(Фото) Македонија доби европски шампион!

Нина Ѓорѓевиќ е европски сениорски шампион откако пертпалднево триумфираше со 5-0 над Каларасу Изабел од Романиај во финалето на Европското карате шотокан првенство во Скопје, пренесува ИПОН.МК.

Машкиот ката тим Македонија 2 е вицешампион во сениори, бидејќи во борбата за златото загуби од Турција 1-4. Додека женскиот ката тим Македонија 1-2 го освои бронзениот медал во сениорска конкуренција.

Засега најуспешна е репрезентацијата на Азербејџан со 173 медали – 63 златни, 43 сребрени и 67 бронзенни, следи Романија 204 (52-55-97), Турција 73 (22-17-44), Молдавија 51 (14-13-24) и Македонија 47 (11-14-22) итн.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.