дома блог страница 2962

Чибишев: “Гнасна лага од пратеничката Нола”

Поранешниот пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Андон Чибишев, на својот Фејсбук профил, напиша статус на кој се спротиставува на кажувањата на пратеничката Нола Исмаиловска-Старова, кои таа ги изнесе во емисијата “360 степени”.

-Гнасна лага! Јас бев пратеник од 2014 до 2016 година. Немаше никакви условивања, а најмалку за гласање за промена на името. Срамота, напиша Чибишев на Фејсбук.

Главоболката откpива што не е во peд со вашето здpaвje

Постојат различни видови главоболки кои често погрешно се дијагностицираат, а најчесто исто се третираат. Главоболката може да биде предизвикана од многу причини, како што се замор и дехридатација, но често можат да укажуваат и на посериозни здравствени проблеми.

Д-р Сакиб Куреши, познатиот невролог, објаснува дека главоболките многу често може да се манифестираат со „предупредувачки сигнали со црвени сигнал“ , а за кои треба да се информирате за да можете да ги разликувате од општите главоболки оние кои може да бидат знак за алармантна загриженост.

Повеќето вообичаени видови на главоболки се поделени во четири групи и сите од нив покажуваат нешто во врска со нашето тело. Ако ги научите сигналите, можете ефикасно да научите како да ги третирате главоболките правилно.

Главоболка предизвикана од воспалителни синуси

При воспалени синуси се доживува силна главоболка. Овие болки се последица од инфекцијата и притисокот кој се чусвтвува на образите, очите и челото а може да се појави и треска.

Третман: консумирајте течности колку повеќе можете. Може да правите и инхалации со топла вода кои ќе помогнат да се намали воспалението и да се отворат симусите.

Консумирајте портокали и друга храна богата со витамин Ц или пијте зелен чај со лимон, бидејќи витаминот Ц и антиоксидатите ќе му помогнат на телото да се избори со инфекциите.

Помагаат и менување на ладно-топли облози, зеленчукови супи и свеж ѓумбир кој има моќна анти-воспалителни и својства за намалување на болките.

Целиот текст прочитајте го ТУКА

Потпретседателката на ЛДП pacпyка по надлежните за xaвapиjaта

Потпретседателката на ЛДП, Моника Зајков, жестоко реагираше на Фејсбук за синоќешната xaвapиja во ОХИС.

“Да се прикрива ваква xaваpија односно истата да се чека да ја пријават околните жители повлекува обврска за утврдување на одговорност на оние кои се обиделе да прикријат или не пријавиле навремено. Секоја фирма има протокол за постапување во случај на хаварија, зашто истиот во овој случај не е испочитуван?

Дали од страна на надлежните е утврдено колкав е размерот на хаваријата и колкав е размерот на опасност по здравјето на луѓето? Односно кои последици истата може да ги предизвика по здравјето на луѓето. Доколку е утврдено јавно да не информираат за истото.

Недозволиво е повеќе играње криенки и непонесување одоворност на сметка на здравјето на луѓето.

Минимум што заслужуваме е почитување на нашите права на здрава животна средина и заштита на здравјето”, напиша Зајков.

Шкотската лидерка бара од Лондон нов референдум за независност

Лидерката на Шкотската национална партија, Никола Старџен, порача дека владата на Велика Британија мора да и дозволи на Шкотска следната година да гласа за независност, затоа што Шкотска е соочена со излез од ЕУ против сопствена волја.

– Гласот за Шкотската национална партија е глас да се избегне Брегзит – истакна Старџен на почетокот од предизборната кампања.
Британскиот премиер Борис Џонсон, пак, вчера изјави дека нема шанси за референдум, затоа што на луѓето во 2014 година им било ветено дека станува збор за можност која се добива еднаш во животот.

Анкетите покажуваат дека поддршката за независност на Шкотска се зголемува, откако 55 отсто избирачи гласаа за нејзино останување во Обединетото Кралство на референдумот одржан пред пет години.

Голема опacнocт им се зaкaнува на корисниците на ВИБЕР- Ако ви стигне оваа порака веднаш избришете ја

Деновите на мобилните телефони на корисниците кои ја имаат инсталирано апликацијата „вибер“ им стигнала невообичаена порака.

Наводно, корисници добиле порака од бројот +79183301602 во која се наведува дека баш тие се среќни добитници на „интернационален вибер награден фонд“.

Во пораката се наведува дека наградата е 500.000 американски долари, а за да ги примите парите морате да пратите меил побарување, а со тоа и додатни информации, што директно наведува дека ќе ги оставите своите податоци и меил адресата на некого, а со тоа и да му овозможите да ги злоупотреби.

Станува збор за уште една интернет измама, а совет е на ваквите пораки никогаш да не се одговара и лозинките за пристап на електронската пошта редовно да се ажурираат.

БЛИСКИОТ ИСТОК ПОВТОРНО СЕ ТРЕСЕ ПОРАДИ ИЗЈАВАТА НА ЕРДОГАН: Мирот е на стаклени нозе, а тој зборува за нов cyдир

Претседтелот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, не ја исклучува можноста дека прекуграничната турска операција “Извор на мирот”во Сирија, ќе биде продолжена.

Тој вели дека постои таква можност додека разговараше со новинарите во својот претседателски авион, на враќање од Унгарија, пренесува телевизија НТВ.

“Нема сомнеж. Нема да застанеме се додека последниот тepopист не го напушти регионот. Нема да ја напуштиме Сирија откако останатите земји ќе си заминат. Го поддржуваме територијалниот интегритет и единстовото на Сирија”, одговорил Ердоган на прашањето на новинарите дали операцијата би можела да продолжи.

Турскиот лидер вели дека Анкара никако не сака да види распад на Сирија. Тој повтори дека Турција има право да изведува операција на основ на пактот од Адана.

(Видео) Пар посвои бебе со Даунов синдром- неговата реакција кон својата нова мајка разнежни многумина

Еден од најголемите стравови на идните родители е дали детето ќе им се роди со некаков здравствен проблем. Се случува понекогаш тоа да се случи, но се испоставува дека родителската љубов е многу поголема од проблемите и дека пожртвуваноста преовладува.

Едно смеејство посвоило бебе со Даунов синдром, а реакцијата на бебето на својата нова мајка е неверојатна.

Многумина велат дека нешто послатко во животот немаат видено.

(Видео) Русите го поддржаа Макрон! Неговата изјава ја отсликува вистината

Изјавата на францускиот претседател за “мозочната cmpт на НАТО” ја отсликува вистината, напиша на Фејсбук портпаролката на руското министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

“Колку е тоа точно? Изјавата ја отслукува вистината. Тоа е јасна дефиниција за ситуацијата на НАТО”, наведе Захарова, пренесува ТАС С.

“Што точно Европа може да направи за да ја врати контролата на својата судбина? Во 20 век имаше две вojни, во 19 век и пред тоа бесконечен број на локални вojни, како и активности за ширење на идеата со помош на копје и меч”, доава таа.

Дали СОНК бил тројански коњ и слуга на Владата?

Очигледно денеска гледаме една режирана претстава и политичко замешалство на власта во заминување. Денеска средбата која требаше да се случи помеѓу претставници на СОНК и претседателот Јаким Неделков со претставници на ВМРО-ДПМНЕ, и која што беше потврдена од самиот претседател на СОНК по средбата со министрите од власта еднострано беше откажана, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

-Што се однесува до самиот договор, претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ склучи колективен договор со кој што се предвидуваше динамично зголемување на платите од 25 проценти. Оваа влада е три години на власт и немаше никакво зголемување, а се што требаше да се направи е да се почитува договореното од страна на министерството за образование кое повеќекратно го прекршува тој колективен договор. Зошто сега се отфрлаат тие 25 проценти и се прифаќаат сукцесивно само првично по 10 проценти зголемување треба да одговори власта која што е во заминување, рече Стоилковски и додаде:

„Да бидеме јасни и недвосмислени, ВМРО-ДПМНЕ го поддржува секое зголемување на платите на работниците кое што треба да се прави врз основа на здрава и развиена економија. ВМРО-ДПМНЕ го повикува премиерот во заминување Заев на одговорен пристап со оглед на фактот што на оваа влада и преостануваат само уште неколку месеци од нејзиното катастрофално владеење, особено имајќи го во предвид фактот што е веќе докажано дека Заев може да ветува се, а знаеме дека реализацијата на тие ветувања е еднаква на нула. Како и за се друго неговиот збор нема вредност, затоа што овој човек не се држи до својот договор, и дека по изборите друг ќе треба да ги обезбеди тие средства“.

Напоменуваме, подвлече тој, дека ние ќе го дадеме максимумот за да им помогнеме на работниците затоа што тие заслужуваат многу повеќе.

-ВМРО-ДПМНЕ поддржува синдикално движење без политички обланди кое ќе се залага искрено и за правата на работниците.

(Видео) Доколку се остварел планот на овој архитект не би постоеле Медитеранот и Јадранско море: Еве кој стоел позади овој стpaшен проект

Пред помалку од еден век германската елита разговарала за идеата на архитектот Херман Зергел, да се направи супер континент кој би го сочинувале Европа и Африка.

Имагирнарниот континент би се викал Атлантропа.

Дека сите биле “загреани” за овој проект сведочат и голем број на документи за Атлантропа, исечоци од голем број географски списанија, како и цела мапа на потенцијалните европски градови во Африка, кои се чуваат во Минхенскиот музеј.