дома блог страница 2978

Верувале или не? Анѓушев: “Нема поуспешни 2 и пол години во историјата на државава, донесовме 30 странски инвестиции”

Бројките се тие кои го покажуваат успехот на реалната економија. Бројките говорат за тоа дека претходно за 5 години, претходната власт донесе 23 странски инвестиции вкупно. Сега, за само 2 и пол години ние донесовме 30 странски инвестиции, тоа се бројки со кои треба да се гордееме, истакна вицепремиерот Анѓушев од вчерашната трибината На прав пат во Кавадарци.

Тој посочи дека минатата недела била пуштена една фабрика, а следната недела веќе треба да се пушти нова, како и дека 15 фабрики се градат во моментов.

-Во 2 и пол години се вработија 54.000 луѓе , кои не се во администрација. Тоа се луѓе кои се вработени во инвестираните капацитети во државата, рече Анѓушев.

Денеска имаме нето-плата над 25.000 денари. Платата порасна за 2 години за 10 посто. Во дел тоа можеби се должи на порастот на минималната плата, но во суштина тоа го направи реалната економија и развојот на пазарот на трудот, преку отворање на работни места, каде истовремено расте конкурентнста и се качуваат платите, посочи Анѓушев.

Балашевиќ до Северина: Таа песна што ја украде е лична и за мојот син

Борбата за старателство на Северина, наводно, ја инспирирала да сними песна за својот син, но тоа ѝ донесе уште неколку правни проблеми.

Таа ја преработила песната „Успаванка за дечака“ на Балашевиќ, но за тоа не побарала дозвола. По тој повод, Балашевиќ се обрати до Северина, но и до јавноста, преку профилот на Фејсбук на својата ќерка Јелена:

-Како млад, прочитав сè од Хемингвеј. Приказната за старецот и морето ме умори, но подоцна ја сфатив, кога го гледав филмот снимен по книгата, со Спенсер Трејси. Не беше којзнае што да се гледа црно-бел филм за океанот, но од таму ја научив најважната лекција за уништувањето.“

Во продолжението на своето обраќање, Балашевиќ го спомнува неговиот син Алекса.

-Алекса се роди 1995 година. Старата куќа се рушеше тоа лето и Оља со него и нашите ќерки мораше преку ноќ да си отиде од под покривот кој протекуваше. Во тие темели ја изградив ‘Успаванка за дечака’. За мојата единствена љубов, наместо рози од ползавецот врз кој се урна чардакот. За неа и малиот Алекса, за Лола и за Беба. За нашите три лавчиња.

Не знам дали во некој хороскоп постои година на крадци?“, пишува Балашевиќ, спомнувајќи ги оние кои без срам препејувале негови песни и се нарекувале себе „трибјут“.

-И додека го пишувам ова сигурно некој веќе изведува некоја моја песна, но за среќа публиката го разликува вистинскиот Балашевиќ од оние кинеските. Но, со ‘Успаванка’ е нешто сосема друго…

Целата статија прочитајте ја ТУКА

Еве како изгледал профилот на Путин: Документите на КГБ достапни за јавноста

Во Централниот државен архив со историско-политични документи во Санкт Петербург го објавија профилот на младиот Владимир Путин кој го направила КГБ, пишува “78.ру”.

Во текстот се наведува дека Путин се наоѓал на листата на комсомољската организација во Управатана на КГБ од 1975 година.

“За време на работењето во органите на државната безбедност Путин В.В. се покажал како одличен извршител, дипломиран и совесен работник. Принципиелен. Има авторитет кај колегите”, покажуваат карактеристиките.

Во документите се наведува дека Путин е мајстор во џудо и будо. Владимир Путин започнал да работи во КГБ по завршувањето на Правниот факултет на Ленинградскиот универзитет во 1975 година.

Тој работел и во источна Германија во периодот од 1985 до 1990 година во надворешноразузнавачката служба. Тој во 1991 година дал отказ од органите за државна безбедност.

Да потсетиме, телевизијата “Звезда” претходната недела ја прикажа собата во која рускиот претседател живеел додека учел да стане агент во Краснознамениот институт на КГБ СССР.

(Урнебесно видео) “Се шири, не се шири”

Дел од синоќешната дебатна емисија “24 анализа” на ТВ 24:

Вpaбoтeн во opтoпeдcкo во прилепската бoлницa бил HAПAДHAT на работно место

Денеска во 09.45 часот, Ј.К. (38) пpиjaвил дека вчера, на 30.10.2019 околу 22.30 часот во Градска бoлницa-Прилеп на opтoпедcко одделение, каде работи, бил физичkи нaпaднaт од Т.К. (59) од Прилеп.

Се преземаат мepки за pacчистување на случаjoт – информираат од МВР.

“Прилеп доби амбасадор во НАТО?”

На повидок нов скандал во македонската дипломатија – на само 65 дена до техничката Влада и 165 до предвремените избори се брза да се пополнат амбасадорски места кои со години беа празни – објави “Алфа ТВ”

Градоначалничката на Тетово Теута Арифи во Вашингтон, професорот од Правен Миша Докмановиќ во Тел Авив, советникот на премиерот Дане Талевски, кој по потекло е од Прилеп, во седиштето на НАТО во Брисел, дипломатката од кариера Шпреса Јусуфи во Анкара.

Ова се најсериозните кандидати кои би требало да добијат амбасадорски позиции, дознава Алфа од извори во Министерството за надворешни работи.

Официјално и оттаму и од Кабинетот на Претседателот само велат дека во тек се консултации и усогласувања за потенцијалните кандидати.

„Овој процес е во финална фаза, а по завршувањето на истата, ќе се преземат законски утврдените процедурални активности за комплетирање на процесот“ велат од МНР за Алфа.

„Процесот за избор на амбасадори во дипломатско – конзуларните претставништва е во тек. Кабинетот на Претседателот е во постојани консултации со Владата и со ресорното Министерство за надворешни работи“ велат од Кабинетот на Претседателот за Алфа.

Македонија има 57 дипломатско – конзуларни претставништва низ светот, а дури 27 од нив подолг период се без амбасадори. Ова пред се е резултат на коалициските недоразбирања меѓу СДСМ и ДУИ кои не можат да се договорат околу поделба на колачот.

Поранешниот министер за надворешни Антонио Милошоски предупредува дека ова може да предизвика политички тензии и да остави лош впечаток за државата.

„На два месеци од детронизирањето на премиерот во заминување и на два месеци од формирањето на техничка влада, Заев и Димитров треба да размислат дали по секоја цена ќе туркаат пополнување на амбасадите со цел да задоволат одредени партиски, коалициони или лични обврски кон одредени луѓе“ вели поранешниот министер за надворешни Антонио Милошоски.

Токму пред три години актуелниот министер за надворешни работи Никола Димитров го стопираше заминувањето на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски на позицијата амбасадор во Европската Унија зашто одлуката за негово испраќање ја донесе тогашната Влада во заминување.

Видео прилогот погледнете го ТУКА

“Апелираме до колегите од СДСМ да не си игра со судбините на наставниците и да престанат да ја понижуваат оваа професија”

Денес на седницата на Законодавно-правната комисија се разгледува автентичното толкување на членот 9 став 4 од Законот за наставниците и стручните соработници во основните и средните училишта. Како членови на оваа комисија од Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, побаравме оваа точка од дневен ред да биде тргната бидејќи сметаме дека со прифаќањето на ова автентично толкување се прави обид за изборна корупција и истото не беше прифатено од страна на парламентарното мнозинство, изјави пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Невенка Стаменковска-Стојковски, која додаде:

„Доколку Законодавно-правната комисија и Собранието го прифатат мислењето од Претседателот на Владата Зоран Заев дека ставот 4 од членот 9 треба да се однесува и на средните училишта тоа ќе значи дека мислењето на Владата има законска сила и целосно го претвора Собранието во експозитура на извршната власт. Членот 9 став 4 е јасна и гласи: Лицата од ставот 1 на овој член односно наставниците вработени на определено време, кои се вработуваат на постојано работно време испразнето по основ на пензионирање, боледување, отказ, смрт, преземање или друго, а за кое работно место биле обезбедени финансиски средства, можат да засноваат работен однос и без јавен оглас, на определено, најмногу до три месеци, а по претходна обезбедена согласност од градоначалникот за општинските основни училишта односно министерот за државните основни училишта.“

Како што потенцира Стаменковска ставот 4 од членот 9 јасно се укажува дека вработувањето на наставници на определено време се однесува за општинските и државните основни училишта.

„Не може со мислење и автентично толкување да се прошири и за средните училишта. Тоа мора да се направи преку дополнување на оваа законска одредба. Ова е категорија на наставници кои се под притисок за своите работни места, а власта преку автентично толкување ја проширува својата надлежност да вработува во средните училишта. Преку ова автентично толкување власта сака да ја заобиколи законодавната процедура, премиерот да се стави во улога на законодавец и 1119 наставници кои работат на определено време во средните училишта да се држат под притисок и страв за нивните работни места, а за работните места кои ќе се испразнат во образованието до изборите власта да вработува без јавен оглас.“

-Ова е класична изборна корупција и инструмент за притисок во очи на изборите. Ова се случува кога Владата под закана на штрајк во образованието води преговори со СОНК за платите во образованието. Проблем, кој е поврзан со засновањето на работен однос во образованието, а власта го користи за вршење на притисок врз наставниците кои немаат договори на неопределено време е и преку комисиите за трансформација на работните односи на наставниците. Власта на наставниците кои исполнуваат законски основ нивниот работен однос да биде трансформиран од определно на неопределно време тенденцизно ги прави нефункционални комисиите за трансформација се со цел определени лица да не може да добијат трансформација на работниот однос на не определно време, потенцираше Стаменковска и подвлече:

„Ова е категорија на наставници кои се под притисок за своите работни места, а власта преку автентично толкување ја проширува својата надлежност да вработува во средните училишта. Законодавно-правната комисија не смее да дозволи Владата и премиерот кој е потписник на ова Мислење да се стават во улога на законодавци и за политички цели и изборна корупција да го прифатат како оправдано. Не може мислење на Владата да дополнува закон. Апелираме до колегите од СДСМ да не си игра со судбините на наставниците и да престанат да ја понижуваат оваа професија и да вршат притисоци во пресрет на предвремени парламентарни избори. Бараме парламентарното мнозинство да го отфрли ова автентично како неоправдано и да почне вистински да работи за подобрување на статусот на оваа категорија на граѓани.“

Нов конкурс: “Наезда за шофери на државно во Прилеп?”

Јавната институција Меѓуопштински центар за социјална работа Прилеп, објави оглас за нови две вработувања.

Според огласот објавен на веб страната на Агенцијата за вработување се бараат еден возач и еден дефектолог.

Основната плата за возач изнесува 12,508 денари, а за дефектолог 26,200 денари.

Огласите се активни до 05.11.2019. Аплицирајте!

ДО КАДЕ ДОЈДОВМЕ: Ќе му ја одземат пензијата оти добил 439 денари на спортска?

Илаз Малиќи од селото Черкезе ризикува да ја изгуби социјалната пензија затоа што добил 439 денари во обложувалвица. Во центарот за социјална работа во Куманово му било кажано дека му се ризикува пензијата бидејќи гореспоменатите приходи ги имал на неговата банкарска сметка.

Илаз за новинската агенција ИНА изјави дека државата не ги гони оние кои украле милиони, туку ги загрозува социјалните случаи, нас кои се бориме да преживееме и да обезбедиме парче леб.

Тој наведува и други случаи кога неговите пријатели добиле подароци од телефонски компании и биле принудени да ги вратат парите.

Извор: “ina-online.net”

Премиера на филмот “Врба” од Милчо Манчевски во Прилеп

Во понеделник 4.11. 2019 и вторник 5.11.2019 од 19 часот во големата сала на ЦК„Марко Цепенков“ премиерно ќе биде прикажан најновиот филм на режисерот Милчо Манчевски „ Врба“.

Прилепската публика овие два дена за само 100 денари влезница ќе може да го проследи филмот које е трагедија со хепи-енд. Во филмот има и тажни моменти, ама и многу хумор и радост – како и во животот.

„ Врба“ е македонска филмска приказна, која се појавува моќно, драматичен еп за три македонски жени и нивната желба за семејна љубов. Делото на Манчевски е многу покомплексно одошто може да се замисли. Дел ,од сцените во филмот се снимани во прилепскиот регион.

Сценарио и режија – Милчо Манчевски

Играат: Сара Климоска, Наталија Теодосиева, Камка Тоциновски, Никола Ристески, Ненад Нацев, Петар Царановиќ

Директор на фотографија – Тамаш Добош
Монтажер – Николс Гастер
Музика – Кирил Џајкоски
Дополнителна музика – Игор Василев Новоградска
Костим – Ѓерѓ Сакач и Жаклина Крстевска