(Видео) Синот на Meнгеле сподели мopничави детали за живтот на неговиот татко: И водителот и публиката останаа во шok

Јозеф Менгеле познат и како “Ангелот на cmpтта” бил лекар, а поради работата во Аушвиц и во другите концентрациони логори и денес важи за еден од најголемите монструми кои некогаш живееле. Тој спаѓа во групата на нацисти кои никогаш не одговарале за своите злодела.

По крaxoт на Германија во 1945 година тој избегал во Аргентина каде живеел слободно до крајот на животот.

Починал на 67 години на бразилска плажа. Неговиот идентитет е потврден дури во 1992 година благодарение на ДНК анализата која ја овозможи неговиот син Ралф Менгеле.

Овој пензиониран адвокат од Германија, кој живее мирен и повлечен живот, за својот татко не зборува со задоволство. Сепак, во 80-тите години имал серија интервјуа за германски и американски медиуми и открил какви сеќавања има за неговиот татко.

“Никогаш не би го предал татко ми”, кратко прокоментирал Ралф, откривајќи дека цело време знаел каде се крие Јозеф Менгеле.

Овој германски адвокат во меѓувреме го променил презимето во Џенкел. Тој истакнал дека е посрамотен од делата на татко му, но дека никогаш не би можел да им открие на ловците на нацистите каде се наоѓа тој. Од друга страна, тој потврди за тоа дека не учествувал во криењето на татко му.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.