Жално! На некои луѓе треба да им се забpaни да излегуваат од дома (ФОТО)

Уништениот летниковец на Маркови Кули во Прилеп изминативе два дена налути голем број граѓани кои ги споделуваат фотографиите на социјалните мрежи.

Имено како што известивме претходно, непознати сторители комплетно го уништиле еден од двата летниковци на ридот Маркови Кули кои беа изградени како дел од проектот „Маркови Кули – Заштита и делување“, вреден 100.000 долари, а кој го имплементираше УНДП, со средства од ЕУ.

Освен летниковците на Маркови Кули со овој проект се поставија и неколку клупи, се осветли дел од ридот, се рехабилитираше постоечкиот пат, а кај карпата Слон ќе биде поставена Инфо точка, како и камери за видео надзор.

Од Општина Прилеп и ЈНУ „Институт за старословенска култура – Прилеп“, како реализатори на овој проект овој вандалски чин е пријавен во полиција. Се апелира до сите граѓани и посетители кои имаат сознанија и информации за сторителите, да ги пријават во Полициската станица од општа надлежност – Прилеп.

Фотографиите од уништениот летниковец се објавени и на Фејсбук страната од проектот каде напишаа:

“Од проект за изведба, преку министерства, барања, мислења, одобренија, тендери и сл., преку состојба после две-три недели, до моментална ситуација за нецели месец и половина од инсталирањето… ЖАЛОСНО!!!”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.