дома блог страница 2995

Внимавajте! Еве колку е штетно за бебето доколку се пуши во домот

Кога детето е пасивен пушач, се изложува на ризик од низа здравствени проблеми: астма, бронхитис, пневмонија, воспаление на ушите… Самиот дим содржи низа бројни токсични супстанци, скоро 4.000, вклучувајќи и 40 кои се потенцијално канцерогени. Постои и висока концентрација на штетните супстанци како катран и никотин, што преку димот ги вдишуваат и оние кои само се наоѓаат во иста просторија со пушачи.

Детските бели дробови, кои допрва се развиваат, се особено чувствителни на влијанието на вдишување дим и тоа од многу причини. Најпрво поради физичкиот развој, но и затоа децата имаат поголема фреквенција на дишење од возрасните и вдишуваат повеќе воздух во однос на нивната телесната тежина, што значи и вдишуваат повеќе дим.

Бебињата и малите деца кои се изложени на димот имаат зголемен ризик од појава на инфекции на системот за дишење, како што се воспаление на белите дробови и бронхитис. Исто така е зголемен и ризикот од инфекција на средното уво.

Децата кои се изложени на дим од цигари побавно растат, а тој влијае и на промена на липидниот статус, па оние што дишеле дим како помало, во адолесцентската дома имаат проблеми со нивото на добриот и лошиот холестерол, што подоцна може да им го зголеми ризикот за развивање болести на срцето.

Ако мислите дека е доволно само да отворите прозор во просторијата во која се пуши со цел да го решите проблемот – грешите! Дури и по гасењето на цигарата, остануваат траги во косата, кожата, ѕидовите, материјалите, теписите, мебелот и играчките…

Мицкоски утре во Прилеп- на настан по повод Денот на македонската револуционерна борба

Во домот на култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, утре во 13:00 часот ќе се одржи настан по повод Денот на македонската револуционерна борба.

На настанот свое обраќање ќе има претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Како што информираат од партијата, претходно во 11:30 часот ќе продолжи кампањата „Разговори за обнова за Македонија“ на градскиот плоштад „Методија Андонов Ченто“ каде што на настанот свое присуство ќе има Мицкоски.

Костадинов: Платите продолжуваат да растат

Од СДСМ денес се пофалија дека просечната плата според податоците на Државниот завод за статистика пораснала за речиси 4% во споредба со истиот период лани.

КАТACTРОФАЛНА ОДЛУКА НА МОН: Децата нема да учат Македонски јазик, туку “мајчин” – забpaнет зборот македонски и во училиштата

Средното Општинско Училиште „Кочо Рацин“ од Свети Николе на ден 21.10.2019 година објавило оглас за вработување на наставник по мајчин јазик и литература, со што веќе училиштето не го користи и го забранува именувањето на предметот македонски јазик, односно предметот македонски јазик го заменува со мајчин јазик. Додека од истото училиште за другите предмети во огласот се бараат и наставници кои се соодветно именувани предметите англиски јазик и италијански јазик.

Со училиштето СОУ „Кочо Рацин“ од Свети Николе раководи директор кој е именуван од градоначалникот на Општина Свети Николе од редовите на СДСМ, а огласот е објавен во Агенцијата за вработување – Центар за вработување Свети Николе каде директорот е поставен од сегашната централна власт, а воедно беше и досегашен Претседател на ОО на СДСМ Свети Николе.

Граѓаните отворено прашуваат кој се срами и ја забранува употребата на македонскиот јазик во сопствената држава, општина и училиште? Во оваа училиште поминаа многу генерации, но оваков скандал досега се нема случено. Најмалку очекувавме негирањето на македонскиот јазик под притисок на власта да се спроведува во училиштата и меѓу младите. На што ли ги учаат сега нашите деца, отворено прашуваат загрижени родители и граѓани.

Потсетете се на времето кога мајчиниот јазик беше македонски:

Извор: “Инфомакс”

Без преговори со ЕУ, Македонија не мора да се вика „Северна“ дома, пишува „Катимерини“

Грчкиот весник „Катимерини“ во авторски коментар оценува дека со блокадата за стартот на преговорите со Македонија за членство во Европска унија е загрозен ерга омнес аспектот на Преспански договор во однос на употребата на името на северниот сосед.

„Одредбата вклучена во Договорот од Преспа дека името на Северна Македонија ќе биде ерга омнес – имено, да се користи како на домашен план, така и меѓународно – би можела да биде поткопана ако кандидатурата за пристапување на соседната земја во Европската унија е одложена на неодредено време, според правните експерти.

Практично гледано, договорот предвидува дека, во отсуство на преговори за пристапување, Владата во Скопје нема да има обврска да го користи своето ново име Северна Македонија – договорено со Договорот од Преспа – внатрешно.

Затоа, промената на името дома е поврзана со започнувањето на разговорите за пристапување на земјата во ЕУ, кои беа одложени минатата недела од страна на Европскиот совет поради забелешките од Франција, Данска и Холандија.

Накратко, Скопје сè уште е обврзано да се нарекува Северна Македонија во странство, без притоа да направи какви било промени внатрешно.

На проблемот вчера прв укажа поранешниот вицепремиер и уставен експерт Евангелос Венизелос, кој рече дека член 1, став 10 од Договорот предвидува преодниот рок за употреба на сложеното име (Северна Македонија) во внатрешните документи издадени од земјата зависи од започнувањето на преговорите за пристапување.

Затоа, рече тој, ‘неуспехот да се отворат преговори за пристапување подразбира одложување на вистинската внатрешна употреба на сложеното име’.

‘Тоа е одложување на употребата на името ерга омнес’, рече Венизелос.

Со оглед на тоа што најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ се спротивстави на Договорот од Преспа, тој ќе биде доминантно прашање на предвремените избори во април на кои повика премиерот Зоран Заев“, пишува „Катимерини“.

Публиката „прсна“ од смеење: Среде концерт на диригентот му паднаа пантолоните

Михај Тангу доживеа неверојатен пех пред преполната сала кога среде диригирање остана по гаќи бидејќи му паднаа панталоните.

Публиката прсна од смеење, а музичарите во оркестарот за среќа не се занесоа до толку во смешната глетка, па продолжија да свират како што треба.

Во миланскиот „Teatro del Verme“, беше одржан концерт по повод обележувањето на годишнината на Народна република Кина.

Работниците во „Еурокомпозит“ на протест за плата

Шеесетината вработени кои останаа во прилепската фабрика „Еурокомпозит“, по прогласувањето на технолошки вишок на 154 работници, денеска излегоа на протест пред фирмата барајќи плата, зашто, велат, не зеле три месеца. Добиваат само по околу 3 500 денари, но плата нема.

Според Роберт Богданоски, претседател на синдикатот при „Еурокомпозит“ изразуваат благодарност до Владата што го реши со закон проблемот со заостанатите придонеси, но целосно ситуацијата не е разрешена. Нема плата, ниту работа во фабриката.

-Најпрво, благодарност до Владата што го реши прашањето со придонесите преку законско решение. Разбравме дека се платени, има потврда во Службен весник. Но, проблемот во нашава фирма не е решен. Од јануари со претходниот директор земавме плата, дури беше и зголемена, од 15 000 до 18 000 денари. Имавме работа, но со неговото разрешување и со новиот директор Милан Тоцев, ние не земаме плата. Во овие три месеци добиваме преку „Композитна опрема“ во просек по 3.500 денари. Затоа, за жал, излеговме на протест повторно да бараме начин како ние да продолжиме да земаме плата и дали е можно тоа. Сите договори досега што ги имавме се завршени, во моментов немаме работа и ситуацијата е многу лоша. На работа останавме 64-ица работници, другите 154 се прогласените технолошки вишок. Ни беше ветувано дека ќе земаме плата редовно, но сега не се случува. Три месеци добиваме по 3.500 денари, а со тоа не се живее. Имаме сознанија, и потврда од директорот, дека Управниот одбор редовно зема плата. Денеска е протест и решени сме да го активираме штрајкот и повторно на улица и пред Владата, за жал, да си ги бараме правата, изјави Богданоски.

Здравственото осигурување се плаќа, а нови придонесе не се плаќаат зашто треба да дојде инвеститор, а досега нема најава за тоа. Работниците велат дека недостасува стручна работна рака за работа со нови договори, зашто најголемиот број се прогласени технолошки вишок.

– Има недостиг од работници кои ќе работат на машините. Тие заминаа технолошки вишок. Сега не знаеме како и дали ќе се работи, вели Илија Талески.

– Не гледаме иднина зашто ни се вели дека ќе ни дава по 2000 до 3000 денари месечно, но сето тоа е многу неизвесно, вели работникот Горан Велески.

Жбогар не “истушира”: Да се воздржиме од ветувања за датум

Испорачавте се што беше побарано од вас, го исполнивте вашиот дел. Но во Европската Унија одлуките за овие прашања се носат едногласно, а за жал ние повторно го одложивме ова прашање. Го разбираме разочарувањето на граѓаните и на политичарите од одлуката на Европскиот Совет во Брисел, но остануваме посветени на Северна Македонија и на регионот.

Ова во интервју за МИА го вели евроамбасадорот во земјава Самуел Жбогар, признавајќи оти треба да се извршат реформи и во самиот процес на носење одлуки внатре во самата ЕУ.

Подвлекува дека проширувањето на ЕУ кон регионот останува нивен стратешки приоритет, и тоа не е променето.

На прашањето дали во мај на Самитот во Загреб очекува земјава да добие датум, вели дека сега ЕУ треба да се воздржи од ветувања.

-Треба да се воздржиме од ветувања, бидејќи ветивме во јуни лани и во јуни 2019 и сега во октомври и сега е најдобро да се воздржиме од давање ветувања за датуми, но затоа треба да се фокусираме на правењето на вистинските промени, порачува Жбогар за МИА.

Целото интервју може да го прочитате на МИА

(Видео) Рускиот “Попај” е во oпacност: Никогаш не влегол во теретана, а во мускулите вбризгувал oтpoвна супстанца

Кирил Терешин на прв поглед е обичен бодибилдер од Русија кој одлучил да си ја “проба среќата” во ММА.

Терешин е човек кој сака да биде препознатлив бодибилдер, но теретаната му е непозната околина. На руските социјални мрежи се проширија фотографиите од неговите непропорционалнo “набилдани” бицепси, па го доби надимакот Попај.

Наместо да ги зајакнува мускулите со кревање тегови, тој се одлучил на целосно луда алтернатива- вбризгување на снтол, мешавина која се состои од 85 проценти масло, 7.5 проценти лидокаин и 7.5 проценти алкохол.

Стара црква одново ќе го добие стариот автентичен лик: Храмот ќе биде ист како во 1838 година

Црквата Свето Благовештение во Прилеп или кај народот позната како Стара Црква го враќа стариот автентичниот лик на фасадата кој потекнува од 1838, односно од времето кога истата е и изградена. Во моментов надворешниот дел на црквата беше покриен со бела боја и малтер кој ја криеше уникатанта архитектура и стил на градба на црквата каков што имале православните храмови на овие простори уште во 16 и 17 век – oбјави “Инфо Компас”.

„Црквата претставува навистина едно уникатно ремек дело, како по својата градба така и по својата внатрешност, односно иконостасот кој е стар скоро 180 години и иконите кои се наоѓаат на него. Со наши средства од црквата сега го враќаме автентичниот надворешен изглед, а додека претходно исто со средства од црквата беше вратен внатрешниот оригинален изглед на ѕидовите во храмот. Иисто така комплетно беше променет и подот со гранитни плочки кои се вклопуваат во целиот ентериер на храмот“, истакна Илчо Смилески, старешина на црквата Свето Благовештение за порталот.

Целиот прилог погледнете го ТУКА