дома блог страница 2977

Преку присуство на саеми Витаминка ја продолжува потрагата по нови пазари: Производите претставени во Дубаи и Келн

Со големиот асортиман, разните производи, широкиот спектар производни програми, Витаминка се претставува на најголемите саеми и со тоа ја продолжува потрагата по нови пазари. Саемот за кондиторски производи во Дубаи, Yummex е еден од најреномираните специјализирани саеми за кондиторија во организација на Koelnmesse, затоа што директно го отвора патот кон азиските земји, што претставува голем и растечки пазар. Голем дел од асортиманот на компанијата, почнувајќи од оние производи што се посебно интересни за странските пазари, слатката и солената програма беа изложени на штандот на Витаминка каде посетителите имаа можност да се запознаат и да ги пробаат. Производите на компанијата, посебно новитетите веќе ги предизвикаа првите позитивни импресии.

„Yummex е најголем настан во индустријата за слатки и солени производи во Средниот Исток, каде се поврзуваат таргетирани производители и добавувачи и се презентираат најновите алатки за подобрување на бизнисот во производство на кондиторски производи. Онака како е конципиран го препознава зрелиот деловен потенцијал во регионот како водечки меѓународен центар за производство и преработка за да и служи на глобалната меѓународната побарувачка. Во таа насока и присуството на секое издание на овој саем е потребно и клучно за развој на бизнисот”, изјави Љупчо Велески, директор за извоз во Витаминка.

Во рамки на саемот беа одржани и две панел конференции на кои претставници од Euromonitor, Nielsen, Carrefour, Hershey говореа за најновите трендови во оваа индустрија.

Со непосредна презентација на квалитетот на своите производи, Витаминка неодамна се претстави и на саемот за храна и пијалаци, Ануга 2019 којшто се одржува во Келн, Германија. Покрај главното саемско претставување, Ануга нуди дополнителни активности и содржини, што го прави атрактивен не само за изложувачите, туку и за сопственици на малопродажни ланци, произведувачи на полупроизводи, трговци но и граѓани.

Силен зeмjoтpec утрово почyвcтвуван во Македонија

Силен зeмјотрес утринава беше почувствуван во Македонија, особено во југозападниот дел од земјата.

Според информациите земјотресот бил со епицентар во Албанија, близу Корча, а е регистриран во 6:25 минути утринава.

Истиот бил со јaчина од 4.7 степени и на длабочина од 10 километри.

Повторно Кубанец пpивeден во битолско

На 31.10.2019 во 10.00 часот над с.Драгош, битолско, кај манастирот „Свети Илија“, полициски службеници го спречиле кубанскиот државјанин Х.С.А.(32) во обид илегално да ја премине државната граница од Р.С.Македонија во Р.Грција.

Тој бил пpиведен во Полициската станица за Граничен премин и Граничен надзор „Меџитлија“, по што е предаден на полициски службеници од СВР Битола за понатамошна постапка.

Жално! На некои луѓе треба да им се забpaни да излегуваат од дома (ФОТО)

Уништениот летниковец на Маркови Кули во Прилеп изминативе два дена налути голем број граѓани кои ги споделуваат фотографиите на социјалните мрежи.

Имено како што известивме претходно, непознати сторители комплетно го уништиле еден од двата летниковци на ридот Маркови Кули кои беа изградени како дел од проектот „Маркови Кули – Заштита и делување“, вреден 100.000 долари, а кој го имплементираше УНДП, со средства од ЕУ.

Освен летниковците на Маркови Кули со овој проект се поставија и неколку клупи, се осветли дел од ридот, се рехабилитираше постоечкиот пат, а кај карпата Слон ќе биде поставена Инфо точка, како и камери за видео надзор.

Од Општина Прилеп и ЈНУ „Институт за старословенска култура – Прилеп“, како реализатори на овој проект овој вандалски чин е пријавен во полиција. Се апелира до сите граѓани и посетители кои имаат сознанија и информации за сторителите, да ги пријават во Полициската станица од општа надлежност – Прилеп.

Фотографиите од уништениот летниковец се објавени и на Фејсбук страната од проектот каде напишаа:

“Од проект за изведба, преку министерства, барања, мислења, одобренија, тендери и сл., преку состојба после две-три недели, до моментална ситуација за нецели месец и половина од инсталирањето… ЖАЛОСНО!!!”

“Дали е разрешен бидејќи се противел на двојазичната табла, спротивно на ветувањата пред изборите?”

Според неофицијални информации Јавната институција Меѓуопштински центар за социјална работа – Прилеп, од вчера има нов раководител.

За в.д. директор е назначен Дејан Тошески кој доаѓа на местото на досегашниот директор Живко Сиљаноски, кој досега ја извршуваше оваа функција.

Можеби причината е вчерашното поставување на двојазочна табла пред овој центар, за која функционерите од СДСМ ги уверуваа прилепчани дека тоа е политички спин.

Граѓаните очекуваат новиот раководител да ја отстрани таа табла бидејќи законот е противуставен, а негативно мислење за истиот имаше и Венецијанската Комисија.

Џенифер Лопез има своја 19-годишна руска двојничка: Погледнете дали се согласувате? (ФОТО)

Рускиот фотомодел Наталија Мирскик го привлече вниманието на социјалните мрежи со својата неверојатна сличност со светската музичка и филмска ѕвезда, Џенифер Лопез. Наталија е 30 година помлада од Џенифер, но со шминката, фризурата, провокотивн поглед и движењето со сите сили се труди да личи на нејзиниот славен идол.

Инаку, Наталија Мирскик има 19 години, а многупати на улица ѝ бараат автограми, мислејќи дека се работи за Џеј Ло. Благодарение на оваа сличност, таа добила многу ангажмани како модел.

Денеска е Св. Прохор Пчински

Денеска е Св. Прохор Пчински.

Свети Прохор живееше во единаесеттиот век. Се подвизуваше се до својата смрт под една карпа во близина на реката Пчиња. Заедно со свети Гаврил Лесновски и свети Јоаким Осоговски во Македонија ја продолжуваше исихастичката монашка традиција.

Грчкиот збор исихиа во буквален превод значи тихување, тишина, но во Црквата тој термин го доби значењето-молитвено тихување, т.е. собраност на сите човекови сили внатре во него, што се постигнува преку молитвата.

Подоцна во близина на неговата испосница, подигнат е познатиот манастир Свети Прохор Пчински каде што се наоѓаат моштите на овој светител-чудотворни, т.е. исцелителни, а и мироточиви, што значи дека од неговите коски непрекинато уште од времето по неговата смрт, па досега истекува густо масло со убав мирис.

Утре е задушница: Еве што според верувањата треба да направите

Православните христијани утре ја празнуваат Задушница. Празникот Задушница се одбележува во чест на душите на мртвите. На Задушница се сеќаваме на блиските лица кои се починати, ги посетуваме нивните гробови и палиме свеќи за покој на душата. Тоа е ден посветен на молитивите за покојните роднини и пријатели.

На овој ден се посетуваат гробиштата каде што со молитва, пченица и лепче осветено со црвено вино се изразува помен за починатите. На Задушница верните даваат милостина на сиромашните во име на покојните и се молат за покој на нивните души.

На Задушница во црквите се служи парастос на кој свештеникот со вино прелива пченица, а после службата се оди на гробовите на блиските, каде се пали свеќа и се чита молтива. Кој не може да оди на гробишта, тој пали свеќа во црква.

На Задушница се изнесува и храна на гробиштата. Таа храна се дели со луѓето кои ги посетуваат гробиштата, со спомнување за спас на душата на покојникот.

Обичај е на гробишта да се носи онолку свеќи колку што гробови се посетуваат.

Доколку на гробот некој му пријде од страна и се понуди да земе храна, иако е туѓинец, на овој ден никако не се одбива. Се верува дека е голем грев ако на Задушница некој на гроб одбие да земе храна или пак избрка туѓинец од гробот.

Се верува дека во периодот пред и после овој празник владеат моќни енергии. Обичај е да се посетуваат манастирите, а особено тоа треба да го направат оние кои бараат простување на гревовите или лек за некој болест.

Во некои краеви се верува дека тогаш е засилена и енергијата на оние кои прават разни растителни мелеми. Во минатото се верувало дека за да се заштитат од несреќа во овој период од годината носеле чешне лук или пелин во џеб, а дрвата ритуално ги кителе со подароци.

ФОТО: Има 193 килограми, а таа само 50 – важи за еден од најсилните луѓе во светот, а јаде на секои 2 часа

Триесетгодишниот Хафтур Јулијус Бјорнсон е висок 206 сантиметри и има од прилика 193 килограми, додека неговата сопруга, фитнес инструкторка, 29-годишната Келси Хенсон има 158 сантиметри и не му е ниту до рамена.

Полесна е од него дури 140 килограми. Ѕвездата на серијата „Игра на тронови“ кој го глуми ликот кој го нарекуваат Планина, со својата сопруга бил главна атракција во средата во Њујорк на светската премиера на осмата и последна сезона на серијата.

Тие двајца важат за најнеобичен пар поради разликата во килограмите и висината. Во брак се од октомври минатата година, а на луѓето им е секогаш смешно кога ги гледаат заедно поради висината.„Тој јаде навистина многу. Ако одиме во супермаркет ни треба камион за да ги подмириме неговите потреби“, рекла еднаш низ смеа Келси.

Пријателите постојано ги прашуваат како изгледа нивниот сексуален однос, а тој одлучил и јавно да каже: „Таа е секогаш горе“.

Парот се запознал во септември во 2017 година, кога Келси му пришла во ресторан и побарала автограм.

Комедија! Директорот на НОБ ќе ги казнува вработените доколку хранат мачки, а хонорарците ќе ги брка?

Оперскиот пејач Игор Дурловски преку Фејсбук сподели соопштение кое било поставено пред службениот влез на Македонската опера и балет (по ново Национална опера и балет).

Во него стои дека доколку вработените во НОБ и хонорарците хранат мачки кои што шетаат низ објектот ќе бидат казнети.

Вработените ќе бидат дисциплински казнети, додека за хонорарците ќе се преиспитува дали е неопходно од нивниот натамошен ангажман во институцијата.

Сето ова преку соопштение го наредил директорот Васо Ристов.