дома блог страница 2945

Вака се претставува својот град: Танцовото студио “New Generation” од Прилеп со грст награди се врати од Скопје (Видео)

Танцовото студио “New Generation” од Прилеп од меѓународниот “Dance Off” натпревар во Скопје се врати со еден куп награди и пофалби.

Ова е уште еден доказ дека членовите на “New Generation” прават вистинска хип-хоп револуција, а освоени се следните места:

Прво место во Тehno Dance Junior во формација,

Прво место за Ивана Богојевска во категорија Electric Boogie,

Второ место за Софија Ристеска во Street Dance solo junior,

Полуфинален настап во хип-хоп за Елена Апостолоска и Марија Ранчан,

Четврто место за Ана Јованоска во Street Show Dance Children,

Хуртадо Мира: Ќе испратиме европска порака дека ние сакаме нов премиер, Христијан Мицкоски

На дваесет и осмата годишна конференција на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ се обрати и Хавиер Хуртадо Мира, претседател на демократската младинска заедница на Европа.

Во продолжение интегрално Ви го пренесуваме неговото обраќање:

Се чувствувам како дома. Македонија за мене е земја која ја посетувам неколку години. Задоволство ми е денеска да присуствувам на вашиот конгрес, ви благодарам на поканата.

Знам колку е важно за Унијата на млади сили да има вакви конекции со Европа. Не треба да прифаќате никакви лекции од никого, затоа што сте вистинска европска земја. Треба да го знаете тоа и никој не треба да ви кажува.

Многу сум горд што ги гледам моите пријатели тука. Го гледам Нело тука, го гледам Тимчо, Горјан, Бојана, многу сум горд за сето тоа што го правите со нас. Знаете, долго време вашата партија е член на нашата организација. Родени сме 1964 година, конкретно да се бориме против комунизмот и знам од вашата историја дека сте биле храбри луѓе коишто се бореле против комунизмот, којшто овие денови се нарекува социјализам којшто е содржан во вашата Влада и таа игра треба да заврши што побрзо, тоа подобро.

Му носам порака на вашиот премиер, господинот Заев, и на албанската заедница во Македонија: „Треба да знаете дека вистинските демократи припаѓаат на централистичкото семејство на Европа, имаме гордо минато во коешто сме се бореле против тоталитаристичките идеологии и затоа ВМРО-ДПМНЕ е наш партнер, наш пријател и наш долготраен борец за слобода во Македонија!“

Знам и колку е комплициран системот за гласање и знам дека во некои општини се противат да имаат вистински цензус од населението, и сето ова го знаеме во Брисел и во Стразбург и нема да дозволиме ова да продолжи да се случува во Македонија која треба да биде вистинска демократска земја водена од ВМРО-ДПМНЕ под лидерство на Христијан! Од тебе! Христијан, ти си нашиот лидер! И сакаме да дојдеш во Брисел по предвремените избори како нов премиер на Македонија и да ја внесеш Македонија во Европската Унија. Ти си нашиот народ, ти си нашиот премиер, ти си нашиот лидер!

Во нашето демократско семејство, ние сме политичко семејство, многу сме горди на нашите членови. Вие сте една од најсилните членки, посебно во Балканскиот регион. За нас е многу важно да го комплетирате европскиот процес, а тоа значи дека еден ден, колку побрзо толку подобро како што реков, ќе станете дел од европското семејство. Ни требаат конзервативците, ни требаат демохристијаните од Макеоднија, ни требаат класичните либерални луѓе да дојдат во Брисел, да дојдат во Стразбург, да кажат тоа што треба и го кажат на Европа. Како сте уште горди и сакате да ја зачувате Христијанската култура на ваква земја. Се соочуваме со многу интернационални напади, јас сум глобалист, но истовремено сум и патриот, а разликата помеѓу социјалист и конзервативец е во тоа што ние конзервативците си го сакаме нашиот народ, ние конзервативците си ги сакаме нациите.

Како што гледате, има голема разлика и во вашата земја помеѓу двете знамиња на двете најголеми политички партии. Центардесничарската, вашата, со прекрасниот лав и социјалистите, тие имаат тупаница или претходно, комунистичката ѕвезда на нивното знаме. Тие не можат вистински да и бидат пријатели на слободата. Имаат проблем со слободата, сакаат да ни кажуваат како да живееме, како да гласаме и како да владееме со земјата. Но, има еден голем проблем, секогаш кога владеат ја уништуваат нашата економија, ги поделуваат нашите семејства, не ги застапуваат нашите национални интереси во Европа и во глобалниот свет. Тоа е голем проблем и затоа треба ВМРО-ДПМНЕ да се врати на власт и да ги имплементира вистинските политики и да ги смири нашите семејства, да има вистинска економија и да ги запре младите луѓе да ја напуштаат земјата. Сакаме младите од Макеоднија да одат надвор, да, но сакаме најдобрите луѓе од вашата земја да бидат во ВМРО-ДПМНЕ и на да водат оваа прекрасна земја за доброто на сите.

Јован, имаш многу добри претходници, Нело, мојот пријател Лука, знам дека имаш голема обврска да ги обединиш семејствата, знам што се случи на вашето семејство, а поделбите во централистичките семејства секогаш биле проблем за да се вратат пак на власт. Затоа, те повикувам тебе и Христијан, ја имате европската поддршка, ако сме ние мостот за вашите луѓе, за поранешните членови, ако можеме да ви помогнеме да си го најдете семејството и да се вратите на власт, ќе бидеме среќни да застанеме со вас, блиску до вас и секогаш со вас.

Како што споменав, меѓународните сили се обидуваат да се борат против некои суверености, особено во европските земји. Тоа е случајот со вашата претходна Влада, тоа е случајот со нашиот пријател, господинот Орбан, во Унгарија, тоа е исто така случај и во Словенија, со конзервативната партија. Затоа е многу важно, вашето семејство Христијан, ВМРО-ДПМНЕ, да припаѓа во EПП. Исто така, сме многу среќни што имаме членови од EЦР, европската конзервативна група, да имаме многу добро сојузништво со САД, со конзервативната партија во Британија, со полската влада и многу други.

Исто така, многу сме среќни што градиме мостови со нашето соседство, вклучувајќи ја и Русија, Ирак, со Христијаните кои се процесуирани во Сирија и Ирак, многу е важно да имаат европски партенр во кој може да веруваат дека ние стоиме позади нивните интереси, вредности, за нашите заеднички принципи.

Ќе се вратам на лавот којшто толку многу го сакам на вашето знаме. Лавот, спие околу 20 часа на ден и како добар Шпанец можам да се идентификувам со него. Но, не е точно така. Знаете, лавовите се собираат во т.н. крда. Знам дека сте многу горд народ и многу ве почитувам поради тоа, а гордоста е еден од главните принципи за вредност на централистичкото семејство. Затоа што како што кажавте Христијан, сакаме европска интеграција на Македонија и сакаме да сме во добри односи со нашите соседи, но тоа ќе биде само со почит кон Македонија, а вие сте горд народ којшто мора да биде почитуван насекаде.

Затоа мои драги лавови, мои драги членови на УМС, ќе имате ретко, убаво и долго партнерство во историјата, ќе застанеме блиску до вас во секое време, се надевам кога ќе бидат изборите ќе испратиме европска порака дека ние сакаме нов премиер, под водство на Христијан Мицкоски, се надевам дека ја донесовме таа порака денеска. Имаме конгрес на Европската Народна Партија наредната недела во Загреб, ќе бидам таму со некои од вас, мислам дека е голема можност да му ја покажеме нашата поврзаност и заеднички гледишта и нашата сила на централистичкото семејство кое ќе номинира нови членови таму и ново лидерство, за да им биде јасно дека младите луѓе од ВМРО-ДПМНЕ под водство на мојот пријател Јован, имате голема обврска за европскиот случај. Многу е убаво да се види дека европското знаме е тука и не придружува, затоа што како што ви кажав, никој не треба да ви кажува дека сте европска земја, дека сте чисто европска земја и сето она што треба да го имате е вистинска стратегија, да се грижите за вашите членови кои ги има толку многу денеска овде, прекрасна слика. И сигурен сум дека социјалистите коишто се до нас, ќе не слушнат и ќе бидат сигурни дека времето им помина. Мораме да кажеме: „Господине Заев, играта заврши.“

Со тоа е и мојата конечна порака до моите драги пријатели, останете силни, бидете лавови какви што сте, успешни сте на социјалните медуми, имате прекрасни жени, толку паметни, тие се најдобрите амбасадори на вашата партија во странство, верувајте ми. Сигурен сум дека христијанските вредности ќе се издигнат пак во Македонија. Сигурен сум дека некои од етничките проблеми што постојат во земјата ќе бидат решени под лидерство и ќе се заложам да им кажам на моите албански пријатели: „Ако навистина се грижите за традицијата, за вашите конзервативни вредности, лидерот којшто треба да го гласате не е етнички лидер, тоа е лидер кој е вистински конзервативен лидер, кој го претставува вашето семејство, не поради вашата кожа, религија, туку поради вашите принципи, и овој лидер се вика Христијан Мицкоски.

Ви благодарам многу, задоволство е да се вратам тука и да ја посетувам вашата земја скоро секоја година во последните 10 години, навистина се чувствувам како дома. Вие сте вистинско христијанско демократско семејство коешто ни ги топли срцата. Бидете такви, не се менувајте, држете го вашиот дигнитет високо, вашата гордост повисоко и вашето пријателство со мене, со ДЕМЅЦ и со нашето европско семејство нека биде поцврство од било кога.

Господ да ве благослови, Господ да ја благослови Македонија, ви благодарам.

На секој наставник Заев му одзема по 5.600, односно 11.000 денари месечно од платата согласно со минимална плата

На обраќањето на 28 Годишна конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ претседателот на партијата Христијан Мицкоски потсети на предупредувањата дека изборите се време кога Заев го вклучува лажењето на најјако. Тој се осврна на предизборните ветувања за наставниците, пензионерите.

-Во истиот ден кога најави зголемување на платата на наставниците и професорите требаше да каже дека всушност одзема од платите на овие луѓе. Секој наставник и професор треба да знае дека Заев не ја зголемува вашата плата, Заев ви одзема од Вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието и тоа во просек по 5.600 денари месечно согласно старата, односно речиси 11.000 денари согласно најавената минимална плата! Исто како што пенизонерите треба да знаат дека за овие три години власт требаше пензиите да пораснат за најмалку 1 500 денари согласно законот кој Заев го смени, односно со кој го укина усогласувањето, а сега ќе вели ќе ги покачувал пола од таа сума која претходно ја одзема, односно само 700 денари, рече Мицкоски.

Своите тврдења тој ги поткрепи со штурите партиски соопштенија на СДСМ наместо силниот демант од Владата.

-Нема да чуете квалитетен демант од владата за сето ова што го зборам. Нивната реакција се сведува на штуро партиско соопштение, или некаква изјава од партиското седиште со општи и излитени фрази… како Груевски ја водел партијата, режимот, диктатурата… иако сето ова нема никаква допирна точка со тоа што Владата им краде пари на пензионерите, наставниците, професорите. А кога сме кај обвинувањата за режим, тука СДСМ се ненадминати. Тие врпочем стануваат производ кој ги усовршува не само маните, без квалитетните страни на претходната влада на ВМРО, туку тие се заеднички именител на сите недостатоци на сите влади овие изминатите 28 години, рече лидерот на опозициската партија.

Децата бегалци протестираа пред уништениот споменик во „Жена борец“

Денеска во паркот „Жена борец“ во центарот на Скопје се одржа мирен протест пред уништениот споменик на Децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија.

Децата бегалци од Егејот се собраа во голем број пред вандализираниот споменик и ја повикаа власта да ги пронајде и да ги санкционира сторители на делото.

Исто така, тие побараа од власта да го реконструира споменикот и да го врати во негов полн сјај, со што власта ќе покаже дека ја почитуваат македонската историја и страдањето на децата бегалци.

Тие со своите пораки повикаа и на семакедонско обединување и помирување во земјата и надвор од неа.

Докажано прилепскиот мед избран за најдобар во Македонија

На меѓународниот натпревар за квалитет на медот во организација на здруженијата „Полошки мед“ и „Градот на пчелите“ во Тетово, прилепските пчелари се закитија со вредни медали. Овој натпревар беше мегдан за 250 пчелари од дури 15 земји од Европа на кој што беа потврдени вредностите на медот од индивидуални учесници – објави “Радио Пела”.

Примероците од мед беа подложени на две фази испитувања-лабораториска анализа на Факултетот за храна на Универзитетот во Тетово, како и органолептичка анализа. За признанијата одлучуваше 10 члена комисија од пет држави.

Од прилепските пчелари со злато за врвниот квалитет на медот од различни категории се закитија: Дејан Бошкоски во категоријата „Планински мед“ доби златна медалја, Зафир Зафироски во категоријата „Ридско – ливадски“, Илко Петкоски највисокото признание го добија во категоријата „Мариовски мед“, а со средбро се закити и Сашо Палески.

Но, пчеларењето не е исто како пред неколку децении. Големи проблеми на пчеларите им создаваат климатските промени со кои се борат секоја сезона.

– Приносите од мед варираат секоја година бидејќи, секоја година не е иста со претходната. Пашата е многу оскудна и мораме често да ги селиме пчелните семејства. Многу работа, но мали приноси тоа е резултатот, вели Зафир Зафироски, кој бара од државата да се намали ДДВ то за пчеларската опрема која сега изнесува 18% на 5% со што ќе може да се поддржат пчеларите во нивната работа.

Манифестацијата во Тетово се организира за прв пат во Македонија и има за цел да го верифицира квалитетот на медот од индивидуалните производители, не само од земјава туку и пошороко. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, посочи дека ова е натпревар, но воедно и промоција за квалитетот на домашниот мед.

Пчеларите имаа низа забелешки во националната поддршка за пчеларство, така што од нив, ресорното министерство ги прифати советите за зголемена финаниската поддршка од 600 до 800 денари за развојни категории при зголемување на пчелните семејства.

Со цел да се поттикнат заинтересираните да почнат пчеларство од оваа 2019 година наместо минимумот од 30 пчелни сандаци за добивање субвенции е намален на десет. Оваа година се пријавиле 240 илјади пчелни семејства, од над 6 илјади пчелари за кои од буџетот ќе бидат изддвоени 2,5 милиони евра.

Извор: “РАДИО ПЕЛА”

(ФОТО) Xopop детско игралиште во прилепско: Џабе некој ќе го направи кога после не се одржува

Паркот во населеното место Селце прилепско претворен во руина. Катчето кое беше наменето за одмор и рекреација на најмалите од ова приградско населено место е целосно затревено и уништено.

Погледнете:

Нова цена на горивата во Македонија

Бензинот Еуросупер БС-95 оваа недела поскапе за денар, а Еуросупер БС-98, дизелот и екстра лесното масло за домаќинства за половина денар.

Новата цела на литар ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 68,50 денари, а 70,50 денари на Еуросупер БС-98. Литар ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се продава за 62 денара, екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 50,50 денари. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,206 денари за килограм и изнесува 33,340 денари.

Зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати во просек изнесува 0,93 проценти.лв/

РКЕ ја донесе одлуката за цената на горивата врз основа на цените на нафтените деривати на светскиот пазар и курсот на денарот во однос на доларот во изминатите седум дена.

Сега од утре не чека нова цена на горивата. Останува да видиме дали ќе има поскапување или поевтинување.

Загреб под вода: Сава се излea од коритото, цpвен алapм во Хрватска

Зголемените налети на ветерот во средината Јадранот и во саботата навечер создаваа повеќе метарски бранови, така што сите линии на катамараните кои го поврзуваат Сплит со островите сè уште се во прекин.

Ветерот достигнува брзина и до 80 километри на час во централниот јадрански регион, а во попладневните часови не пловеше линијата Сучурај – Дрвеник – вели Јелена Ивулиќ од агенцијата „Јадролинија“.

Таа додаде дека поради зголемените налети на ветерот, траектот на линијата Трогир – Дрвеник Мали – Дрвеник Вели, дури и не испловил.

Поради обилните врнежи од дожд кои го зафатија Загреб во текот на поголемиот дел од седмицата, се зголеми водостојот на реката Сава.

Поројниот дожд во градот паѓа од синоќа, што предизвика голем број проблеми во сообраќајот, а според последните информации, реката Сава се излеала од коритото.

Прилепcко чyдо, на 60 години игpa бек

Живот: Благоја Наумчески, повратник во големиот фудбал

Настапува за новоформираната екипа Мажучиште

До каде се границите на човековите можности? Ова прашање се поставува кога слушаме за активни спортисти над 40, 50 години. Пред неколку години објавивме дека во Кадица Забрчани во средниот ред играше Орде Котески на 53 години. Медиумите од соседните држави информираат за фудбалери со незавршена кариерата со полни 50 години. Чуда и рекорди, додека не се сретне сограѓанинот Благоја Наумчески – Пајчето. По четири месеци тој ќе наполни 60 години, а тукушто почна да настапува за Мажучиште во Општинската Б лига.

-Откако слушнав дека оформиле нов клуб во Мажучиште, се сретнавме со тренерот Трајче Ангелески – Талата. Ми рече дека го отвориле да имаат занимација жителите на селото. ,,Ако можеш иди и ти,, – ми понуди со образложение оти играм и уште спортувам. Можам, оти да не можам. Сум на 60 години и колку можам ќе помогнам за селото од каде имам потекло. Да тргни клубот – го објаснува враќањето на големиот терен.

По процедурата, Наумчески прво оди на преглед да добие лекарско уверение, нужно за дозвола за игра. Ништо без тој документ. Дали на 60 години ќе се покаже доволно здрав? И многу помлади спортисти не добивале ,,зелено светло,, од лекарите и прерано ја завршувале кариерата. Но, нашиот ветеран нема никаков проблем.

-Докторот прашува: Играш, спортуваш? – Како не, играм, по саливе трчам. Првин да проверам крв и се останато. Според резултатите докторите се воодушевија. Супер си за годиниве. Срцево срча. Здравјето гром. Кога се чувствуаш дека можеш да трчаш, слободно играј. Ти си како триесетгодишен – добил медицинска дозвола.

По некој ден дебитира за Мажучиште на првенствениот меч од Општинската Б лига, со Вардар во Долнени. Домашните надмоќни, победуваат 6-2, но ако не бил лев бек Наумчески, резултатот ќе бил многу покатастрофален за гостите. Домашните освојуваат три бода, гостите губат. Но ниту едните, ниту другите не се во фокусот на вниманието. Сите ги засенува најстариот фудбалер на теренот.

-Во Долнени кога разбраа и ми дадоа голема почит. По мечот нудеа пијалоци од сите страни. Сите ми велат: Алал да ти е, кога чуваш едно дете од 17 години! Момчето мошне брзо, со одличен дриблинг, а јас го спречував некако назад по нашата лева страна да не примаме многу голови. Ми вика: Чичо, колку години имаш? – Уште малку 60, му викам. Се фаќа за глава: Ти 43 години си постар од мене. Првото полувреме некако дававме отпор, но во второто не ратсурија. Немаме искусни играчи – се впечатоците од првиот дуел.

Првиот меч во Долнени се играше во сабота попладне, а Наумчески вечерта го чекаа на мал фудбал во балон – салата во Точила. Одигра на двете места. Така, не се поставува прашање дали на вториот меч во Мажучиште настапи во неделата претпладне, иако во саботата вечерта беше на мал фудбал. И сега играше двапати. Дури имаше и многу подобар резултат (2-2) против Прилеп сити. Неговата екипа дома освои бод.

-Саботата беше за загревање за неделата сабајле. На овие години мускулите треба да ми бидат опуштени. Да застанам една недела, да не играм, се собира мускулот, а тоа не смеам да го дозволам. Континуирано се движам, активен сум. Инаку неможно е да играм. Тренерот на Прилеп сити, Коста Мирчески ме поддржа: ,,Алал да ти е. Уште си свеж за трчање,,. По мечот седнавме на пијалок. Инаку, ефтини голови примивме. Нема игра. Гледа играчов дека нема кондиција, а ја држи топката, не ја дава. Му велам: давај ја одма, на прва. Ослободи се од топката. По 90 минути ги одиграв двата меча. Му велам на тренеров: Ако треба да се сменам, да излезам? Какво излегување! Ако излезеш, кој ќе влези? Послаб од тебе треба да ставам – кажува Наумчески.

Тој е пример за вреден човек и спортист. Тие што го познаваат ќе потврдат дека на теренот никогаш не стои, туку само трча и бара позиција да ја прими топката. Кога е со неа знае брзо да помине крај противничките играчи. На мал фудбал давал голови од ,,мртов,, агол, кога голманот очекува топката да излезе во гол – аут. Интересна е неговата филозофија за фудбалот. Поборник е на сосема чист фудбал, без грубости и без провокации кон противникот.

– Не сум направил намерен фаул. Само два во малиот фудбал. Сакам чесни дуели. Играм чист фудбал. За грубостите реагирав уште кога играв за Динамо Мажучиште. Топката ја остава, оди по играчот. Има такви за кавга… Лесно е за тепачка. Играме фудбал или ќе се тепаме? Работава е да се истрчаш, да се испотиш, да ти е слатко капењето. Да се дружиш по натпревар. И ден-денес од Ропотово, Дебреште, од Лажани ме поздравуваат. Зошто да се расправаме, кога не играме за пехар, ни за пари, а нема отпаѓање – советува Благоја.

Сите го поддржуваат човекот кој игра на 60 години на игралиште долго стотина, широко шеесетина метри. Зарем е можно уште да е фудбалер сопругот, таткото на син и ќерка, па и дедото на две внучиња. Врсниците се мачат со апчиња да го одржат здравјето. Се мачат да појдат на стадион да гледаат фудбал. Овој се нафаќа да игра. Пофалба и за клубот што топло го прифатил во своите редови со многу помлади соиграчи. Најстари досега биле браќата Дејан и Игор Наумоски, со 42 и 40 години.

– Играв со татко им, а сега со нив. Ќе дочекам и со внук им да заиграм во Мажучиште – најавува Наумчески.

Благоја по неколку месеци ќе стане пензионер. Тогаш станува ,,чудо на квадрат,, – ем 60-годишник, ем пензионер во екипа од големиот фудбал. Дури може, не откажува. Тешко е за верување. Кој не верува, нека појде викендов да го гледа во Заполжани, каде Мажучиште гостува на Козара.

Зел ,,збогум,, 1988 година

Наумчески е познат во фудбалот. Со топката се дружи од мали нозе. Првин играл на мали голчиња на ширинките пред касарната. Потоа се вклучува во школата на Победа, каде е член на подмладокот трениран од Бранко Педано. Заминува да учи средно во Струга. По враќањето во Прилеп, првпат како сениор влегува во големиот фудбал како член на Динамо Мажучиште. Соиграч му бил некогашниот голгетер на Победа, Златко Конески.

-Со Златко кога игравме во Динамо Мажучиште давав по два-три гола на натпревар. Уште на првиот меч со Слога Лажани одма два гола дадов. Потоа играв за Искра Ропотово, па за Варош, со Вукасо на голот, со Берто, а тренер ми беше Круме Митрикески. Писмо ми дојде за работа во Мермерниот комбинат. Одиграв уште една сезона за новоформираниот клуб Мермерен комбинат и кога престана клубот, престанав и со големиот фудбал во 1988 година – се сеќава на првото фудбалско ,,пензионирање,,.

Синот одличен во паркур

Спортскиот талент од Благоја го наследиува синот Драган, кој живее во Германија. Тој можел да биде одличен фудбалер или борач, каде освоил награди. Но, го привлекувал паркурот. Тоа е дисциплина најблиска до гимнастиката каде покажал високи резултати, Откако се покажал на домашнте натпревари, учествувал во странство. На меѓународниот натпревар во Косово, освоил трето место, зад Русин и Германец. За него статија има во германски весник.

Долго без повреда

Тешко се наоѓа спортист без повреда. Благоја имал среќа што го одминале таквите проблеми. Тешко може да се сети на повредите во целата кариера.

-Не сум имал некоја тешка повреда. Освен кога учев во Струга еднаш лигаментите ги свиткав. Играјќи мал фудбал згазнав настрана. Тоа ми е единствената повреда, која брзо ја залечив – вели тој.

Освоени пехари

Наумчески бил успешен со екипи во малиот фудбал. Играл во финале на турнири во Струга, Прилеп и други места.

-Како средношколец освојувавме интернатски турнири низ цела Македонија. На Работнички игри бевме успешни со два пехара за Мермерниот комбинат. Околу 1990 година во салата ,,Македонија,, во финале загубивме од играчи на Победа. Бевме маалска екипа со Вукасо, Љупче Црнио, Љупче Андреевски и дадовме отпор во Универзална против Џипунов, Бабунски… Загубивме со 7-6. Тогаш Варошко маало беа најдобри – се сеќава Наумчески.

Извор: “Неделник Зенит”

Скокна од прозорецот на полициckaта станица со радијатор во раката (ВИДЕО)

На социјалните медиуми се појави интересен клип на кој се гледа како маж скока од прозорецот на полициската станица со радијатор врзан околу раката.

Тој скокна од прозорецот од првиот кат на полициската станица и падна на автомобил паркиран веднаш подолу.

Снимката, според извештаите на медиумите, е направена во Москва, но за тоа нема официјални информации, како и повеќе детали.

Идентитетот на човекот кој скокна не е објавен.