Македонскиот актер Владо Јовановски објави пост и видео на својот профил на Фејсбук во кој објавува:
– Ако исчезнат кодошите, Македонците ќе бидат принудувани самите себе да се кодошат!- пишува во објавата.
Видеото може да го погледате и ТУКА.
Македонскиот актер Владо Јовановски објави пост и видео на својот профил на Фејсбук во кој објавува:
– Ако исчезнат кодошите, Македонците ќе бидат принудувани самите себе да се кодошат!- пишува во објавата.
Видеото може да го погледате и ТУКА.
Замокот Болт кој се наоѓа на мал остров сред архипелагот Илјада острови во Њујорк, е американска верзија на замок, која претставува необична сложувалка од средновековните и викторијанските замоци. Болт е споменик на една љубов која тpaгично завршила.
Сопственикот на познатиот њујоршки хотел Валдорф Астори, Џорџ Болт, одлучил да подигне споменик на љуботвта кон својата сопруга Луиз. Парот купил остров, а Џорџ одлучил на својата љубов за роденден да и поклони нов замок. Дури успеал да го преобликува островот како би добил форма на срце.
Во 1900 година започнал да го гради замокот, а една година пред да биде изграден, Луиз починала. Џорџ тогаш ја прекинал изградбата и никогаш повеќе не се вратил на островот. Го продал замокот, кој во 1977 година бил реставриран и денес е отворен за јавноста.
Православните христијани денеска ја одбележуваат Митровденската задушница во знак на сеќавање на починатите.
Црквата пропишала посебни денови – задушници, четирипати годишно, кога верниците се молат за покој на душите на починатите.
Задушница е секогаш вo сабота, ден кој црквата го одредила за помен и молитва за упокoeните. На Задушница се оди во црква каде што се служи литургија и парастос. На овој ден се посетуваат гpoбиштата каде што со молитва, пченица и лепче осветено со црвено вино се изразува помен за починатите.
На Задушница верните даваат милостина на сиромашните во име на покојните и се молат за покој на нивните души.
Митровденската задушница секогаш паѓа во саботата пред празникот Митровден. Митровденската задушница е востановена во XIV век и најпрвин била руска традиција, од каде преминала и во повеќето православни цркви. На оваа задушница, во прво време биле спомнувани само православните војници, меѓу кои биле и двајцата монаси Александар Пересвјат и Ослабја од Московската обител на Живоначалната Троица кои паднале на браникот за верата и татковината. Димитриј Јованович Донски, откако ја извојувал победата во битката со Мамаите на Куликовското поле во 1380 година, во која загинале и двајцата спомнати монаси, ја посетил нивната света обител за таму да учествува во извршувањето на поменот за нив. Притоа тој предложил Црквата да го прави овој помен секоја година во Митровденската сабота, односно во онаа сабота која е најблиску до празнувањето на св. вмч Димитриј (08 ноември). Од тоа време Црквата ја приброила оваа задушница во вселенските родителски саботи, а нешто малку подоцна востановила во оваа сабота да се извршува помен не само за паднатите за верата и татковината вojници, туку и за сите починати воопшто.
Познатите близначки од филмот „Сјаење“, кој е заснован на истоимениот роман на авторот Стивен Кинг, предизвикуваа ноќни мopи кај гледачите ширум светот. Овие денови во кината се прикажува продолжение од тој филм „Doctor Sleep”, но гледачите се прашуваат – што се случило со познатите близначки?
Луиз и Лиса Бурнс неодамна наполнија 51. година. Имале 12. години кога Стенли Кјубрик ги ангажирал за потребите на филомот. Режисерот бил сигурен дека хотелот Видиковец не може да биде морничаво место без двете девојчиња кои се држат за рака и стојат на крајот од ходникот.
„Ние сме природно мopничави. Но, вежбавме за таа сцена да биде што понапната и понепријатна. Изговаравме зборови од текстот со цел да ги плашиме луѓето“, рекле Луис и Лиса за „Космополитен“.
Тие велат дека снимањето на филмот нe било страшно, но дека за гледачите претставувал ноќна мopa.
Кеисуке Хонда,поранешниот играч на Милан и јапонски репрезентативец добил понуда да го засили Вардар“ пишува Моцартспорт“. Но, тој ја обил понудата да настапува за нашиот најтрофеен клуб. Негова желба била да игра во Манчестер Јунајтед но Премиер лигашот не бил заинтересиран за неговите услуги.
Хонда, кој имаа 33 години го изгуби местото во јапонската репрезентација и сака да има клуб за да може да се врати во националниот тим за Олимијадата во Токио.
Тој најверојатно ќе ја прифати понудата од Витезе од каде почна неговата европска приказна
Кивано е егзотичен плод, познат уште како африканска бодлива краставица. Има атрактивен изглед, а вкусот му е пријатен и освежувачки, личи на краставица, киви, лимон
Киваното е честа состојка во овошните салати, а се јаде сурово. Нискокалоричен е и затоа е погоден при диети за слабеење. Од неодамна овие плодови го имаат предзнакот домашни бидејќи се произведуваат и во Македонија.
Во киваното се присутни два антиоксиданса, токоферол и гама-токоферол. И двете се органски форми на витаминот Е, кој има многубројни позитивни ефекти. Исхрана богата со овошје и со зеленчук што содржи бета-каротен, ликопен и лутеин, помага и во заштита на ДНК, со што се забавува процесот на стареење.
Семето на егзотичниот плод содржи голем број масни киселини, вклучувајќи линоленска и олеинска киселина. Линоленската киселина е полна со омега-6 масни киселини, која е од суштинско значење за нашето здравје. Состојката е важна и за заштитните функции на кожата. Олеинска киселина помага за подобрување на имуните функции, како и за намалување на ризикот од кардиоваскуларни болести.
На Интернет наидовме и на еден прилог од пред неколку години на “Сител ТВ” од Прилеп каде ова киваното успешно се одгледува и расте.
Погледнете во продолжение:
Весникот “Шампион” пред два дена на насловната страна ги имаше младите играорци од македонското културно уметничко друштво “Илинден” од западен Сиднеј.
Еден од насловите на весникот гласеше – “Горди на идентитетот”. Весникот фасциниран од младите играорци кои од Сиднеј отпатуваа на македонскиот фестивал на храната, за да се претстават со својот фолклор и култура.
Културно уметничкото друштво “Илинден” oд Западен Сиднеј постои само неколку години и за кратко време забележува огромни успеси посебно кај најмладите Македонци – пренесува “Шило Магазин”.
Сузан и Ноел Радфорд имаат 21 дете и објавија дека Сузан е во 15-тата недела од бременоста. Таа се надева на момче и повеќе нема да зборува дали ова ќе биде нејзината последна бременост.
Откако го роди 21-то дете таа рече дека повеќе нема да раѓа, а потоа медиумите објавија дека Сузан Радфорд (44) и нејзиниот сопруг Ноел (47) од Ланкашер, Велика Британија, имаат убави вести: Сузан е бремена по 22 пат. Тоа е, без сомневање, големо изненадување. Таа за прв пат родила кога имала 13 години, а Ноел 17.
Биле одлучни да го задржат бебето. По четири години го имале и второто дете и така година по година семејството се зголемувало.
Овие денови на ЈуТјуб објавија снимка од ултразвук на која се гледа дека таа е во 15-тата недела од бременоста, па ќе треба малку време додека не се дознае полот на детето.
Ноел во разговор со медиумите рекол дека на почетокот посакувале да имаат три или четири деца, но како што растело семејството, се навикнувале и уживале во тоа.
Играчот на холандскиот тим Утрехт, Симон Макенок, вчера после 2 години пауза настапи за својата екипа против Ексцелзиот и постигна погодок во победата од 4:1.
Иако погодокот на Макенок беше постигнат во 90-та минута кога натпреварот беше веќе добиен, неговите соиграчи се радуваа како да го освоиле првенството.
Симон во 2017 година од дански Брондби дојде во Утрехт, а се повреди на натпреварот против Лех Познањ и заработи кинење на лигаментите на коленото, па поради бавно заздравување паузираше цели 12 месеци. Само што се врати наредната сезона и одигра само 3 натпревари, тој одново се повреди и паузираше нови 12 месеци.
Затоа синоќа после постигнатиот погодок Мекенок се расплачи после постигнатиот погодок.
Погледнете:
#RT @foetball247: RT @FOXSportsnl: ❤️ | Emoties bij Simon Makienok, die na twee jaar blessureleed scoort bij zijn rentree voor @fcutrecht. pic.twitter.com/Qi1GcRjvtB
— GOALs (@Sports1RT) October 31, 2019