Ученици од Сообраќајната единица при СОУ “Ристе Ристески-Ричко” ја развиваат свеста кај пешаците и возачите во Прилеп (ФОТО)

На 11.11.2019 и 12.11.2019 г., учениците членови на Сообраќајната училишна единица при СОУ “Ристе Ристески-Ричко” од Прилеп, во соработка со Полициската станица Прилеп-Сектор за сообраќај, заедно со своите професори кои ја водат оваа единица, спроведоа дводневна превентивна акција.

Акцијата беше намената за пешаците и возачите како најмногубројни учесници во сообраќајот. На пешаците кои несоодветно преминуваа на коловозот им се делеа флаери со соодветна содржина, а се со цел да им се укаже на последиците од несодветното преминување на коловозот. На возачите пак им се делеа флаери со содржина која укажува за задолжителното носење на зимска опрема и улогата на оваа опрема во безбедното одвивање на сообраќајот.

Професорите по стручните предмети и учениците – членови на С.У.Е. во текот на една година спроведуваат неколку вакви акции со кои укажуваат на честите недостатоци во сообраќајот а се со цел да се намалат жртвите од сообраќајните незгоди… По тој повод во понеделник и вторник на 18 и 19.11.2019 повторно ќе биде спроведена акција по повод Светската недела во спомен на жртвите од сообраќајните незгоди.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.