дома блог страница 2940

Најтврдоглавиот фудбалер единствено ја слуша само сопругата, а таа е постара од него цели 11 години (ФОТО)

Можеби мислевте дека не постои некој кој ќе може да го скроти Златан Ибрахимовиќ, но се чини дека овој фудбалер има слаба точка, а тоа е неговата сопруга.

И додека два италијански гиганти се борат за него – Болоња и Милан, извори од тамошните медиуми тврдат дека главниот збор го има неговата сопруга која му суфлира да се врати во Милан, чиј дрес веќе го носеше и тоа во периодот од 2010 до 2012 година.

Каде на крајот ќе заврши ќе видиме во декември кога ќе му истече договорот со американскиот Лос Анџелес Галакси, но едно е сигурно – госпоѓа Ибрахимовиќ секогаш имала влијание врз него.

Нивниот брак инаку важи за еден од најстабилните во светот на спортот и естрадата, а 1љубовната приказна на овој пар започнала необично и интересно, но се претворила во сигурна врска.

49-годишната Хелен Сегер и 38-годишниот Златан се запознале во 2002 година во Малме и тоа сосема случајно на еден паркинг.

„Кога го запознав Златан, имаше 21 година, а јас 32, имав кариера и богатство и не ми беше потребен фудбалер да ме храни. Бев самостојна, а тој дури не беше ниту мој ип на маж. Првпат кога го видов, со своето Ферари го загради мојот Мерцедес, го видов неговиот голем нос и златниот часовник на раката. Бев лошо расположена и почнав да викам на него. Мислам дека тоа му се допадна“, рекла Хелен.

Оваа средба ги променила нивните животи засекогаш.

После четири години врска на свет дошол нивниот прв син Максимилијан, а две години подоцна добиле уште еден син – Винсент.

Хелен инаку важи за „кралица жена на фудбалерите во Шведска“, а во својата родна земја има статус како Бијонсе во Америка. Тешко е да се прочитаат лоши зборови за оваа дама. Ден денес таа работи во полна пареа. Интересно е тоа што парот е нераздвоен цели 16 години и нема ни шпекулации за тоа.

Една од легендарните негови изјави за медиумите е одговорт на прашањето што и’ купил за роденден, а тој рекол: „Ништо, таа веќе го има Златан“.

Стевананџија: Сугаревски не си на прав пат, барај клучка што побргу да се исклучиш од овој пат

На денешната Собраниска седница во Собранието на Република Македонија пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Стевананџија во дискусијата за автопатот- делница Кичево -Охрид му се обрати на министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски упатувајќи му порака дека е на грешен пат и да бара клучка што побргу да се исклучи од тој пат.

– Другар Сугаревски не си на прав пат на грешен пат си барај клучка што побргу да се исклучиш од тој пат, клучка која што на некој начин морално скриено финансиски или не знам на кој начин ќе те спаси од она за кое што на 25 10 2013 година се правеше циркус во ова собрание. Овдека се стенограмите од сегашните и од бившите колеги од СДСМ што се зборуваа за ова законско решение, на некој му текнува на некој не но ние сме тука да ве потсетиме, нагласи Стевананџија.

Во понатамошната дискусија Стевананџија ги запраша пратениците од владиното мнозинство дали некаде во Европа постои анекс со кој што се потпишуваат 189 милиони евра?

Димитар Стевананџија истакна дека за 189 милиони евра денеска ќе имавме 189 милиони протести од шарени, од зелени од паркобрани од секакви, ќе ги гушкаа и клучките ќе ги гушкаа и автопатите. Денес ова стана нормално. Тој што критикувал денеска потпишувал. Тој што викал дека трасата е крива денес признава дека трасата е права. Тој што 2013 викал заднината во трасата е кешот денес вика добар е кешот, потенцираше Стевананџија.

НОВИ ПРАВИЛА ЗА ИСЕЛУВАЊЕ ВО ГЕРМАНИЈА: Ќе се полага тест за познавање на јазик, а потоа ќе треба да се исполни условот на старосна граница

Проверка на знаењето на германски јазик и воведување на старосна граница за рабтниците од Западен Балкан. Германските медиуми пренесуваат дека овој Закон за емиграција ќе започне да се примениува од 1 март 2020 година, пишува српски Курир.

Како што пишува порталот, знаењето на германскиот јазик на луѓето од Западен Балкан кои одат да работат во Германија, ќе мора да биде на високо ниво, што не беше случај претходно.

Исто така, ќе постои старосна граница која претходно ја немаше. Меѓутоа, сеуште не е прецизирана старосната граница која ќе биде определена за работниците од Западен Балкан.

Ангеловски до играчите после историскиот резултат: “Ви благодарам за секој поминат момент со вас”

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски на фејсбук со порака до играчите по завршувањето на квалификациите за ЕП 2020 и освоеното историско трето место.

Ангеловски им се заблагодари на играчите за секој поминат момент со нив, додава:

„МАКЕДОНИЈА Е СЕМЕЈСТВО“

Нареден предизвик, а воедно и шанса за историски пласман на Европското првенство за Македонија е плеј-оф дуелот со Косово во март идната година.

Заев: “Што се однесува до младите, ќе ги одучиме да спијат по цел ден и ќе ги оттргнеме од aлkoxoлизмот

Дава сѐ од себе, но не е волшебник, истакна премиерот Зоран Заев во синоќешното гостување на “Македонската радио телевизија”, каде заедно со министерката за финансии – Нина Ангеловска, одговараа на прашања од граѓаните и новинарите.

Премиерот истакна дека ги гледа проблемите, но се пoжaли дека не е Дон Кихот или волшебник, за да може сите проблеми од последните 28 години да ги реши за нешто повеќе од две години.

-Имаме напредок, но и јас не сум задоволен. Да не сум премиер, подруго ќе реагирам. Што се однесува до младите, ќе ги одучиме да спијат по цел ден, ќе ги оттргнеме од алкoxoлизмот, додаде Заев.

Целосно изненадување: На местото на Покетино доаѓа “специјалниот”

Тотенхем го назначи Португалецот Жозе Мурињо за нов тренер, откако вчера му даде отказ на Маурисио Покетино.

Клубот официјално соопшти дека „Специјалниот“ потпишал договор со нив до крај на сезоната 2022/23.


Од клубот истакнуваат дека Жозе е еден од најуспешните менаџери во светот кој освоил 25 трофеи.

Тој е познат по својата тактичка моќ и ги управувал ФК Порто, Интер, Челзи, Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед. Тој има освоено домашна титула во рекордни четири различни земји (Португалија, Англија, Италија и Шпанија) и е еден од само тројцата менаџери што ја освоија Лигата на шампионите на УЕФА двапати со два клуба, ФК Порто во 2004 година и Интер во 2010 година. Тој е исто така трикратен шампион во Премиер лигата со Челзи (2005, 2006, 2015).

КАКО ГPOM ОД ВЕДРО НЕБО: Тотенхем го отпушти Покетино!

Како гром од ведро небо дојде веста од Лондон дека Тотенхем се решил да го отпушти Маурисио Покетино.

Оваа вест доаѓа во навистина чудно време затоа што раководството на клубот имаше време да го отпушти Покетино уште на почетокот на интернационалната пауза, но се решија тоа да го сторат на нејзиниот крај, па сега нема да имаат многу време за маневар во пресрет на следниот натпревар на Тотенхем против Вест Хем.

Со Маурисио Покетино ќе си заминат и сите кои беа во неговиот стручен штаб, Хесус Перез, Мигел Дагостино и Антони Хименез.

„Искрено не бевме баш подготвени да ја направиме оваа понуда и тоа не е одлука која одборот ја донесе на лесен начин. Резултатите во домашното првенство на крајот на минатата и почетокот на оваа сезона беа разочарувачки. Ова го нарпавивме во интерес на клубот“ –изјави Даниел Леви.

Тотенхем во моментов е на 14 позиција на табелата, шест поени над зоната на испаѓање и дури 11 далеку од Топ 4.

Вонредни најави од УХМР: Подгответе се за поројни дождови, грмежи и силен ветер

УХМР за денеска најавува дожд, локално пороен, грмежи и засилен ветер со брзина од над 60 километри на час.

Врнежите се очекува да бидат пообилни во југоисточните делови и да достигнат над 35 литри на метар квадратен.

Утринските температури ќе се движат од шест до 14 степени, а дневните од 10 до 16 степени.

Потоа, во текот на неделата, следува период на променливо облачно време со магла по одделни котлини.

Прилепски фризер и “Тим Македонија” направија бум во Солун и собраа грст награди, признанија и пофалби (Фото галерија)

На 17 и 18 ноември се одржа 24-от “Balkan Hair & Beauty Festival” во Солун. Оваа година, за прв пат настапивме како земја членка на CMC CAT (Светската фризерска конфедерација), благодарение на “Теsa beauty academy” под раководство на Г-ѓа Сафија Селими, која е и претседател на оваа Светска конфедерација за Република Македонија.

“Настапивме како “Тим Македонија” и како “Балкан Микс Тим”, во кој имаше претставници од земји учеснички на фестивалот”, вели Крешимир Здравески од студио академија “Крешо” од Прилеп.

Покрај Македонија и домаќинот Грција, учество на натпреварот зедоа и: Србија, Црна Гора, БиХ, Косово, Албанија, Турција, Кипар, Бугарија, како и гости од Италија и многу силни имиња од европската фризерска сцена.

Во македонскиот тим покрај мајсторот од Прилеп, Крешимир Здравески, беа и: Ајтен Алијевска, Сречко Георгиевски, Лаки Андов, Весна Стефкова, Бубе Ин и Лејла Аци Сезер.

“Се претставивме во одлично светло и добивме пофалби од сите страни, но и покани од многу земји за наше гостување, заеднички проекти и нови соработки, како и за настапи на меѓународни фестивали, саеми и натпреварувања. Покрај признанијата и наградите кои ги добивме од организаторот, на наше пријатно изненадување добивме и признание за големи достигнувања во фризерството од CMC CAT-Турција. Во нашиот тим учество зедоа и модели, шминкери и модни креатори, па се’ она што го прикажавме беше на едно високо светско ниво и беше забележано од високите фризерски имиња, фирми и институции. Во блиска иднина, овој македонски тим ќе учествува на еден голем фризерски настан, кој засега не го откриваме поради професионализам”, истакна Здравески.

Улица во Србија ќе го носи името Тоше Проески

Кога ќе прошетате низ општина Панчево, ќе наидете на една многу посебна улица. Улица во селото Јабука ќе го носи името на славниот македонски пејач Тодор Тоше Проески.

Српските медиуми пишуваат дека 12 години откако почина во сообраќајна нecpeќа кај Нова Градишка во Хрватска, ќе добие своја улица.

– Ова е прва улица во Србија која го добила името по маестро од Крушево, Македонија, пишува порталот „013 инфо“.

Предлогот улицата да го носи името на Тоше е испратена до Градското собрание на Панчево, кое треба да го донесе решението наскоро.

Не е случајно што улицата Тоше Проески ќе се наоѓа во Јабука. Имено, во ова село живеат голем број Македонци кои на посебен начин сакаат да му оддадат почит на нивниот познат сонародник, пишуваат српските медиуми.