дома блог страница 2946

УХМР со предупредување: Лоша промена на времето

Времето денеска ќе биде променливо облачно понекаде во котлините со магла, а на истокот со сончеви периоди.

Ќе дува слаб југоисточен ветер. Преку ноќта од запад ќе започнат умерени врнежи од дожд.

Дневната температура ќе се движи во интервал од 14 до 19 степени.

Ученици од Сообраќајната единица при СОУ “Ристе Ристески-Ричко” ја развиваат свеста кај пешаците и возачите во Прилеп (ФОТО)

На 11.11.2019 и 12.11.2019 г., учениците членови на Сообраќајната училишна единица при СОУ “Ристе Ристески-Ричко” од Прилеп, во соработка со Полициската станица Прилеп-Сектор за сообраќај, заедно со своите професори кои ја водат оваа единица, спроведоа дводневна превентивна акција.

Акцијата беше намената за пешаците и возачите како најмногубројни учесници во сообраќајот. На пешаците кои несоодветно преминуваа на коловозот им се делеа флаери со соодветна содржина, а се со цел да им се укаже на последиците од несодветното преминување на коловозот. На возачите пак им се делеа флаери со содржина која укажува за задолжителното носење на зимска опрема и улогата на оваа опрема во безбедното одвивање на сообраќајот.

Професорите по стручните предмети и учениците – членови на С.У.Е. во текот на една година спроведуваат неколку вакви акции со кои укажуваат на честите недостатоци во сообраќајот а се со цел да се намалат жртвите од сообраќајните незгоди… По тој повод во понеделник и вторник на 18 и 19.11.2019 повторно ќе биде спроведена акција по повод Светската недела во спомен на жртвите од сообраќајните незгоди.

(Видео) Добил милиони на лотарија, а сега работи како рудар 7 дена во неделата: Ги потрошил сите пари, но сега тврди дека е посреќен

Шкотланѓанецот Мајкл Керол во 2002 година на лотарија добил 9.7 милиони фунти. Во меѓувреме своето богатство го потрошил и сега работи како рудар 7 дена во неделата.

Добитното ливче го купил за една фунта, а кратко по големата добивка ја напуштил работата и започнал да живее луксузно.

Сепак, тој тврди дека сега е посреќен. Како што вели, не жали што потрошил толку многу пари за краток временски период.

“Тоа беа најдобрите десет години во мојот живот. Не можам да го вратам времето. И денес живеам добро. Живеам слободно. Среќен сум, бидејќи чувствувам дека си го вратив животот назад”, вели Мајкл.

(Видео) Го загубил прстенот на ливада, па се вратил да го бара со детектор за метал: Наместо прстенот пронашол големо богатство

Двајца Ирци тргнале со детектор за метал да го бараат прстенот, но не можеле да претпостават дека ќе си заминат дома побогати за 100.000 фунти.

Пол Рајнард (44) заедно со својот најдобар пријател Мајкл Гвин (52) пронашле “ќуп со богатство” на ливада во Северна Ирска.

Пронашле 84 златни монети кои датираат од 16 век. Експертите велат дека една монета со ликот на Хенри VIII вреди 5.000 фунти.

Се огласи Александар Вучиќ- еве што напиша српскиот претседател (ФОТО)

Претседателот на Србија Александар Вучиќ се огласи со кратка пишана порака, во која се заблагодарува на персоналот на ВМА и на сите кои се грижеле за него и најави дека од понеделник продолжува со работа со полна пареа.

-Им благодарам на лекарите и на вработените во ВМА. Им благодарам на сите кои беа загриени. Веќе од понеделник ќе бидам во полн работен погон, напиша Вучиќ.

Вучиќ вчера беше примен на Воено-медицинската академија (ВМА) поради кардиоваскуларни проблеми, соопшти Генералниот секретаријат на претседателот на Србија.

На водителите им течеа солзи од смеа: Славица во живо на ТВ раскажа за љубовниот живот со швалерот (ВИДЕО)

Во попладневната емисија на телевизија “Алфа TВ” како и вообичаено граѓаните имаа можност да дебатираат, а овој пат на темата „Озборување“.

Во емисијата се јави веќе добро познатата на македонската јавност гледачка, Славица дебатирајќи на оваа тема.

Таа среде емисија зборуваше за нејзиниот љубовник, но и како тој озборувал додека воделе љубов, а на водителите им течеа солзи од смеење.

Погледнете:

Колач со костени како измислен за неделно изненадување на најблиските (РЕЦЕПТ)

Овој колач брзо се подготвува, а е неверојатно вкусен и ароматичен.

Потребно е:

125 г путер, 150 г шеќер, 3 јајца, 200 г брашно, 50 г мелени бадеми, 200 мл млеко, 150 мл слатка павлака, 200 г костени, 1 ванилин шеќер, 1 прашок за пециво, 1 лажиче цимет, 50 г сецкано чоколадо

За украсување:

100 г чоколадо за готвење
2 лажици слатка павлака

Подготовка:

– Костените сварете ги, исчитете им ја внатрешноста и испасирајте ги.

– Во еден сад измешајте ги сите суви состојки.

– Млекото измешајте го со пирето од костени и на крај додадете ја слатката павлака.

– Пенесто изматете го путерот со шеќерот и постепено додавајте едно по едно јаце со постојано матење. Потоа во оваа смеса додадете ги сите суви состојки, а потоа и мешавината со млеко и пире од костени и измешајте со лажица.

– Калапот за куглов намастете го убаво со путер и посипете го со малку брашно. Сипете ја горната смеса во калапот одозгора посипете ја со сецкано чоколадо.

– Ставете да се пече во загреана рерна на 180 целзиусови степени околу 50 минути, но најдобро е по 40 минути да проверите со чепкалка за заби дали е печен.

– Готовиот куглов полијте го со растопено чоколадо со две лажици слатка павлака во него и по желба да го посипете со крупен шеќер.

Не ги фрлајте! Овие намирници немаат рок на траење

Иако на амбалажата на одредени намирници има јасно наведен рок на траење, не значи дека сите треба да се најдат во ѓубре по тој датум.

Многу видови храна и пијалоци всушност немаат рок на траење и безбедни се за консумирање, ако биле чувани во соодветни услови до моментот на користењето.

Една од овие намирници кои можете да ги јадете без страв е медот, без разлика дали се кристализирал или ја променил бојата. Археолозите во древни египетски гробници имаат најдено мед стар илјадници години што уште може да се јаде.

Јаболковиот оцет има многу поволно дејство на организмот, претставува природен лек против болка и е одлично средство за чистење. Исто така и нема рок на траење.

Рок на траење нема ни пченичниот скроб, под услов да го чувате во затворен сад на ладно место.

Солта исто така не може да се расипе, без разлика колку долго стоела неупотребена, секако ако сте ја чувале на суво место.

Водка, рум, виски и други жестоки пијалаци исто така не може да се расипат, ако се чувале неотворени, во спротивно може да оксидираат и да изгубат на структура и вкус.

Рок на траење немаат и оризот, екстрактот од ванила и јаворовиот сируп. Сите треба да се чуваат на суво, ладно место, далеку од директна сончева светлина.

Извор: “Република.мк”

Само половина час шетање низ длабока шума прави чуда со вашето здравје: Погледнете зошто тоа е така

Секој уживал во убавините на природата шетајќи низ шума барем еднаш во животот. Тоа е причината поради која некои луѓе одбираат да живеат во или покрај шума. Тоа е причината и поради која голем број луѓе поминуваат стотици и илјадници километри за да отидат во некоја далечна дивина или на пример во прашумите во Бразил и Еквадор.

Меѓутоа, научниците од Јапонија откриваат дека традицијата која се нарекува “Шинри-иоку” или “капење во шума” и понатаму е популарна, а причините за тоа се од биохемиска природа.

Всушност, истражувачите воочиле дека престојувањето во шума го поправа природниот имунитет, кој е важен за спречување на рак и други канцерогени заболувања.

Како се доаѓа до тоа?

Кога научниците тестирале луѓе пред и после двочасовно шетање низ шума, кај сите луше пронашле 50% и повеќе Т-зрнца. Имале намален крвен притисок, чувствувале смиреност како и разбистрување во главата.

Шумските дрвја и билките емитираат во околината “антимикробни испарливи органски соединенија на растителни деривати, наречени фитонциди, за истребување на габи и бактерии”. Габите и бактериите можат да бидат проблем за нашиот имунолошки систем и излегува дека дрвјата не ги сакаат ниту нив.

Шумските стебла се често пати стотина години стари. Дрвјата и другите билки, усовршиле заштита, односно споеви кои можат да ги убијат габите и бактериите. Кога се движите низ шума, вашиот здив се соединува со овие компоненти. Влијанието врз здравјето трае околу 2 месеци.

Да речеме, кога се движиме низ шума ние се бањаме во нејзиниот природен имунитет. Влегуваме во “фитохемискиот” имунолошки состав на шумата.

Ќе ви ја замpзне kpвта: Кит поминува под група сурфери среде океан (Видео)

Видео со кит, кој минува низ група сурфери во водите на Тихиот Океан стана сензација на Интернет.

Настанот успеал да го сними со својот дрон средношколецот Пејтон Ландас на плажата Дохени во Калифорнија.