и евтини, а рецептите со компири ги има во изобилство.

Овие девет рецепти со компири на Tasty се одлични за мезиња, но може да ги послужите и како прилог во оброк.

Лидерите се договорија: Избори на 12 април

Лидерите одлучија, предвремените парламентарни избори ќе се одржат на 12 април. Техничката Влада ќе биде формирана на 2 јануари наредната година.

“Курир”: Добиени 100 дена техничка влада, Заев си оди од премиерско место, во игра избори крајот на март или април

Добиени 100 дена техничка влада, премиерот Зоран Заев си оди од премиерско место, а во игра избори крајот на март или април, е последната информација која ја сподели порталот Курир од лидерската средба во Вила Водно.

Фото: “Мост каков што нема никаде на светот пронајден во Прилеп?”

Фотографија од импровизирано мовче на каналот од Дабничка река во Прилеп. Ако имате “поубави” и “поуникатни” во вашите градови, испратете ни да ги споредиме со овој нашиов прилепски мост.