дома блог страница 2979

Премиера на филмот “Врба” од Милчо Манчевски во Прилеп

Во понеделник 4.11. 2019 и вторник 5.11.2019 од 19 часот во големата сала на ЦК„Марко Цепенков“ премиерно ќе биде прикажан најновиот филм на режисерот Милчо Манчевски „ Врба“.

Прилепската публика овие два дена за само 100 денари влезница ќе може да го проследи филмот које е трагедија со хепи-енд. Во филмот има и тажни моменти, ама и многу хумор и радост – како и во животот.

„ Врба“ е македонска филмска приказна, која се појавува моќно, драматичен еп за три македонски жени и нивната желба за семејна љубов. Делото на Манчевски е многу покомплексно одошто може да се замисли. Дел ,од сцените во филмот се снимани во прилепскиот регион.

Сценарио и режија – Милчо Манчевски

Играат: Сара Климоска, Наталија Теодосиева, Камка Тоциновски, Никола Ристески, Ненад Нацев, Петар Царановиќ

Директор на фотографија – Тамаш Добош
Монтажер – Николс Гастер
Музика – Кирил Џајкоски
Дополнителна музика – Игор Василев Новоградска
Костим – Ѓерѓ Сакач и Жаклина Крстевска

“Метлата на фyнкционepите го зaфaти и ЦСР Прилеп, ова е нacледникот?”

Според неофицијални информации Јавната институција Меѓуопштински центар за социјална работа – Прилеп, од денеска има нов раководител.

За в.д. директор е назначен Дејан Тошески кој доаѓа на местото на досегашниот директор Живко Сиљаноски, кој досега ја извршуваше оваа функција.

Можеби причината е вчерашното поставување на двојазочна табла пред овој центар, за која функционерите од СДСМ ги уверуваа прилепчани дека тоа е политички спин.

Граѓаните очекуваат новиот раководител да ја отстрани таа табла бидејќи законот е противуставен, а негативно мислење за истиот имаше и Венецијанската Комисија.

“По историскиот oтчет на градоначалникот, за 3 дена следуваат 60% повисоките сметки за вода”

Градоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јованоски, пред два дена пред новинарите даде отчет за сработеното во 2019 година, но и за планираното во иднина.

Јованоски сепак заборави да спомне за повисоките сметки за вода за околу 60% кои од март месец ги добиваат прилепчани, иако тој во предизборието му ветуваше за 20% пониски.

Со новите цени за потрошени 15 метри кубни вода во месецот, сметката за вода изнесува 800 денари, за потрошени 25 метри кубни, прилепчани плаќаат 1345 денари, додека за 30 кубни метри 1607 денари месечно.

Падна првиот снег во Хрватска, веќе 4 сантимери бела прекривка, еве кога се очекува кај нас (ВИДЕО)

Необично топлата есен приврши овој викенд, а веќе температурите значително се намалија низ целиот Балкан.

Првата снежна покривка падна во Хрватска, на Сљемен во Горски Котор, како и во Карловац и Дуга Реса. Снег врнеше и во Словенија и Босна и Херцеговина.

Според прогнозите на светскиот веб-сајт за временска прогноза Accuweather, нема ниту ние многу да чекаме да падне првиот снег. Метеоролозите предвидуваат дека во Македонија првиот снежен дожд ќе падне на 26 ноември.

Лоша вест од УХМР: Eве какво време не очекува

Времето денеска ќе биде претежно облачно и постудено со локални врнежи од дожд, особено во југоисточните делови. Ќе дува умерен северен ветер. Утринската температура ќе се движи од четири до 11, а дневната ќе се искaчи максимум до 15 степени.

Облачно време со локални врнежи од дожд ќе преовладува и во сабота, а во недела ќе дува умерен југоисточен ветер и ќе има пораст на дневната температура.

Се празнува светецот кој според верувањата претскажува каква ќе биде зимата, неговите мошти имаат исцелителна моќ

Денес се празнува Свети апостол и евангелист Лука, лекар и зограф, автор на првите рачно изработени икони.

Како добар живописец светиот апостол и евангелист Лука ја насликал Богородица со Исус, а подоцна и светите апостоли Петар и Павле, и овие икони се сметаат за први рачно изработени икони.
Именден празнуваат: Лука…

Светиот евангелист и апостол Лука е роден во Антиохија. Тој е еден од четворицата евангелисти. Според едни тој им припаѓал на 12-те Христови апостоли, а според други не бил во редот на овие апостоли туку во 70-ученици на Исус. Бил верен следбеник на Христовото учење и го проповедал во повеќе земји низ светот. Особено по смртта на светите апостоли Петар и Павле тој христијанското учење го проповедал во Галија (денешна Франција), Италија, Далмација, Македонија, Грција и др. места.

Околу 60-тата година го напишал евангелието но напишал и други дела како што се Дела апостолски.
Доживеал длабока старост но не се откажал од проповедите на Христовото учење. Според едни извори на 84 годишна возраст во Грција бил мачен и обесен на маслинка, а според други умрел од природна смрт. Телото на светиот евангелист Лука за време на царот Константин било пренесено во Цариград и погребано во црквата на Светите апостоли заедно со телата на свети Андреј Првоповикан и свети Тимотеј.

Бил лекар и зограф. Како добар живописец ја насликал Богородица со малиот Исус, а подоцна и светите апостоли Петар и Павле и овие икони се сметаат за први рачно изработени икони.

Некои истражувачи Евангелието по Лука го датираат меѓу 57 и 60 година, додека други го сместуваат по 70-тата година. Своето евангелие светиот апостол и евангелист Лука го започнува како писмо до еден висок достоинственик по име Теофил: Бидејќи мнозина почнаа да пишуваат за настаните, што се случија меѓу нас, како што ни ги предадоа оние, кои уште во почетокот беа очевидци и служители на словото, намислив и јас, откако испитав сè од почетокот да ти опишам точно по ред честити Теофиле, за да ја разбереш основата на учењето на кое си се учел“. Лука1/1-4 Оттука може да се заклучи дека ова евангелие е одбрана на христијанската вера пред римскиот свет“.

Меѓу народот се смета за лесен празник што го празнувале само жените. По овој празник селаните започнувале да ја садат раната сорта лук.

Според верувањата, се смета дека светецот претскажува каква ќе биде зимата. Ако на овој ден добитокот лежи со свиткани нозе, ќе биде долга и ладна зима.

Се почитува како заштитиник на медицината и фармацијата, болницата и аптеките, лекари, фармацефти, и болни, многу семејства. Познато е дека лекувал бесплатно. Се верува дека неговите мошти имаат исцелителна моќ.

Жените полyдea по оваа 7-днeвнa диeтa: Не мopa да се oткaжeтe од ниeднa намиpница, а пocтои и нешто подобpo!

За време на есента, мотивацијата за диета опаѓа, се подготвуваме за ладното време и зимските услови, поради што многумина од нас помалку сметка за исхраната, а килограмите се “лепат“.

За да го спречите тоа или да се ослободите од вишокот, обидете се да се придржувате до лесната диета, со помош на која може да загубите до три килограми, а притоа нема негативно да влијае на вашето здравје.

Оваа диета се базира на есенски намирници, па во чинијата треба да имате воглавно зеленчук и месо. Предноста на оваа диета е тоа што не мора да исфрлате ниедна група намирници, а ниту количината која ќе ја внесете не е ограничена.

Диетата трае седум денови, но тоа не значи дека не може да продолжите со ваквиот режим на исхрана и понатака.

Појадокот секој ден е ист, а се состои од грејпфрут, кафе или чај без шеќер, парче препечен леб или тост.

Прв ден

Ручек: Мешано месо, домат, кафе, лимонада без шеќер
Вечера: Риба од конзерва или на жар, салата од свеж сезонски зеленчук, обарен зеленчук, тост, грејпфрут

Втор ден

Ручек: Овошна салата, дозволени се сите видови овошје, не е важно дали суво или свежо
Вечера: Ќебапи, домат, целер и маслинки

Трет ден
Ручек: Туна салата со лимон
Вечера: Бифтек или некое друго месо на жар, сезонска салата

Четврти ден
Ручек: Две сварени јајца, сирење
Вечера: Варено пилешко месо или пилешко месо на жар, свежа сезонска салата, тост

Петти ден
Ручек: Сирење, обарен спанаќ, тост
Вечера: Риба од конзерва или на жар, мешана салата, обарено овошје, тост

Шести ден
Ручек: Овошна салата
Вечера: Варено пилешко месо или пилешко месо на жар, свежа сезонска салата

Седми ден
Ручек: Пилешко месо на жар или варено, обарен зеленчук, грејпфрут
Вечера: Месо на жар, краставица, целер, домат.

Мицковски: Партија со 10 пратеници ги држи најважните судови

Фејсбук статус на новинарот Ивор Мицковски

„Врховен, Уставен, Управен, Основен 2 и Вишо обвинителство во Скопје се под ДУИ.
Основен 1, Апелација, ОЈО и Виш управен само не се под нивна контрола. Како може партија со 10 пратеника како ДУИ да држи најважни судови. Најкриминалната партија во Европа и Балканот, ќе суди и пресудува“.

Добpo што лyѓe ќе бeвмe? (Фото)

Непознати сторители комплетно го уништиле еден од двата летниковци на ридот Маркови Кули кои беа изградени како дел од проектот „Маркови Кули – Заштита и делување“, вреден 100.000 долари, а кој го имплементираше УНДП, со средства од ЕУ.

Освен летниковците на Маркови Кули со овој проект се поставија и неколку клупи, се осветли дел од ридот, се рехабилитираше постоечкиот пат, а кај карпата Слон ќе биде поставена Инфо точка, како и камери за видео надзор.

Од Општина Прилеп и ЈНУ „Институт за старословенска култура – Прилеп“, како реализатори на овој проект овој вандалски чин е пријавен во полиција. Се апелира до сите граѓани и посетители кои имаат сознанија и информации за сторителите, да ги пријават во Полициската станица од општа надлежност – Прилеп.

Се’ е полесно кога си кралица: Британската кралица има вработено жена која и ги разгазува новите обувки

Анџела Кели од 2002 година работи како стилистка на кралицата Елизабета и во својата нова книга „Кралицата, стилистката и плакарот“ открива интересни нешта за стилот на кралицата.

Елизабета, пак, целосно ја одобрила оваа книга и наскоро излегува од печат, па целиот свет ќе дознае нешто повеќе за нивниот специфичен однос.

Анџела има задача да ги разгазува новите чевли на кралицата, за да не ја стегаат. Исто така, точно знае дека на трката Ројал Ескот, освен на коњи, луѓето се обложуваат и на бојата на облеката на кралицата Елизабета. Таа во еден момент купила неколку различни шешири, за да може да ги „збуни“ обложувалниците.

Стилистката исто така открива и дека кралицата често го занемарува протоколот и се прегрнува јавно со личности кои ѝ се драги, како што беше случајот со Мишел Обама.

Во врска со кралскиот фустан за крштевање, Анџела открива дека бојата му ја обновуваат со јоркширски чај.

Книгата излегува наскоро, а оние кои ќе ја купат ќе имаат навистина уникатна можност да запознаат една поинаква страна на британската монархија.