Ќе ја бранат титулата државен првак: New Generation од Прилеп активно се подготвуваат за натпреварот “Dance Off” (Видео)

Најдоброто училиште за танци од Прилеп, “New Generation”, деновиве активно се подготвува за натпреварот “Dance Off Skopje Macedonia 2019”.

Toa е истиот натпревар каде минатата година се одржуваше Европското првенство во “Street dance” и “Hip-Hop”, a прилепскиот клуб зеде учество.

Оваа година од New Generation ќе настапат со формација во “street dance”, категорија каде ја носат титулата државен првак.

Од клубот очекуваат голема конкуренција од клубови со далеку поголеми финансии и спонзорства, но нивното најголемо оружје е танцувањето.

Покрај тоа, од клубот ќе се натпреваруваат со две групи во “техно денс”, како и соло точки во “Хип-Хоп”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.