“Апелираме до колегите од СДСМ да не си игра со судбините на наставниците и да престанат да ја понижуваат оваа професија”

Денес на седницата на Законодавно-правната комисија се разгледува автентичното толкување на членот 9 став 4 од Законот за наставниците и стручните соработници во основните и средните училишта. Како членови на оваа комисија од Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, побаравме оваа точка од дневен ред да биде тргната бидејќи сметаме дека со прифаќањето на ова автентично толкување се прави обид за изборна корупција и истото не беше прифатено од страна на парламентарното мнозинство, изјави пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Невенка Стаменковска-Стојковски, која додаде:

„Доколку Законодавно-правната комисија и Собранието го прифатат мислењето од Претседателот на Владата Зоран Заев дека ставот 4 од членот 9 треба да се однесува и на средните училишта тоа ќе значи дека мислењето на Владата има законска сила и целосно го претвора Собранието во експозитура на извршната власт. Членот 9 став 4 е јасна и гласи: Лицата од ставот 1 на овој член односно наставниците вработени на определено време, кои се вработуваат на постојано работно време испразнето по основ на пензионирање, боледување, отказ, смрт, преземање или друго, а за кое работно место биле обезбедени финансиски средства, можат да засноваат работен однос и без јавен оглас, на определено, најмногу до три месеци, а по претходна обезбедена согласност од градоначалникот за општинските основни училишта односно министерот за државните основни училишта.“

Како што потенцира Стаменковска ставот 4 од членот 9 јасно се укажува дека вработувањето на наставници на определено време се однесува за општинските и државните основни училишта.

„Не може со мислење и автентично толкување да се прошири и за средните училишта. Тоа мора да се направи преку дополнување на оваа законска одредба. Ова е категорија на наставници кои се под притисок за своите работни места, а власта преку автентично толкување ја проширува својата надлежност да вработува во средните училишта. Преку ова автентично толкување власта сака да ја заобиколи законодавната процедура, премиерот да се стави во улога на законодавец и 1119 наставници кои работат на определено време во средните училишта да се држат под притисок и страв за нивните работни места, а за работните места кои ќе се испразнат во образованието до изборите власта да вработува без јавен оглас.“

-Ова е класична изборна корупција и инструмент за притисок во очи на изборите. Ова се случува кога Владата под закана на штрајк во образованието води преговори со СОНК за платите во образованието. Проблем, кој е поврзан со засновањето на работен однос во образованието, а власта го користи за вршење на притисок врз наставниците кои немаат договори на неопределено време е и преку комисиите за трансформација на работните односи на наставниците. Власта на наставниците кои исполнуваат законски основ нивниот работен однос да биде трансформиран од определно на неопределно време тенденцизно ги прави нефункционални комисиите за трансформација се со цел определени лица да не може да добијат трансформација на работниот однос на не определно време, потенцираше Стаменковска и подвлече:

„Ова е категорија на наставници кои се под притисок за своите работни места, а власта преку автентично толкување ја проширува својата надлежност да вработува во средните училишта. Законодавно-правната комисија не смее да дозволи Владата и премиерот кој е потписник на ова Мислење да се стават во улога на законодавци и за политички цели и изборна корупција да го прифатат како оправдано. Не може мислење на Владата да дополнува закон. Апелираме до колегите од СДСМ да не си игра со судбините на наставниците и да престанат да ја понижуваат оваа професија и да вршат притисоци во пресрет на предвремени парламентарни избори. Бараме парламентарното мнозинство да го отфрли ова автентично како неоправдано и да почне вистински да работи за подобрување на статусот на оваа категорија на граѓани.“




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.