дома блог страница 2997

Српскиот пејач откри зошто се скарал со сопругата на денот на свадбата: Морав да попуштам

Српскиот пејач Љубомир Перучица пред неколку дена заплива во брачните води и ѝ го кажа судбоносното „да“ на својата партнерка, водителката Катарина Колозеус.

По нивната свадба започнаа да се шират многу шпекулации, па сега парот откри дали е точно дека се скарале на свадбата.

-Не е баш кавга, само не се согласивме. Тој мораше да попушти, немаше друг избор, вели Катарина.

„Да, немав избор. Јас сакав таа да го земе моето презиме, а таа сакаше да го задржи своето презиме и да го додаде моето, околу тоа не се согласивме“ објасни Перучица.

-Не, јас имам многу добро презиме, никој го нема и ми беше жал да се ослободам од него. Сега сум и Колозеус и Перучица, вели водителката.

Без конкуренција: Никој не може да им одолее на жените родени во овој хороскопски знак

Станува збор за жените Близнаци. Дамите родени во овој знак се љубопитни, комуникативни, духовити и едноставно брилијантни. Едноставно не постои отворање на изложба, театарска премиера или каков било друг значаен настан што тие би го пропуштиле. Затоа и овие жени често се вработуваат во областа на медиумите за масовна комуникација.

Тие се непредвидливи и својата социјална и љубезна маска можат многу брзо да ја заменат со дистанцирана и арогантна. Жените Близнаци од својот потенцијален партнер бараат ментална компатибилност, со цел да им го задржат вниманието, бидејќи не дозволуваат игри со своето тело од страна на личност што не е способна да ги предизвика интелектуално.

Нивната непрекината желба за новини има негативно влијание на буџетот и често води кон ексцентричен изглед што истовремено е и резултат на егзибиционизмот што е типичен за Близнаците. Тие постојано ги прилагодуваат своите потреби, а истото се обидуваат да го направат и со партнерот. Промената е важен дел од нивниот живот, како и од психолошкиот развој.

Тие се спремни да го употребат сето „женско оружје“ – целиот шарм и привлечност со цел да го добијат тоа што го сакаат. Овие дами лесно се заљубуваат и затоа тежнеат кон идејата да имаат повеќе љубовници одеднаш. Лесно започнуваат разговор, посветени се на своите цели и способни се со шарм да ги маѓепсаат сите што ќе бидат во нивна близина. Тие се нешто како љубовен пијалак- штом ги пробате, веднаш ќе полудите за нив!

Поранешната сопруга на Кајмаковски ќе ја претставува Македонија на “Мис Глуоб”: Погледнете за каква убавица станува збор (Фото)

Кристина Димитријевска (23) од Тетово вечерва ќе ја претставува Македонија на финалето за изборот на „Мис Глоуб“ за 2019 годин, кое по 47. пат по ред ќе се одржи во Улцињ, Црна Гора.

Димитријевска, инаку позната и како поранешна сопруга на пејачот Даниел Кајмакоски, е членка на модното студио „Црнокрак“, кое ја има лиценцата за Македонија за овој интернационален избор за убавина.

Таа веќе три недели е во Црна Гора каде заедно со уште 50 учеснички и со Мики Црнокрак, шефот на македонската делегација, се подготвува за вечерашното финале.

ФОТО: Инстаграм/https://www.instagram.com/kristina.dimitry/

Дoктopката xepoj за која зборува целиот регион: Детето не давало знаци на живoт, а таа го cпacила

Вистинска дpaма се одвивала минатата недела во Домот за здравје во Подгорица. Мајка заедно со комшијата донесле дете кое не давало знаци на живот.

Црна Гора, но и целиот регион изминатите денови зборува за докторката педијатар Алма Драшевиќ која успеала да го врати во живот детето, кои според пишувањето на медиумите проголтало шаховска фигура и не давало знаци на живот.

Како што кажала докторката, минатиот четврток околу 19:00 часот во Домот за здравје на Стариот аеродром во Подгорица, мајка заедно со комшијата го донела своето дете кое не давало знаци на живот.

“Детето на возраст од една година и пет месеци проголтало шаховска фигура. Бидејќи детето беше веќе mpтво, немав прилика да размислува што да направам. Во тој момент знаев само дека морам да го извадам страното тело, затоа што секоја секунда беше драгоцена. За среќа, успеав да ја вовлечам раката, да ја стиснам дланката за фигурата да не го оштети ѕидот од хранопроводот и ја извадив фигурата”, рекла Дрешевиќ.

„Во тој момент знаев дека детето е спасено. Итната помош веќе беше на пат, срцето работеше, а детето дишеше. Мислев дека можеби ќе биде на респиратори. Добив информација дека детето во средата било отпуштено од болница. Најголемо задоволство во животото ми е дека детето преживеа“ додава докторката.

Рецепти за лазања на кои не можете да им одолеете

Тестенините се омилено јадење за многумина од нас, а комбинации има безброј. Лазањата е посебно уживање, а може да ја направите со многу видови сосови.

Она што е најважно за добра лазања е начинот на кој ја редите, па инспирирајте се од овие рецепти на Tasty на кои никој не може да одолее.

(Фото) Вака во Индија ги спречуваат студентите да препишуваат

Факултет во Индија се најде на мета на критики откако професорите им наредиле на студентите да стават картонски кутии на глава како не би можеле да препишуваат.

Овој “инцидент” се случил на факултетот Багат Пре, а од управата на факултетот се извинија пред медиумите откако сфатија дека овој бизарен потег се рашири на социјалните мрежи.

Село во кое живеат само жени: Бараат ергени кои ќе се доселат (Видео)

Ова е селото Ноива де Кордеиро, место во јужен Бразил каде живеат само жени. Според сторијата која кружи низ светските медиуми, во селото живеат околу 600 жени и повеќето се на возраст помеѓу 20-35 години.

Жителите од околните места ги опишуваат жените како “дами со импресивна убавина”.

Поради недостаток на мажи младите жени упатиле апел, повикувајќи дека сите сакаат да се преселат во нивното село доволно мажи кои ќе ги задоволат нивните потреби.

3aгpижyвачки бројки, на Пелагонија и се зakaнува бела чyмa, Прилеп нajпогоден

Државниот завод за статитстика пред неколку дена го објави својот статистички годишник, во кој според нивните податоци во текот на изминатата година во Прилеп биле регистрирани 74 647 жители, 5 496 во Кривогаштани, 14 135 Долнени, а во Крушево 9 327 жители – објави “Радио Пела”.

Во текот на изминатата година во Пелагонискиот регион биле родени 1.962 живородени деца, а починале 2 914 лица. Природниот прираст во Пелагонија е негативен и изнесува 952 лица помалку. Во текот на 2018 година во Пелагонискиот регион склучени биле 1288 бракови, а регистрирани се 216 развод.

Според Државниот завод за статистика, во Прилеп минатата година родени се 681 дете, а починале 936 лица. Во Кривогаштани имало 35 живородени деца, а yмpeле 83 лица. Во Крушево бројот на живородени деца во 2018 г. е 87, а починале, во истиот период, 116 лица. Во Општина Долнени во текот на 2018 регистирани се 172 живородени деца, а бројот на починати лица изнесувал 152.

Ова говори дека природниот прираст во овие општини е негативен, зашто мopталитетот на населението е поголем од наталитетот. Дали белата чума е закана за Пелагонискиот регион?!

Што се однесува до склучените бракови во Прилеп минатата година се склучиле 385 бракови, во Крушево 56, во Општина Кривогаштани регистирани се 26 бракови во 2018г, а во Општина Долнени 92 брака.

Извор: “Радио Пела”

БOЖЈO ЧУДO: Погледнете како пчелите покажуваат почит и лоjaлност кон иконите

Во регионот Капандрити кај Атина се случила прекраснa глетка. Пред десет години, еден побожен пчелар по име Исидорос Тиминис помислил да ја стави икoната на Рacпетието на Господ во една од неговите кошници.

Набргу потоа, кога ја отворил кошницата, тој беше зачyдeн, пчелите покажале толку голема почит и лојалност кон иконата затоа што ја „извезувале“ со восок, а сепак лицето и тeлoто на Господ го оставиле откpиено. Оттогаш, секоја пролет, тој ги ставал икoните на Спacителот, Богородица и светците во кошницата, а резултатот бил секогаш ист.

-Еднаш донесов рачно насликана икона на манастирот, што претставуваше Гoлгoта со три кpста. Пчелите ја „украсија“ целата површина на композицијата, оставајќи го јасно видливиот кpcт на Исyс Христос и покaјничкиот paзбојник од десно, додека paзбојникот од лево на кpcтот беше покpиен со дебел слој восок, вели тој.

-Последен пат кога отидовме, ја ставивме икoната на Свети Стефан пpвoмаченик на архиѓакoнот, чие име го носи нашата скpoмна куќа. Како што можете да видите од сликата што ја објавивме овде, целата икoна е воcoчена, оставајќи го изложено лицето и телото, додава пчеларот.

Победа гocтуваше во Пехчево, еве го peзyлтатот

Фудбалерите на Победа во вчерашниот меч од 9-тото последно коло од првиот круг на шампионатот на Втората лига-Исток несреќно загубија од домашниот состав на Кит-Го со 2-1, полувреме 1-0. За волја на вистината домашниот тим во најголем дел од натпреварот ја имаше теренската надмоќност и организираше напади кои исто така во голем дел беа стихијни.

Во дефанзива црвено-белите 90 минути одолеваа на нападите на Кит Го кои се одвиваа главно по страничните позиции со нафрлени топки во казнениот простор пред голот на денес навистина одличниот наш голман Иванов кој имаше барем 4-5 бравурозни интервенции и беше најдобриот играч на теренот.

Победа поведе по осмислена акција во 42-та минута по соло пробивот на Каралиоски кој додаде до Б.Наумоски овој со пета ја продолжи топката до младиот 17-годишен Давид Јошески кој со одмерен удар го најде патот на топката до мрежата од голот на Пашовски за свој гол првенец во сениорска конкуренција.

Победа испушти шанса се чини да ја обезбеди победата за 0-2 во 80-тата минута кога Дарио Наумоски од 35 метри биеше силно обидувајќи се да го изненади истрчаниот Пашовски но играчот на Победа немаше среќа затоа што неговиит удар заврши на пречката од домашниот гол.

Претходно домаќините бараа пенал во 75 минута по една нафрлена топка пред голот на топката и бурно реагираа кај младиот судија Ѓуровски кој се чини и подлегна на нивните притисоци не досудувајќи повеќе очигледни прекршоци особено во воздушните дуели над Ристески. Но на спротивната страна досуди непостоечки прекршок од него во 90-тата минута по кој од прекин Кит Го израмни на 1-1.

Во таа ситуација изостана реакција на комплетната одбрана на Победа-буквално никој не скокна на центаршутот дозволувајќи му на домашниот стопер Христов малку да ја зафати топката со глава но сосема доволно таа да го смени правецот и заврши во гостинската мрежа. Длабоко во покажаното судиско надополнување од 5 минути домашниот состав стигна до победата.

Најпрвин беше дозволено изведување на аут барем 10-тина метри од таму каде топката го напушти теренот, за по голема мешаница пред голот на Победа и по истек на тие 5 минути продолжение со многу среќа откако најпрвин енергично одмавнуваше со рака дека нема гол по ударот на Синев но по сугестија на првиот помошник Џиковски, кон кого а и во теренот полетаа од домашната клупа, главниот судија Ѓуровски покажа на центарот за домашно водство и победа од 2-1.

Во секој случај пораз кој многу тешко има падна на црвено-белите кои по мечот со Тиквеш кога во судиското продолжение загубија 2 бода, денес за 5 минути испуштија голема победа. Но мора да се признае дека како и на повеќето мечеви одбраната е на испит во најголем дел од дуелот а изостанува помошта од средишните фудбалери, за да задржат топка, понесат према напред, креираат одредена акција кон противничката половина, особено денес кога гостинските штопери беа на половината на Победа.

Повторно со многу паника и без одиграна смирена топка во нога, едноставно да се задржи поседот, малку обраната да одмори а низ смислена комбинаторика да се пренесе тежиштето на играта подалеку од сопствениот гол-евентуално да се одигра некоја пооопасна акција во нападот.

Победа:Иванов, Д.Наумовски, Магловски, Најдовски, Колески, Дунимаглоски, Вецески, Јошески (од 75 мин Петровски), Каралиоски (од 54 мин Ристески), Б.Наумоски (од 84 мин Гешоски) и Х.Митрески.

Резултати 9 коло:Кит Го-Победа 2-1, Тиквеш-Беласица 1-2, Брегалница-Кожуф 3-0, Осогово-Саса 2-5 и П.Гули-Плачковица 0-1.

Табела: Беласица 22, Кожуф и Тиквеш по 20, Брегалница 18, Кит Го 15, Саса и Плачковица по 10, Победа 7, Осогово и П.Гули по 3 бодови.

Двојки за следно 10 коло-сабота 26 октомври 14,30 часот : Саса-Победа, Тиквеш-Кожуф, Беласица-Кит Го, П.Гули-Осогово и Брегалница-Плачковица.