Maкедонка избрана за градоначалник во општина со 200.000 жители во градот Мелбурн

Емилија Лиза Стерјова е избрана за најмлад градоначалник жена на општината Вителси (Whittlesea) во градот Мелбурн, Викторија.

Емилија Лиза Стерјова за првпат беше избрана за советник во Советот на Општина Вителси во ноември 2016 година и е досега најмлада избрана советничка во Советот на општината.

Од ноември 2017 до ноември 2018 година Емилија Стерјова беше заменик на градоначалникот на општина Вителси.

Општина Вителси брои 197.500 жители, годишно се доселуваат по околу 8.000 нови жители. Општината има Совет од 11 советници кои волонтерски ја вршат советничката функција. Советниците се избираат со мандат од четири години, а градоначалникот го избира Советот од редот на советниците за време од една година.

Емилија Стерјова по потекло е Македонка.

Емилија Стерјова се залага за подобрување на транспортната и патната инфраструктура во општината, како и за подобрување на услугите за младите и обезбедување на поголема поддршка на групите и нивните клубови на локалните заедници.

Емилија Стерјова е член на Советот на Фестивалот за народна музика во Вителси, член е на Комитетот на Средното училиште за капелани во Вителси и член на Групата за младинско управување на Вителси.

Емилија Стерјова во моментов е пред дипломирање на студии за право и меѓународни односи во Индонезија.

Светскиот Македонски Конгрес и’ посакува успешно остварување на доверениот мандат.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.