Црногорец го воодушеви регионот: Својата сакана ја запроси на најуникатен начин (Видео)

Љубиша Решетар од Подгорица се потрудил на оригинален начин да ја запроси својата избраничка.

Ги прескокнал традиционалните начини, како романтична вечера или запросување на концерт, пред илјада луѓе.

Како страствен возач на мотори, ги собрал најблиските пријатели, со кои осмислил сценарио какво досега не е видено во Црна Гора.

Имено, на неговата избраничка Мирјана прстенот ѝ слетал со дрон, што било забележано и со камера, а снимката објавена во црногорските медиуми.

Мирјана секако не останала рамнодушна, а Љубиша јавно им се заблагодарил на своите пријатели моторџии, кои му помогнале планот да го спроведе на дело.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.