дома блог страница 2947

Cрпcкиoт прeтceдaтeл итнo пpимeн во бoлницa: Александар Вучиќ се здoбил со пpoблeми со cрцeтo

Поради пpoблeми со cрцeтo, српскиот претседател, Александар Вучиќ, доцна синоќа е примен на Воено-медицинската aкaдемија во Белград, соопшти Генералниот секретаријат на Претседателот на Србија.

Српскиот претседател бил пpимeн на Вoeнo-мeдицинcкaтa академија во Белград, соопшти Генералниот секретаријат на Претседателот на Србија, а веста рано наутро ја објавија сите српски медиуми.

На Вучиќ вчеравечер нaглo му се cлoшилo откако беше на разгледување на проектот „Белград на вода”.

(ФОТО) Тони отпад го засипаа Дубровник: Градот непрепознатлив после невремето

Стотици тони пластичен и друг отпад се исфрлаат од Јадранското Море при секоја посилна бура, а најпогодени се бреговите на островите, но и подрачјето на Дубровник.

Според „Далмација данас“ најчесто станува збор за ѓубре од Албанија, каде тамошниот отпад неконтролирано завршува во реките кои абнормалните количини пластична и друга амбалажа ги носат до Јадранското Море. Потоа морските струи и брановите го носат ѓубрето на морското дно и на хрвтаските плажи.

-Секако, ниту домашното население не е вакцинирано против еколошко самоубиственото однесување, посочува „Далмација данас“.

Фотографијата која ја објави порталот е настаната по вчерашното невреме во Хрватска.

„Пушкаш Арена“ сјае во Будимпешта: Орбан вложи 600 милиони евра за – Евро 2020 (ФОТО)

Унгарија синоќа го отвори својот најголем, најмодерен и најскап спортски објект, во кој се инвестирани 600 милиони евра – „Пушкаш Арена“, стадионот на кој ќе се играат мечеви од Евро 2020, а идното лето на него би можела да заигра и макеоднската фудбалска репрезентација ако преку мартовските баражи успее да се пласира за првпат на еден континентален собир.

Унгарците играа пријателски меч со Уругвај, на кој триумфираше бившиот светски првак со 2-1 со голови на Единсон Кавани и Бриан Родригез, но во фокусот беше модерното здание кое е изградено на местото на стадионот „Неп“, отворен во 1953 година. Прекрасниот фудбалски објекс, на кој сигурно во иднина ќе гледаме и финале во Лигата на шампионите, има капацитет од 68.000 гледачи и чинеше 620 милиони евра.

Нормално, Арената е именувана по најголемиот унгарски фудбалер на сите времиња, Ференц Пушкаш, а почетниот удар го изведе 93-годишниот Никита Симонјан, кој го отвори и стариот „Неп“. На новата убавица во Будимпешта на Евро 2020 ќе се играт три меча од групната фаза и едно осминафинале.

ФОТО: Ја остави за актерката – Ова е првата сопруга на најпознатиот турски актер

Славниот актер Халит Ергенч кој го гледавме во „1001 ноќ”, „Величенствениот” како и „Далеку од дома”, серијата која е хит на Сител, е во среќен брак со својата колешка Бергурзал Корел, но пред да биде со неа и да им почне љубовта, беше во брак кој заврши со развод.

Тие беа заедно во брак една година од 2007-2008 додека тој не ја запозна убавата Шехерезад на снимање.

И убавата актерка бергурзал беше во долга врска и верена, но ја раскина веридбата за халит.

Силјановска: Aко одбиpaте недоволно oбpaзовани луѓе, од нив може да очекувате „Peкeт“

Специјалното јавно обвинителство беше паралелен орган со буџет неколку пати поголем од други органи, а кога се создава нешто паралелно не може да се контролира. Ова во вечерашното интервју за „Само интервју“ на „Канал 5“ го изјави универзитетската професорка Гордана Силјановска Давкова.

Според Силјановска, СЈО е страшен пораз на правната држава.

-Ние треба да избираме судии и јавни обвинтели кои не се таму по партиска блискост или непотизам, туку заради знаењето што го имаат зад себе. Aко се одбираат луѓе кои што не се доволно образовани и немаат знаење, од нив може да очекувате „Рекет“. Ако вие синомимот за реформите, го врзете за трите ангели, а сега зборувате за демонизација којашто завршува на чуден начин, тогаш тоа е страшен пораз на правната држава, рече Силјановска, додавајќи дека мора да има многу построги критериуми за изборот на судиите.

Силјановска додаде дека ветингот е признание дека судството е потонато.

-По телевизиите гледаме судијки, судии, јавни обвинители на кои не им е местото по телевизии, некои од телевизиите наликуваат на Бродвеј, Карла Дел Понте не изведувала докази по телевизиите. Не може да функционира правната држава ако оние што биле директно или индиректно поврзани со првообвинетите го овозможувале тој процес, тие не се невини, со чинење или со нечинење, тие знаеле што прави Бојан Јовановски, го гледале како пријател, сега одеднаш не го познаваат, одеднаш сметаат дека притворот за него е потребен е етичка дилема, додаде Силјановска.

Целата емисија со професорката:

Денес се празнува преносот на моштите на Светиот великомаченик Георгиј: Многумина сведочеле на чудотворни нешта

На овој ден се празнува преносот на моштите на свети Георгиј од Никомидија во градот Лида Палестинска, каде што поcтpaда во времето на царот Диоклецијан.

Сtpaдањето на овој прекрасен светител е опишано под 23 април. Пред смр тта, свети Георгиј го замоли својот слуга да го земе неговото мpтво тело и да го пренесе во Палестина, од каде што беше родум и мајка му и каде што имаше голем имот кој им го раздаде на сиромасите.

Слугата така и направи. Во времето на царот Константин, во Лида, побожните христијани му изградија на свети Георгиј прекрасен храм и при осветувањето на храмот во него ги пренесоа моштите на светителот и таму го закопаа. Од чудотворните мошти на светиот великомаченик Георгиј се случија големи чуда.

(Видео) Фирерот сакал и необични работи во своето лудило: Во Полска откриени тајни градини на Xитлep, кои имале посебна намена

Остатоци од градини и стакленици кои лидерот на германските нацисти Адолф Хитлер ги користел за одгледување на овошје и зеленчук, откриени се во некогашниот главен штаб на германскиот Источен фронт.

Локалните историчари го истражувале озлогласениот бункер на Хитлер кој се наоѓа на територијата на Полска. Тие откриле темели на куќа, две стаклени градини и подземна котларница која спроведувала вода и топол воздух за персоналот а може да ги одржува производите свежи за време на целата година.

Доаѓа циклон кон Македонија

Времето денеска во Македонија ќе биде умерено до значително облачно, по котлините магливо. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.

Утринската температура ќе се движи од три до 11, а дневната 12 до 20 степени.

Под влијание на влажни бранови од понеделник до среда ќе има повремени врнежи од дожд, на места пообилни.

(Фото+Видео) Градот кој исчезнува: Нивото на водата зголемено за метар и половина- затворен познатиот плоштад Свети Марко! Вакво нешто не се случило од 1966 година

Централниот плошдад Свети Марко во Венеција е целосно поплавен и затворен за туристи, откако водата повторно влезе во продавниците, рестораните и хотелите.

Локалните власти соопштуваат дека плимата достигнала 154 центиметри, многу над очекувањата, но дека сеште 70 проценти од градот се под вода.

Најлошата поплава во Венеција во поново време се случила во 1966 година, кога нивото на водата се зголемило за 194 цениметри.

Најнова вест: Српскиот претседател Александар Вучиќ итно примен во болница!

Поради проблеми со срцето, српскиот претседател, Александар Вучќ, доцна синоќа е примен на Воено-медицинската академија во Белград, соопшти Генералниот секретаријат на Претседателот на Србија.

Веста ја објавија рано утрината српските медиуми.

Српската јавност е известена за здравствените проблеми на хипер-активниот Вучиќ само со една реченица.

Нема детали за неговата моментална состојба и дали здравствените проблеми се сериозни или се работи за замор.