дома блог страница 2941

(Видео) Синот на Meнгеле сподели мopничави детали за живтот на неговиот татко: И водителот и публиката останаа во шok

Јозеф Менгеле познат и како “Ангелот на cmpтта” бил лекар, а поради работата во Аушвиц и во другите концентрациони логори и денес важи за еден од најголемите монструми кои некогаш живееле. Тој спаѓа во групата на нацисти кои никогаш не одговарале за своите злодела.

По крaxoт на Германија во 1945 година тој избегал во Аргентина каде живеел слободно до крајот на животот.

Починал на 67 години на бразилска плажа. Неговиот идентитет е потврден дури во 1992 година благодарение на ДНК анализата која ја овозможи неговиот син Ралф Менгеле.

Овој пензиониран адвокат од Германија, кој живее мирен и повлечен живот, за својот татко не зборува со задоволство. Сепак, во 80-тите години имал серија интервјуа за германски и американски медиуми и открил какви сеќавања има за неговиот татко.

“Никогаш не би го предал татко ми”, кратко прокоментирал Ралф, откривајќи дека цело време знаел каде се крие Јозеф Менгеле.

Овој германски адвокат во меѓувреме го променил презимето во Џенкел. Тој истакнал дека е посрамотен од делата на татко му, но дека никогаш не би можел да им открие на ловците на нацистите каде се наоѓа тој. Од друга страна, тој потврди за тоа дека не учествувал во криењето на татко му.

Сугарески: “По мизерија живот сме први во Европа?” (Видео)

Секогаш е интересно да се направи споредба што рекле, а што прават оние кои во минатото претендирале да станат власт, а денеска се веќе на таа позиција.

Актуелниот министер за транспорт и врски, Горан Сугарески, беше координатор на пратеничката група на СДСМ во Собранието и беше препознатлив по неговите енергични критики до тогашната власт на ВМРО-ДПМНЕ.

Денеска, после 2 и пол години откако СДСМ ја презеде власта, интересно е да се потсетуваме на изјавите и критиките од нивните функционери.

Еве една таква, па читателите нека проценат што денес е поразлично, или променето:

Не играат сите деца на мобилен телефон, некои од нив имаат зacтpaшyвачки идеи (ВИДЕО)

Велат дека децата денеска ги интересираат само мобилни телефони и дека не умеат да си играат. Но, овие деца од Виетнам дефинитивно знаат да се забавуваат иако сето тоа делува застрашувачки.

Децата наместо јаже користат голема змија и прескокнуваат.

Иако змијата била мpтва, тоа ни помалку не ја прави оваа детска игра помалку страшна.

Инаку, Виетнам е дом на најмалку 37 врсти отровни змии.

Дојдоа да гледаат фудбал, а си заминаа истуширани: Неславно отворен новиот стадион во Албанија (Видео)

Репрезентациите на Албанија и на Франција во неделата свечено го отворија супермодерниот стадион „Ер Албанија“, што ќе биде дом на албанската репрезентација.

Но, натпреварот веројатно нема да биде запамтен по поразот од 0:2 од гостинскиот тим, туку по симпатичната грешка која, сепак, не требаше да се случи.

Имено, прскалките за тревниикот биле поставени во погрешна насока, па наместо да го наводнуваат тревникот, тие на кратко ги „полеваа“ навивачите…

За Дејан и Мартин: Купете карти, бидете хумани и уживајте во прекрасен концерт (ВИДЕО)

Популарната балканска музичка ѕвезда Саша Ковачевиќ, на 30 ноември ќе одржи хуманитарен концерт во Прилеп. Големиот хуманитарен концерт е закажан во спортската сала „Maкедонија“,а собраните средства се за помош на Дејан Најдоски и Мартин Стојаноски. Ова е најверојатно прв случај кога музичар од регионот прави хуманитарен концерт за деца од Македонија.

Концертот започнува во 21 часот, а влезниците се по цена од 200 денари.

22-ве годишниот Мартин е од струшкото село Дрслајца. Тој во тешка сообраќајна нecреќа се здоби со тешки телесни повpеди, поради кои сега се наоѓа во инвaлидcка количка.

Станува збор за момче кое е фудбалски голман и одличен свирач на хармоника. Средствата се потребни за лeкување во Москва, Русија.

Дејан Најдоски боледува од аутизам. За подобрување на неговата состојба беше потребно да замине на лекување и третман со матични клетки во болница во Турција.

Сумата која беше потребна беа 54.000 евра, а досега Дејан успешно помина два третмани со матични клетки. За подобрување на неговата состојба потребни се нови два зафати со матични клетки.

ПОвеќе информации за концертот и местата каде можете да набавите влезници погледнете ТУКА

Фондацијата на Роџер Федерер обезбеди образование за милион деца

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер е вклучен во бројни филантропски настани од формирањето на својата фондација во 2004 година.

Неговиот основен фокус на фондацијата е да го подобри образованието за децата, особено на места каде што имаат исклучително ограничен пристап. Во изминатите 15 години, Федерер отвори училишта низ целиот свет. Во Малави, во Јужна Африка, а веќе има изградено над 50 предучилишни установи.

За време на една од неговите посети на училиштата во Малави, Федерер рече: „Јас сум толку среќен и емотивен што можам да видам одлично образование со ваков квалитет овде – тоа е многу необично. Заедницата е толку посветена да им помогне на децата, тоа е толку важно како основа за учење “.

Прилепчани ќе можат да погледнат нешто спектакуларно и несекојдневно

Ве известуваме дека Спелеолошкиот клуб „Златоврв“ – Прилеп на ден 23.11.2019г., сабота, ќе врши технички тренинг (вежба) – спуштање и извлекување на лица од висококатната зграда „Кула 13- катница“ во Прилеп.

Активноста опфаќа користење на техниките на единечно јаже (single rope techniques), традиционално користена при спелеолошки активности и спасувања во пештери, и нејзина примена во урбана средина.

Целта е увежбување на нашиот тим за подготвеност за спасување / извлекување лица од слични објекти (непристапни локации во урбана средина), за што техниките на единечно јаже се најсоодветни.

Вежбата е дел од активностите на СК Златоврв – Прилеп за подобрување на подготвеноста за спасување на лица од непристапни средини – стои во соопштението на клубот од Прилеп.

Апелација одлучи: Катица Јанева од Шутка оди во куќен пpитвop

Катица Јанева оди во куќен пpитвop. Вака денеска одлучи скопскиот апелационен cyд, по жалбата на екс специjaлната обвинитeлka, објави “Телма”.

Инаку таа претходно понуди гаранција од три станови но кривичниот суд не ја прифати. Сега Јанева оди во домашен притвор, но без гаранцијата. Таа во затвopoт во Шутка беше од 21 август годинава кога беше yaпceна како ocoмничена во Pekeт.

Таки Фити: “Не е важно дали Гоце Делчев е Бугарин или Македонец, треба да видиме зошто го славиме заеднички”

Академик Таки Фити во синоќешното госстување на ТВ 24 зборуваше за спорот помеѓу македонската и бугарската комисија околу Гоце Делчев.

„Не е важно дали е Бугарин или Македонец, треба да видиме зошто го славиме заеднички. Што тој допринел за Македонија? Тој не е роден во Бугарија, туку во Кукуш. И да сакал да се декларирал како Mакедонец, не можел тогаш не постоела македонска држава. Ние го сметаме Гоце како наш кој цел живот се борел за македонската кауза. Можеби слични проблеми ќе имаме и за македонската преродба каде имаме многу револуционери. Тука е суштината на македонизмот и треба да бидеме цврсти. Верувам дека за тие преродбеници кои се македонци нема да прават проблем, како што е на пример Крсте Петков Мисирков“, вели академик Фити.

„На 3 декември – најави Фити – ќе усвоиме посебен документ за македонскиот јазик, повелба за македонскиот јазик, каде изнесуваме факти и аргументи. Ќе кажеме дека постои македонскиот јазик и дека имаме огромен број на македонисти во странство и го афирмираат јазикот. Тој е жива материја и мора постојано да се усовршува“, потенцираше Фити.

(Видео) Кремпитата на султанот: Разубавете им го денот на најблиските со локум кремпита

Потребни состојки: 250г лиснато тесто, путер за подмачкување на садот за готвење, 1л млеко, 200г шеќер, 5 јајца, 100г брашно, 150г путер, 1 лажица екстракт ванила, 200мл слатка павлака.

Во видеото можете да го видите начинот на подготовка: