Инстаграм воведе нова опција: Од наредниот месец бидете внимателни

Instagram воведе функција за лажни вести за да го спречи нивното ширење.

Новата функција има за цел да го спречи ширењето на лажни информации.

Функцијата false information(лажни информации) ќе се користи за објавите кои се откриени и селектирани како лажни, а за тој процес ќе бидат задолжените вработените на Instagram кои ќе ги проверуваат вестите.

Новата функција ќе биде достапна на социјалната мрежа во текот на наредниот месец, а истата ќе се појавува и на Instagram stories како и на објавите на почетната страна на Instagram, news feed.

Корисниците ќе можат да ја видат лажната вест доколку ја одберат опцијата see post(види ја објавата).

Instagram ќе ги предупреди корисниците кои се обидуваат да ја споделат објавата која претходно е означена како лажна.

Пред да ја споделат објавата, ќе бидат предупредени дека таа објава содржи лажна информација, а ќе им биде испратен линк со подетални информации.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.