дома блог страница 2973

“Се спрема голема МАРИОВСКА БУНА против влаcта?”

Повеќе години со ред патот Прилеп – Витолиште кој е единствениот пат за областа Мариово во Општиина Прилеп се наоѓа во катастрофална состојба, а слична е состојбата и на скоро сите патни правци во Мариово кои водат до другите населени места во оваа област.

Поради тоа Маровци закажуваат предупредувачки протест кој ќе се одржи во вторник на 05.11.2019 од 08 до 19 часот кај надвозникот кај с. Ново Лагово, а потоа протестот во 10.30 часот продолжува пред зградата на Општина Прилеп.

„Надлежните институции до денес не направиле ниту обичен увид и не преземаат ништо и покрај големиот број писмени и усмени обраќања и повици од страна на жителите на Мариово и другите поединци и субјекти, кои престојуваат и работат во областа. Затоа ги повикуваме сите граѓани на Македонија од областа Мариово, како и оние кои се по потекло од овој крај и другите добронамерници да земат учество на овој протест, кој има исклучиво цел за решавање на крајно лошата состојба на областа Мариово, особено на патната инфраструктура!“, велат од Ицијативниот одбор за поттикнување на развојот на областа Мариово – Прилеп.

Денеска е спомен на Преподобен Иларион Велики, неговите мошти се чудотворни

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 21 октомври.

Денеска е Преподобен Иларион Велики.

Иларион се роди во селото Тавата, близу Газа во денешен Израел, од родители незнабошци. Во младоста ги изучи тогашните науки во Александрија, а потоа поверува во Бога и се крсти. Откако ја презре светската наука и го засака доблесниот живот, отиде во Египет и се учеше од свети Антониј Велики. Потоа се врати во Палестина и се подвизуваше близу Газа. За да ги избегне пофалбите од луѓето, често го менуваше местото на живееwе Египет, Сицилија, Далмација, и најпосле на Кипар, каде и го заврши својот доблесен, светол и трудоqубив живот, на 80 години. Тоа се случи околу 372 година. Неговите чудотворни мошти подоцна беа пренесени во Палестина.

Со години работел во Австралија, па се вратил во Прилеп: Димитрија раскажува за печалбарските маки, носталгијата и осаменоста

Живот: Димитрија Трајковски, повратник од печалба

Кога владее масовно иселување на помлади Македонци, во потрага по подобар живот, се среќаваат луѓе, повратници. Ако е таму подобро, зошто се враќаат? Еден од нив е сограѓанинот Димитрија Трајковски, вратен од Австралија пред 21 година.

-Роден сум во Кален пред 83 години. Живеев 33 години во сиромашното село. Се трудевме, работевме земјоделие, стока, овци, говеда, волови. Одвај преживуваме. Дојдов во Монополот во Прилеп 1956 година кога се градеше новиот дел. Работев три месеца. Во сабота и недела кога си одев в село, татко ми лут ми вика: Избега, ме остави сам, а не можам! Мајка ми беше болежлива. Бев приморан ш да се вратам в село – се навраќа Трајковски на младешките години.

В село се бара работна рака, мажи. А Димитрија ја засакува државната работа. Гледал да ја остави земјата в село. Во 1957 година меѓу Кален и Кокре се отвора рудник за порцелан и тука се вработува. Го советуваат дека рударската работа, не е за млади, но тој нема избор. Кризата не одбира стар или млад. Уште кога од Бирото ја добива потврдата за вработување, со трчање оди да ги израдува своите во селото.

-Убавина. Три ипол години работев со чекан. Немаше машини. Но, се затвори рудникот и се преселив во Груништа, каде испитуваа дали има железо за скопската Железарница. Дупчевме карпи . Најденото го собиравме во сандаци. Заврши и тоа. Преминав во Жичарницата од фабриката Партизан крај селото Кален до Манастир. Станав машинист 12 години – раскажува Трајкоски кога не одбирал работа, туку сé прифаќал.

В село живее до 1969 година. Раздлебата била со голема причина. Го натерала маката. Без пат, од селото долго се пешачело до градот. Му се разболуваат двете ќерки од сипаници. Ги качил на коњ и преку планина ги донесол на доктор во Прилеп. Докторот ги задржал децата, а тој сам се вратил в село.

-Како да ми избега духот од селото. Се чувствував мачно. На татко ми му реков дека се ближи денот кога ќе го оставам. Во селото мораш да имаш волови, да ораш, сееш. Работевме како робови, но се прехранувавме и бевме многу здрави со здрава храна, здрава вода… Беше убаво, но одвоени од градот до кој доаѓавме пешки или со добиток. Некаде ќе се качеме на добитокот, некаде ќе одиме. Повеќе одевме – ги кажува маките, Димитрија.

Му зачестила идејата за заминување. Ја подгревал учителот Цане од Гуѓаково, со кој бил како брат. Учителот преку шурата заминал во Австралија. По две години го повлекува таму и другарот. Димитрија мислел дека ако за учен човек е убаво, за човек од село со осмо одделение е петпати поубаво. Заминува во 1971 година.

-Во туѓина, во огромниот Мелбурн се чувствував како во непознат и необичен крај. Јазик не знаев. Среќавам луќе и ме поздравуваат: ,,гуд морнинг,,, ,,гудивнинг,,… Ќе ме прашаат нешто, јас не знам. Сам. Првата работа ми беше со Австралијанец по 12 часа, со кој се менувавме. Тој зборува, а јас ништо не знам. Научив само: Но шпик инглиш. Мачно: 12 часа да не зборниш ич. Само со машината зборувавме -кажува за печалбарските почетоци.

Работата бара знаење на јазикот. Се запишал во вечерно училиште да го совлада англискиот за три месеци. Тогаш, се отвораа ТВ на македонски. Научува јазик колку да купи карта, да пазари по продавници. Натаму е полесно. Се сместив во стан и се борев некако. Сам. Ги совладува работите, напредува, печали, но душата му страда.

-На учителот Цане му велам: Овој живот не го бендисувам. Има пари, има сé, ама нема задоволство да се ужива како човек. На млади години да седнеш со друштво, да разговараш. Ме изеде осаменоста. Ако издржам некоја гоина – добро, ако не – се враќам назад. Ми вели: На сите им е тежок почетокот. Посе е сé навика – бил дијалогот на двајцата печалбари.

Му се причинува дека се навикнува, отпорен е. На крајот од 1973 година ,,летнува,, назад во Прилеп со виза од 12 месеци за да се врати во Австралија. Во почетокот на 1974 година тука се вработува во некој магацин и на Факултетот. Задоволството од родниот крај траело додека не ја почувствувал разликата во платите. Во Прилеп добивал месечна плата колку што заработувал за неколку дена на најдалечниот континент.

-На жена ми í реков да заминиме, а децата да останат. Во Мелбурн седевме 10 години и пак си дојдовме. Но да останеме немаше шанси. Велеа дека иди криза. Се губеше работата во Билјана, Црн бор… Така продолживме во Австралија. Лошо-арно, да се издржи до пензија – паднала конечната одлука.

До 1998 година кога сакале да ја продадат куќата. Стара, ама добила на вредност. Ссе изградиле игралишта за голф, паркови, хиподром… Добиле прималива понуда и нема чекање. Шансата за враќање. Спечалиле да го исполнат сонот, остатокот од животот да го минат дома.

– Двајцата зедовме пензии и заминавме да поживееме во нашиот крај. Зедовме доста пари од куќата и назад со песна, за раце фатени – ги кажува најсреќните мигови.

Зарем Мелбурн да се напушти? Градот што беше избран за најсреќен во светот. Рангиран највисоко според храната и пијалоцитње, културата, општествената заедница, соседството, среќата, степенот на погодности за живот и достапноста.

-Во Австралија многу луѓе не сакаат да ја спомнат Македонија. Како можат да го чуручат својот крај. Убав е. Работат по 12 саати. Вљубени се во парите. Заробенеци на парите. Научени се да не ги гледаат убавините на животот, да излезат со друштво, да се веселат, да се радуваат… Таму тоа е непознато, а во Светото писмо пишува – ,,да не е срцето ваше, каде што е богатството ваше,,! – го дели мислењето Трајковски.

Не може без Македонија, Прилеп, најмногу без Кален, родното село. Уште вториот или третиот ден кога се вратил, отишол таму.

-Кален ми е душата. Се враќам на тие минати 33 години таму. Сега е пусто, само две семејства, сé е урнато. И нашата куќа. Трева низ нивите. Често шетам каде што сме трчале, каде сме плачеле. Богатата Австралија не ја засакав, а родниот Кален никогаш не престанав да го сакам. Татко ми велеше: Синко, на камен да си роден, тоа ќе ти биде куќа – заврши Трајковски.

Голем верник

Димитрија е голем верник. Многу чита духовни книги. Откога стапнал на австралискиот континент, член е на Адвентистичката црква. Сега редовно ја посетува во Прилеп. Има толкувања за постот.

-Постот е правење добри дела. На земјава сме сите како браќа. Ако видеш гладен, нахрани го, ако видеш необлечен, облечи го. Тоа е пост – вели тој.

Извор: “Неделник Зенит”

Брука: Власта наместо да се бори против лажните вести, таа ги произведува- ова е доказ за лажната вест поврзана со Мицкоски (ФОТО)

Откако вчера во јавноста неколку портали ја пренесоа лажната вест поврзана со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој наводно земал 1,6 милиони евра од руски дипломати, денеска се појавија и докази за невистинитоста на веста.

Имено наместо власта која е најголем поборник на ширење на лажни вести, да ги спречи таа е извор на истите.

Лажната вест јасно се гледа дека е сечена од една друга вест објавена во руски медиум во октомври годинава поврзана со корупциски скандал на рускиот министер за внатрешни работи.

Според споредбата на двете вести овде станува збор единствено само за вметнување на податоците на Мицкоски, додека бројките се исти, што е јасен доказ за фабрикувана лажна вест.

По ова вчера се огласи и самиот Мицкоски преку својот Фејсбук профил каде напиша дека власта наместо да се посвети на проблемите, тие само крадат и шират лажни вести.

-Иако дното со Заев и оваа власт во заминување е оддамна пробиено, сепак вредно е да се напомене дека во овие моменти на изразена паника кај власта од престојниот пораз ширењето на лажни вести е веројатно единственото на кое оваа власт е посветена. Наместо да решаваат проблеми, тие се посветени на крадење и ширење лажни вести. И кога не би биле лажните вести кои тие ги креираат како што е оваа, ќе требаше да се збори за посуштински прашања за граѓаните, како на пример тоа што Заев направи гpaбеж на бизнис секторот со прогресивниот данок, и сега привремено ја стопира оваа штетна мерка, тоа што го пуштија да избега убиецот на Нешкоски, за сомнежите за криминал и рекет, за бегањето од избори и мал милион скандали на оваа арамиска власт. И додека разно-разни советничиња на премиерот имаат усти полни со демагогија за лажните вести, тие во позадина се нивните главни креатори. Паѓаат во вода сите нивни квази стратегии платени со народни пари. Нивното препелкање е нивната нервоза затоа што ја немаат поддршката од народот. Но ваквите нивни потези мене не ме вознемируваат, напротив ме мотивираат да продолжам во правилната насока. Сакам да им порачам, додека ги трошат жолтиците од рекетот, цинично се смеат и меѓусебно се храбрат дека еве го изнервираме реагираше, јас уште посилно ќе продолжам да се борам се додека со народот конечно не ги поразиме и пратиме во политичка пензија, но потоа ќе следи одговорност. Не ја навредувајте интелегенцијата на народот.

ПС: молевте и коленичевте за фер однесување, но уште еднаш покажавте дека за Вас не постојат принципи, ниту збор, тогаш подгответе се за кошмарот кој сами го создавате, и тој не е исполнет со лажни вести туку со факти и аргументи. И да, не заборавајте, овој народ ја сака вистината!, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Извор: kurir.mk

(Видео) Ова е единственото место на планетата на кое не може да се развие живот: Изгледа чудесно, но тоа е всушност “вратата на пеколот”

Фанцуски научници откриле во какви услови не може да се развие органски живот на Земјата, но за да го потврдат тоа се упатиле кон врелите извори Далол во етиопската депресија Данакил.

Овие извори не се познати само по тоа што се жешки. Целиот предел е исполнет со мали езерца и извори на исклучително солена вода која околината ја прави да изгледа нереално со прекрасна палета на бои- зелена, жолта, портокалова и кафена.

“Тоа е едно прекрасно, но непријателско место. Воздухот исполнет со хлор ни ги “запали” дишните канали. Ако било какви микроорганизми овде постојат, мора да се естремофилни микроби кои би биле многу интересни за астробиолозите”, вели предводникот на експедицијата Фелипе Гомес од шпанскиот Центар за астробиологија.

(Видео) Сицилијански град нуди бесплатни куќи: Еве кои се условите што треба да се исполнуаат

Сицилијанскиот град Камарта нуди бесплатни куќи како би се спасил од депопулација.

Градоначалникот на Камарта, Виченцо Џамброне, последниве три години се обидувал да ги убеди сопствениците на напуштените куќи бесплатно да им ги предадат на луѓето кои ќе се населат во градот.

“Не можам да прифатам овој прекрасен, стар, историски центар да се испразне и пропадне. Ме боли тоа”, вели тој.

Џамброне вели дека во моментов има десетина празни куќи, но дека наскоро ќе има многу повеќе.

Постојат неколку услови што треба да се исполнат.

Купувачите ќе мора да ги реновираат објектите во рок од три години. Исто така, ќе треба на општината да и исплатат 5.000 евра депозит, кои ќе им бидат вратени откако реновирањето ќе се заврши.

Паровите кои имаат дете ќе добијат бонус од 1.000 евра.

Пад на температурите и дожд – од вторник промена на времето

Времето денеска ќе биде променливо облачно, а во западните делови со услови за локален дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се движи од пет до 12 степени, а максималната од 13 до 19 степени.

Вo понеделник ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои во западните делови ќе бидат пообилни. Доцна поладне врнежите ќе престануваат, а облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Минимална температура ќе биде во интервал од осум до 15 степени, а максималната температура од 15 до 19 степени.

Од вторник ќе има пораст на дневната температура. Во вторник и среда ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се движи од три до 11 степени, а дневната од 17 до 23 степени.

“Паднаа” Фејсбук и Инстаграм

Корисниците на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм попладнево пријавија дека имаат проблеми.

Корисниците од поголемиот дел од Европа и САД , какои во Азија , пријавија дека не може да се логираат на Фејсбук и на Инстаграм.

Апликациите работат бавно или воопшто не работат и не се вчитува нова содржина. Downdetector.com покажува проблеми низ цела Европа и САД.

Проблемите се видливи и во помали области на Јужна Америка и Азија.

Од 16 часот, повеќе од 2.300 корисници на downdetector.com пријавиле проблеми со Инстаграм , а дел од корисниците подоцна започнале да известуваат и за проблеми со Фејсбук.

Корисниците на Фејсбук известуваат за проблеми со пораки, како и со пристап до самата мрежа, додека на Инстаграм не може да се поставуваат нови содржини.

Од локален херој до национална гордост: Фани Јованоска ги брани македонските бои на Меѓународен турнир во Шведска

10-годишната Фани Јованоска од Крушево е дел од Македонската репрезентација и во моментов ги брани македонските бои на силен Меѓународен пинг-понг турнир во Шведска.

Фани веќе освои едно прво место на турнирот кој ќе трае уште два дена.

Фани започнала да тренира пинг-понг на 7 годишна возраст, а тренерите веднаш го забележале нејзиниот талент. Набргу таа започнала да игра за Македонската репрезентација. Со поддршка на претседателот на федерацијата Горан Тиловски и потпретседателот Златко Рикалоски, кои не се штедат во ангажирањето околу неа, Фани стигнува до Шведска.

Посветеноста, желбата и талентот ја вивнаа до спортските височини, а за тоа голема заслуга има и тренерот Зоран Јованоски.

Борисов: “Замислете јас да му пуштам некој шпиyн на Путин да му врбува луѓе”

Бугарскиот премиер Бојко Борисов изјави дека неговата земја никогаш не била заложник на притисоци кога е во прашање протерувањето на руските дипломати.

Тој тоа го истакна поради информациите дека бугарските власти протерале еден руски дипломат поради сомнеж дека се занимавал со шпиунажа.

“Претседателот Путин ме знае многу добро, тој исто така знае дека јас не сум подложен на притисоци. Koга на сите им наредуваа да протеруваат дипломати, јас тоа не го направив”, вели Борисов и додава:

“Меѓутоа, сега фативме еден дипломат кој се занимава со шпиунажа и моментално решив да ја средам работата. Замислете јас да испратам некој свој човек кој во внатрешноста на администрацијата на Путин би врбувал луѓе, протерувањето би било најблагото нешто што би се случило”, вели Борисов.

Потсетуваме дека, амбасадата на Русија во Бугарија доби нота од Министерството за надворешни работи на Бугарија со која вработен во амбасадата се прогласува за “персона нон грата”, а дипломатот ќе ја напушти земјата.