дома блог страница 2996

Стара црква одново ќе го добие стариот автентичен лик: Храмот ќе биде ист како во 1838 година

Црквата Свето Благовештение во Прилеп или кај народот позната како Стара Црква го враќа стариот автентичниот лик на фасадата кој потекнува од 1838, односно од времето кога истата е и изградена. Во моментов надворешниот дел на црквата беше покриен со бела боја и малтер кој ја криеше уникатанта архитектура и стил на градба на црквата каков што имале православните храмови на овие простори уште во 16 и 17 век – oбјави “Инфо Компас”.

„Црквата претставува навистина едно уникатно ремек дело, како по својата градба така и по својата внатрешност, односно иконостасот кој е стар скоро 180 години и иконите кои се наоѓаат на него. Со наши средства од црквата сега го враќаме автентичниот надворешен изглед, а додека претходно исто со средства од црквата беше вратен внатрешниот оригинален изглед на ѕидовите во храмот. Иисто така комплетно беше променет и подот со гранитни плочки кои се вклопуваат во целиот ентериер на храмот“, истакна Илчо Смилески, старешина на црквата Свето Благовештение за порталот.

Целиот прилог погледнете го ТУКА

Инстаграм воведе нова опција: Од наредниот месец бидете внимателни

Instagram воведе функција за лажни вести за да го спречи нивното ширење.

Новата функција има за цел да го спречи ширењето на лажни информации.

Функцијата false information(лажни информации) ќе се користи за објавите кои се откриени и селектирани како лажни, а за тој процес ќе бидат задолжените вработените на Instagram кои ќе ги проверуваат вестите.

Новата функција ќе биде достапна на социјалната мрежа во текот на наредниот месец, а истата ќе се појавува и на Instagram stories како и на објавите на почетната страна на Instagram, news feed.

Корисниците ќе можат да ја видат лажната вест доколку ја одберат опцијата see post(види ја објавата).

Instagram ќе ги предупреди корисниците кои се обидуваат да ја споделат објавата која претходно е означена како лажна.

Пред да ја споделат објавата, ќе бидат предупредени дека таа објава содржи лажна информација, а ќе им биде испратен линк со подетални информации.

(Видео) СДСМ ВО PACПАД: Високи функционери порачуват, се гледаме во некои подобри времиња

Владеачката партија СДСМ е во распад, по низата ckандали околу аферата рекет и целосниот дебакл во Брисел со недобивањето на датум за преговори со Европската Унија. Членовите на СДСМ и со право се гневни на Зоран Заев и раководството со оглед на изневерените очекувања.

Сепак она што е многу важно е дека ова се случува само само два месеци пред формирањето на техничка Влада, и набрзо откако ќе бидат распишани предвремените парламентарни избори. Игор Трајчевски потпретседател на СДММ на својот Фејсбук профилт отворено порача дека се трга настрана и во брзо време нема да биде активен член на СДСМ.

-СДСМ „фала ти за се“. Ќе се сретнеме повторно, во некои подобри времиња, напиша Трајчевски на Фејсбук.

Трајчевски со години е дел од највисокото раководство на партијата, особено откако Зоран Заев е претседател на СДСМ. Тој покрај тоа што бил потпретседател на младинската организација на СДСМ бил член и на Централниот одбор како и извршниот одбор на партијата. Неговата матична Општинска организација е Ѓорче Петров каде со години е активен.

Од она што можеме да го дознаеме за него е дека тој бил многу активен за време на „шарената револуција“, каде на повеќе локации и во повеќе градови дури држел и говори.

Извор: “Инфомакс”

Речиси секојдневна појва: Облаци од чад под Маркови Кули секојдневно ги тpyjaт прилепчани (Фото)

Речиси секојдневна слика од регионот на Дабница во Прилеп. Црни облаци од чад се издигаат над градот и ги тpyjaт прилепчани.

Погледнете:

Peпepтоap на нapoдниот тeaтap “Војдан Чepнодрински” Прилеп: 5 пpeтcтaви до крajoт на мeceцот

Репертоар на театарот “Војдан Чернодрински”-Прилеп

24.10.2019 – 20.00 часот /четврток/ „Семејни приказни“, режија Милош Б. Андоновски

25.10 2019 – 20.00 ч. /петок/ „Пиреј“, режија Љупчо Ѓоргиевски

29.10 2019 – 20.00 ч./вторник/ „Глембаеви“, режија Бранко Брезовец

30.10. 2019 – 20.00 часот /среда/ “Глембаеви“, режија Бранко Брезовец

31.10.2019 – 20.00 часот /четврток/ „Семејни приказни“ , режија Милош Б. Андоновски

Резервации на влезници на 076 442 378

ЈА СУМ МАКЕДОНЕЦ: Со ниту еден договор не може да ми забpaните да се пишувам Македонец од Македонија

– Ниту еден договор мене не може да ми забрани да сум Македонец којшто говори македонски јазик и сум од Македонија.Јас многу пати сум го кажувал тоа дека со ниеден договор никој од нас не е обврзан да ја користи новата придавка, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ , Христијан Мицкоски во своеот гостување во емисијата „КланаДебата“.

Претседателот Мицкоски во своето гостување потсети дека ВМРО-ДПМНЕ предупредуваше дека ова ќе се случи, а имено и потсети дека Заев се колнеше во жицата, злоупотребуваше најмилото дека нема да го промени името на Република Македонија.

РКЕ ги соопшти новите цени на горивата

Petrol pump
Petrol pump

Од синоќа се намали цената на бензините од денар до денар и пол, а цената на дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство останува непроменета.

Според денешната одлука на Регулаторната комисија за енрегетика, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по пониска цена за 1,50 денари, а ЕУРОСУПЕР БС – 95 за еден денар. Така, новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе биде 68,50 ден/литар, а на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 66,50 ден/литар.

Се намалува и цената на мазутот за 0,740 ден/кг во однос на претходно утврдената цена, односно отсега мазутот ќе се продава по цена од 32,954 ден/кг.

Новите пониски цени на бензините се должат на намалувањето на цената на бензините на светскиот пазар во изминатиот седумдневен период.

Српскиот пејач откри зошто се скарал со сопругата на денот на свадбата: Морав да попуштам

Српскиот пејач Љубомир Перучица пред неколку дена заплива во брачните води и ѝ го кажа судбоносното „да“ на својата партнерка, водителката Катарина Колозеус.

По нивната свадба започнаа да се шират многу шпекулации, па сега парот откри дали е точно дека се скарале на свадбата.

-Не е баш кавга, само не се согласивме. Тој мораше да попушти, немаше друг избор, вели Катарина.

„Да, немав избор. Јас сакав таа да го земе моето презиме, а таа сакаше да го задржи своето презиме и да го додаде моето, околу тоа не се согласивме“ објасни Перучица.

-Не, јас имам многу добро презиме, никој го нема и ми беше жал да се ослободам од него. Сега сум и Колозеус и Перучица, вели водителката.

Без конкуренција: Никој не може да им одолее на жените родени во овој хороскопски знак

Станува збор за жените Близнаци. Дамите родени во овој знак се љубопитни, комуникативни, духовити и едноставно брилијантни. Едноставно не постои отворање на изложба, театарска премиера или каков било друг значаен настан што тие би го пропуштиле. Затоа и овие жени често се вработуваат во областа на медиумите за масовна комуникација.

Тие се непредвидливи и својата социјална и љубезна маска можат многу брзо да ја заменат со дистанцирана и арогантна. Жените Близнаци од својот потенцијален партнер бараат ментална компатибилност, со цел да им го задржат вниманието, бидејќи не дозволуваат игри со своето тело од страна на личност што не е способна да ги предизвика интелектуално.

Нивната непрекината желба за новини има негативно влијание на буџетот и често води кон ексцентричен изглед што истовремено е и резултат на егзибиционизмот што е типичен за Близнаците. Тие постојано ги прилагодуваат своите потреби, а истото се обидуваат да го направат и со партнерот. Промената е важен дел од нивниот живот, како и од психолошкиот развој.

Тие се спремни да го употребат сето „женско оружје“ – целиот шарм и привлечност со цел да го добијат тоа што го сакаат. Овие дами лесно се заљубуваат и затоа тежнеат кон идејата да имаат повеќе љубовници одеднаш. Лесно започнуваат разговор, посветени се на своите цели и способни се со шарм да ги маѓепсаат сите што ќе бидат во нивна близина. Тие се нешто како љубовен пијалак- штом ги пробате, веднаш ќе полудите за нив!

Поранешната сопруга на Кајмаковски ќе ја претставува Македонија на “Мис Глуоб”: Погледнете за каква убавица станува збор (Фото)

Кристина Димитријевска (23) од Тетово вечерва ќе ја претставува Македонија на финалето за изборот на „Мис Глоуб“ за 2019 годин, кое по 47. пат по ред ќе се одржи во Улцињ, Црна Гора.

Димитријевска, инаку позната и како поранешна сопруга на пејачот Даниел Кајмакоски, е членка на модното студио „Црнокрак“, кое ја има лиценцата за Македонија за овој интернационален избор за убавина.

Таа веќе три недели е во Црна Гора каде заедно со уште 50 учеснички и со Мики Црнокрак, шефот на македонската делегација, се подготвува за вечерашното финале.

ФОТО: Инстаграм/https://www.instagram.com/kristina.dimitry/