дома блог страница 2976

После две години пауза влезе во игра и погоди, а тимот славеше како да освоил титула: Емотивна сторија (Видео)

Играчот на холандскиот тим Утрехт, Симон Макенок, вчера после 2 години пауза настапи за својата екипа против Ексцелзиот и постигна погодок во победата од 4:1.

Иако погодокот на Макенок беше постигнат во 90-та минута кога натпреварот беше веќе добиен, неговите соиграчи се радуваа како да го освоиле првенството.

Симон во 2017 година од дански Брондби дојде во Утрехт, а се повреди на натпреварот против Лех Познањ и заработи кинење на лигаментите на коленото, па поради бавно заздравување паузираше цели 12 месеци. Само што се врати наредната сезона и одигра само 3 натпревари, тој одново се повреди и паузираше нови 12 месеци.

Затоа синоќа после постигнатиот погодок Мекенок се расплачи после постигнатиот погодок.

Погледнете:

Брз колач со гриз и пекмез, неверојатно вкусен, а останува мек дури и по два дена (Видео)

Рецепт за брз колач од гриз и пекмез. Се’ се мери во шолја од 200 милилитри.

Состојки:

3 јајца, шолја шеќер, шолја гриз, шолја пекмез, шолја брашно, шолја масло, шолја млеко, 1 пециво, 1 ванилин шеќер

Подготовка:

Заматете ги јајцата, шеќерот и ванилиниот шеќер, додадете ги останатите состојки и промешајте (не ви е потребен миксер). Тепсијата намачкајте ја со масло и посипете со брашно па ставете го направеното тесто. Големината на тепсијата може да биде поголема или помала, во зависност која висина сакате да биде колачот. Исто така може по ваш избор, доколку дополнително ставите кајсија, ќе имате посветол колач и поинаков вкус. Можете да пробате и со домашен џем од јагоди.

Колачот печете го во загреана рерна на 200 степени околу 25 минути. Превкусен е кога се јаде топол, но останува мек дури и по два дена.

Црногорец го воодушеви регионот: Својата сакана ја запроси на најуникатен начин (Видео)

Љубиша Решетар од Подгорица се потрудил на оригинален начин да ја запроси својата избраничка.

Ги прескокнал традиционалните начини, како романтична вечера или запросување на концерт, пред илјада луѓе.

Како страствен возач на мотори, ги собрал најблиските пријатели, со кои осмислил сценарио какво досега не е видено во Црна Гора.

Имено, на неговата избраничка Мирјана прстенот ѝ слетал со дрон, што било забележано и со камера, а снимката објавена во црногорските медиуми.

Мирјана секако не останала рамнодушна, а Љубиша јавно им се заблагодарил на своите пријатели моторџии, кои му помогнале планот да го спроведе на дело.

Советникот на Тевдовски: Владата ќе им даде 30-40 милиони евра на Заевци, Кочовци, Нини, Камчевци и Мијалковци

Да бидеме начисто, со одлуката да го „одложи“ прогресивниот данок, Владата ќе им даде 30-40 милиони евра на најбогатите 1% во оваа држава. Не на сиромашните, не на работниците, не на земјоделците, не на студентите, не на младите, туку на Заевци, Кочовци, Нини, Камчевци и Мијалковци, реагира поранешниот советник на Драган Тевдовски, Бранимир Јовановиќ.

“И, ок, легитимно е. Легитимно е, па и логично, Влада водена од богаташи, да се грижи за богатите, а не за сиромашните.

Ама немојте да кажувате дека сте левичари и дека се залагате за социјална правда. Немојте да зборувате дека се залагате за подобро здравство, подобро образование и еднакви можности за сите. Немојте да тврдите дека се застапувате за сиромашните, работниците, земјоделците, студентите, обичните луѓе, народот.

И немојте да ги барате нивните гласови на следните избори. И немојте да се изненадите кога тие нема да гласаат за вас. И кога ќе завршите неславно, како најкратката Влада во историјата на оваа земја. Зашто, како што кажал нашиот народ, што сеете, тоа и ќе жнеете”, порача Јовановиќ.

Погледнете како изгледа 10 години стар хамбургер од познатиот ланец за брза храна

Десет години стар хамбургер од Мекдоналдс, последно послужен пред да се затворат рестораните во Исланд, сеуште не се распаднал.

На прв поглед неуништениот хамбургер со порција пржени компирчиња е заштитен во стаклена кутија како скапоценост. Американскиот ланец ги затворил трите подржници на Исланд за време на финансиската криза во 2009 година и така оваа држава стана единствената западна земја без Мекдоналдс.

Хјортур Смарасон на 31 октомври истата година, пред затворањето на рестораните, купил хамбургер како би го зачувал.

Тевдовски распали по министерката Ангеловска?

Поранешниот министер за финансии Драган Тевдовски преку „Фејсбук“ реагираше на одлуката на Владата на три години да се замрзне мерката за прогресивно одданочување.

Владата се премисли: Прогресивното оданочување се одложува

“Пратениците на СДСМ, пред да гласаат за ова, нека помислат дали се за бришење на Социјалдемократски од името на СДСМ. Посебно од страна на луѓе што немаат врска со СДСМ”, напиша Тевдовски.

Исчистете ја рѓата лесно и едноставно: “Останав без текст, не очекував дека токму со кечап ќе го направам тоа”

Џолин Изи на Фејсбук сподели трик за чистење на рѓата од купатилото на многу едноставен начин.

“Само што се вселив во преубава куќа, но тушот и шипката беа целосно зарѓани. Решив да пробам трик со кечап и фолија и останав без текст. Единствениот проблем е во тоа што воопшто не верував во овој трик, па не го сликав xopoрот во купатилото пред моето чистење”, вели таа.

Се што треба да направите е металната површина да ја намачкате добро со кечап, да оставите така пет минути и потоа да ја истриете со фолија.

Овој трик функционира бидејќи речиси секој бренд на кечап содржи киселина во доволно блага количина да може да ја отстрани рѓата и да не ја оштети површината.

“Молк од Градоначалникот, по прашањето од Ристески, дали тој има лична релација со фирма која гради зграда и хотел?” (Видео)

Транспарент поставен на место каде се гради зграда

Измина речиси една недела од прес конференцијата на Претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, Петар Ристески, на која тој упати повик до премиерот Зоран Заев, кој минатата недела беше на трибина во Прилеп.

“Прашајте го како исти фирми градат насекаде? Дали иста фирма гради зграда кај медицинското училиште и хотел во градскиот пазар? Прашајте го Јованоски дали тој има лична релација со оваа фирма?”, рече Ристести меѓу другото во прес конференцијата

И после една недела нема никаква реакција од Општина Прилеп и градоначалникот Илија Јованоски.

“Курир”: Катица Јанева поднела барање за апанажа

Поранешната обвинителка во Специјалното Јавно Обвинителство, а сега осомничена за случајот „Рекет, Катица Јанева поднела барање за апанажа, дознава Курир.

Симптоматично е што се испратени две барања за апанажа, едното лично од Катица Јанева, а другото преку нејзиниот адвокат Ирена Фрчкоска.

Извор: “Курир.мк”

Преку присуство на саеми Витаминка ја продолжува потрагата по нови пазари: Производите претставени во Дубаи и Келн

Со големиот асортиман, разните производи, широкиот спектар производни програми, Витаминка се претставува на најголемите саеми и со тоа ја продолжува потрагата по нови пазари. Саемот за кондиторски производи во Дубаи, Yummex е еден од најреномираните специјализирани саеми за кондиторија во организација на Koelnmesse, затоа што директно го отвора патот кон азиските земји, што претставува голем и растечки пазар. Голем дел од асортиманот на компанијата, почнувајќи од оние производи што се посебно интересни за странските пазари, слатката и солената програма беа изложени на штандот на Витаминка каде посетителите имаа можност да се запознаат и да ги пробаат. Производите на компанијата, посебно новитетите веќе ги предизвикаа првите позитивни импресии.

„Yummex е најголем настан во индустријата за слатки и солени производи во Средниот Исток, каде се поврзуваат таргетирани производители и добавувачи и се презентираат најновите алатки за подобрување на бизнисот во производство на кондиторски производи. Онака како е конципиран го препознава зрелиот деловен потенцијал во регионот како водечки меѓународен центар за производство и преработка за да и служи на глобалната меѓународната побарувачка. Во таа насока и присуството на секое издание на овој саем е потребно и клучно за развој на бизнисот”, изјави Љупчо Велески, директор за извоз во Витаминка.

Во рамки на саемот беа одржани и две панел конференции на кои претставници од Euromonitor, Nielsen, Carrefour, Hershey говореа за најновите трендови во оваа индустрија.

Со непосредна презентација на квалитетот на своите производи, Витаминка неодамна се претстави и на саемот за храна и пијалаци, Ануга 2019 којшто се одржува во Келн, Германија. Покрај главното саемско претставување, Ануга нуди дополнителни активности и содржини, што го прави атрактивен не само за изложувачите, туку и за сопственици на малопродажни ланци, произведувачи на полупроизводи, трговци но и граѓани.