дома блог страница 2942

Брена и Саша за милионска сума ја продадоа “Гранд продукција”: Eве колку заработија

Фолк ѕвездата Лепа Брена и музичарот и продуцент Саша Поповиќ стануваат побогати за 15 милиони евра. Како што пренесуваат српските медиуми, тие ги продале своите 49 проценти од ,,Гранд продукција” на компанијата ,,Јунајтед медиа” која пред пет години купи пакет од 51 процент од нивните акции.

Купопродажната трансакција ќе биде завршена до крајот на оваа година, по што Лепа Брена и Саша Поповиќ ќе влезат во новата 2020 година со 15 милиони евра.

Делот на Поповиќ во ,,Гранд” изнесувал 24 %, па ќе му припаднеле 7.350.000 евра, додека пак Брена била сопственик на 25 проценти од ,,Гранд”, и ќе добиела 7.650.000 евра од продажбата – пренесува Курир.рс.

За продажбата на 51 % од акциите на продукцијата која што се случила во 2014 година, тие исто така добиле 15 милиони евра. Во иднина, Поповиќ ќе продолжел со веќе постоечките емисии, каде се јавува како автор и продуцент и ќе работел за плата.

(Видео) Шok во пицерија во центарот на градот: Глетка која ги разочара граѓаните на главниот град

Глувци кои се движат во пекарите, на лебот, белите пецива…веќе видено! Но глувци во пицерија, во центарот на градот, поточно во еден од омилените пица-барови, ова е премиерно.

Најновото видео доаѓа од пицерија во центарот на Белград, а додека глувците уживаат во оброкот, оние кои снимаат не можат да им поверуваат на очите.

Видеото можете да го погледнете ТУКА.

Жител од пpилепcко пaднaл од тpaктop и се здобил со тeшки телecни повpeди

На 18.11.2019 во 10.20 часот во Полициската станица Прилеп било приjaвено дека во атapoт на с.Мало Коњари, прилепско, М.Д.(79) од с.Мало Коњари, пaднaл од тpaктор и се здобил со тешки телecни повpeди.

Тој бил пренeceн во Градската општа болница Прилеп за укажување на лекapcка пoмoш.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Прилеп – информираат во билтенот на МВР.

Автомобил yдpил во велосипед на патот Прилеп-Крушево

На 18.11.2019 во 16.40 часот на регионалниот пат Прилеп – Крушево, патничко моторно возило „фолксваген венто“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Р.У.(71) од с.Славеј, прилепско, удpило во велосипед управуван од А.Р.(71) од с.Славеј.

Во нe3годата, велосипедистот се здобил со тешки тeлecни повpeди, по што бил пренeceн во Градската општа болница Прилеп за укажување на лекаpcка помош.

Извршен бил увид на местото на нe3годата од екипа на Полициcката станица Прилеп – информираат во полицискиот билтен на МВР.

Koнцерт на „Амабасада на мајсторство“ во четврток во Прилеп

На 21 ноември 2019 /четврток/ од 19.00 часот во фоајето на ЦК„Марко Цепенков“ ќе се одржи камерен концерт „Амбасада на мајсторство“ на кој ќе настапат Владислав Фјодоров на пијано, Алексеј Иванов на труба и Дмитриј Крилов на тромбон.

Маладите музичари, лауреати на меѓународни натпревари се дел од програмите на Санкпетербуршкиот Дом на музиката, а во Македонија доаѓаат во организација на Агенцијата Россотрудничество и Амбасадата на Руската федерација во земјата.

Концертот „Амабасада на мајсторство“ трета година се реализира во ЦК„Марко Цепенков“.

Влезот е слободен.

Владислав ФЈОДОРОВ, пијано

Роден е во 1997 г. во Санкт Петербург. Во 2003 г. се запишува во училиштето за уметност „Е.Мравински“ во Санкт Петербург. Од 2009 до 2015 г. учи во средното специјално музичко училиште на Државниот конзерваториум во Санкт Петербург „Н.А. Римски-Корсаков“ во класата на Олга Курнавина. Од 2015 г. е студент на Државниот конзерваториум „Н.А.Римски-Корсаков“ во Санкт Петербург (во класата на почесниот уметник на Руската Федерација, професор Александар Сандлер).
Лауреат на меѓународните натпревари: 2010 г. – Прва награда на меѓународниот натпревар по име Фредерик Шопен (EMCY) (Нарва, Естонија). 2011 г. – Прва награда на меѓународниот натпревар по име Франц Лист (EMCY) (Вајмар, Германија). 2012 г. – Трета награда на меѓународниот натпревар за млади пијанисти (Енсхеде, Холандија).
Во 2006 и 2007 г., двапати станува стипендист на германскиот производител на пијано, Карл Бехштајн. Во 2007 г. – стипендист на јавната фондација „Нови имиња“. Во 2011 г. – лауреат на наградата за „Млади таленти на Русија“ на Министерството за култура на Руската Федерација. Првпат со оркестар настапил на деветгодишна возраст. Настапува во разни сали во Санкт Петербург, во повеќе градови низ Франција, Германија, Италија. Од 2014 г. е учесник во програмите на Домот на музиката во Санкт-Петербург

Алексеј ИВАНОВ, труба

Роден е 1995 г. во селото Пуру (Естонија). Од 2003 г. студира во средното специјално музичко училиште на Државниот конзерваториумот „Н.А. Римски-Корсаков“ во Санкт Петербург (во класата на Заслужениот работник на културата на Русија, Анатолиј Зеличонок, а од 2007 г. во класата на Заслужениот уметник на Русија, Константин Баришев). Во моментов е студент на Конзерваториумот во Санкт Петербург во класата на доцент професор Борис Табуреткин. Од 2014 г. е член на оркестарот во театарот „Мариински“ во Санкт-Петербург.
Лауреат е на меѓународните натпревари: 2010 г. – добитник на специјална награда на меѓународниот натпревар „Мравински“ (Санкт Петербург). 2014 г. – победник и добитник на наградата „Т.А. Докшицер“ на Меѓународниот натпревар „Мравински“ (Санкт Петербург). 2017 г. –
победник и добитник на специјална награда на меѓународниот натпревар „Римски-Корсаков“ (Санкт Петербург). 2018 г. – Лауреат на втората награда на меѓународниот натпревар за трубачи во Вилнус. 2019 г. – победник и добитник на специјална награда на меѓународниот натпревар Trumpet Talents Tallinn.
Стипендист на меѓурегионалниот добротворен фонд „Нови имиња“ (2006 г.). Учесник на фестивалот при меѓународниот добротворен фонд на В. Спиваков „Москва ги пречекува своите пријатели“ (2007 г.), меѓународниот фестивал „Харковски асамблеи“. Настапува со „Руската Хорн Капела”, поканет солист на оркестарот „Gracias“ (Јужна Кореја). Основач и учесник на квинтетот „Brass Barocco“, кој успешно настапува на меѓународни натпревари и фестивали. Учесник на мастер-часови меѓу кои се Сергеј Накаријаков, Јенс Линдеман, Ален Визути, Андреј Болшијанов. Учесник на програмите на Домот на музика од 2011 г.

* * *
Дмитриј КРИЛОВ, тромбон

Роден е 1989 г. во Ленинград (сегашен Санкт Петербург). На 10-годишна возраст започнува да учи во музичкото училиште бр.14 (сега училиште бр.11). Учи соло пеење – тенор во паралелка на Виктор Никифоров, а пет години подоцна се префрла на тромбон. Во 2006 г. се запишува во музичкиот колеџ „М.П. Мусоргски“ во класата на Кирил Лобиков во Санкт Петербург. Во 2010 г. ги започнува студиите на Државниот конзерваториум „Н.А. Римски-Корсаков“ во Санкт Петербург, во класата на Народниот уметник на Русија професор Виктор Сумеркин.
Од 2010 г. станува член на државниот академски оркестар Капела во Санкт Петербург. Во 2010 г. бил Маестро на тромбонската група во меѓународниот симфониски оркестар на Русија и земјите од АСЕАН во градот Денпасар (Индонезија). Член на Олимпискиот ансамбл за бакарни дувачки инструменти «Olympic Brass» од моментот на неговото основање. Член на ансамблот «Кронверк-брасс» од моментот на неговото основање.
Лауреат на Првата награда на Серускиот конкурсот „Ју.А. Болшијанов“ (2008 г., Краснодар) за млади изведувачи на бакарни дувачки инструменти. Во денешно време Маестро на тромбонската група во оркестарот на државната академска Капела во Санкт Петербург. Учесник на програмите на Домот на музика од 2013 г.

Доаѓа голем празник: Св. Архангел Михаил ќе ги исполни вашите молитви и желби- еве што според верувањата треба да направите

Православните христијани на 21 ноември го празнуваат Св. Архангел Михаил, еден од најголемите христијански празници и една од најчестите куќни слави.

Архангел Михаил е водачот на небесните војски кој секогаш се јавувал на местата на кои се појавувала Богородица, така што претставува небесна сила и заштита на земјата.

Според црковните преданија, ангелот Михаил првпат прв стапил во борба со злите духови и тоа во име на црковните толкувања означува оној кој е како Бог.

На грчки јазик зборот архи значи главен, прв, а значи весник, ангел.

Прв меѓу ангелите Архангел Михаил на иконата се претставува како борец-војвода со меч или копје во раката, а народното верување смета дека тој доаѓа и ги зема човечките души кога ќе чукне часот.

Постојат многу народни верувања за овој ангел: Велат дека тој ги посетува болните и ако застане кај нивните нозе- не е добро, а ако е кај главата – болниот ќе оздрави.

Се слави наесен на 21 ноември, а по народното верување, тоа е затоа што кога светците си ги делеле улогите, Архангел Михаил добил есенско и зимско време на зима и зимски тешкотии. Се вели дека во ова време Архангел талка по светот облечен во просјак да ги искара неверниците и да им помогне на оние кои се во неволја.

Едно народно верување вели дека според временските услови на овој ден може да се одреди каква ќе биде годината. Се вели: какво ќе биде времето на Аранѓеловден, такво ќе биде во текот на целата зима и пролет. Во некои краишта се слави и како празник на сточарите бидејќи се верува дека само тој може да ги истера волците.

Постои верување и обичај кај многу христијани кои го слават свети Михаил, бидејќи го сметаат за жив светител, да не подготвуваат пченица за славата, а тоа е неточно и неоправдано. Неопходно е да се подготви пченица за славата, бидејќи сите светители и сите мртви се живи пред Бога.

На овој ден преданијата велат дека треба да им се помогне на сиромашните и немоќните, да им се даде храна и пиење, а и да им се упати топол збор. За сета ваша добрина светецот ќе ве награди со ислушување на молитвите и желбите.

Инаку, Св. Архангел Михаил е најголемата куќна слава која христијаните ја празнуваат во месец ноември.

Славата оваа година е мрсна бидејќи 21 ноември се паѓа во четврток. Со оглед на тоа дека датумот е фиксен, дали славата ќе биде мрсна или посна се одредува според денот од неделата. Па така, ако е среда или петок, славата ќе биде посна, додека во останатите денови може да се прославува и со мрсна храна.

Новата опција на Фејсбук не им се допадна на корисниците

Биометриските технологии се составен дел од паметните телефони и ни овозможуваат да го провериме нашиот идентитет побрзо, полесно и побезбедно.

Потрошувачите главно користат сензори за отпечатоци, но технологиите за препознавање на лицето стануваат популарни. Фејсбук исто така е заинтересиран за вакви иновации и започна со тестирање со нова функција. Компанијата сака да создаде систем за најава во социјалната мрежа, кој користи софтвер за скенирање на лицата на корисниците.

Фејсбук експериментира со концептот секој од нас да прави селфи видео кое изгледа во различни насоки. На овој начин, алгоритмите за препознавање на лицето на Фејсбук ќе можат да направат подобра 3Д копија на уникатните карактеристики на лицето на секој корисник.

Стопанственици од Струмица бараат увоз на работници од странство

Дали Министерството за труд и социјална политика размислува за увоз на работна сила од трети земји, бидејќи нашата заминува и дали државата е фокусирана на ослободување на законската регулатива за ангажирање на работници од странство, е едно од главните прашања на стопанствениците кое беше поставено пред претставници на ресорното министерство и Агенцијата за вработување – пренесува “ТВ СИТЕЛ”

Прашањето го постави Митко Крстевски, претставник на компанијата „Еленица“ од Струмица. Образложи дека ова не е само проблем на нашата државата заради масовното иселување, туку е и регионален проблем. Тој смета дека компаниите остануваат без работници, а државата без луѓе врз кои ќе може да ги примени мерките од Оперативниот план за вработување за 2020, за кој се разговараше на панел дискусијата на Локалниот економско социјален совет што се одржа во Струмица.

-И покрај тоа што нудиме плата од 350-400 евра за општи работници никој не се јавува, а имаме ситуација кога има интерес од работници од трети земји, кои таму имаат плата 100 евра и можат да дојдат тука да работат, додаде Крстевски.

Целиот текст прочитајте го ТУКА

Хит фотографија: Што би направиле вие доколку ова ви се случи во авион?

Девојка на Редит сподели фотографија, а таа стана планетарен хит поради стапалата на патникот кој седи позади неа.

– Луѓето мислат дека тоа е во реди, бидејќи другите патници не се осмелуваат да кажат нешто, е еден од коментарите.

Некои сметаа дека жената требало веднаш да се обрати кај персоналот во авионот и да им укаже за непристојноста на “соседот позади себе”.

Работел на објекти од Порше и Ауди: Македонец е кранист во Германија и раскажува за предизвиците на оваа работа (ФОТО)

Aко некој мислеше дека да ракуваш со кран е лесно, седиш по цел ден и само се вртиш лево, десно, целосно се лажат. Ѓоргиче Георгиевски е краниста и во интервју за Маркукуле раскажува за предизвиците со кои се соочува додека управува со најважната машина на градилиштата. Моментално работи во Германија, а работел и кај нас, па раскажува и за разликите во однос на условите за работа. Во продолжение проследете го интервјуто и дознајте што значи да се управува со кран.

Колку време се занимаваш со работа на кран?

“Со работа на кран се занимавам веќе осум години, три години работев во Македонија, а сега веќе пет години сум во Германија”.

Што е потребно за управување со кран?

“За да се управува со кран потребно е да се има положен испит и добра пракса, односно обука. Јас лично бев осум месеци на обука, дури потоа започнав да работам самостојнo. За сите што мислат дека кранистот по цел ден седи и само се врти лево, десно, грешат. Кранистот е 10 часа на висина, нема физичка работа, но психичка 100%. За да си добар краниста треба да имаш само желба и сигурност во тоа што го работиш и да ја сакаш работата. Стануваш во 5:30 часот, се спремаш, тргаш на работа и влегуваш во кабината, цели 10 часа во воздух. Голема одговорност преку цел ден”.

Кои се предизвиците со кои се соочува еден кранист?

“Предизвици…. Па, кранистата ја има најголемата одговорност на објектот. Работи на голема висина, работи со луѓе кои се разбираат, но често и со такви кои не се разбираат од градежништво. Предизвик е и висината, моментално сум на 80 метри висина”.

На колку објекти досега имате работено и дали можете да издвоите некој кој бил најтежок предизвик за вас?

“Во Македонија сум работел на Кривичниот суд, на зградата од АЕК, спортската сала на МЗТ, а во Германија на Neckarsulum Аudi, Порше во Штутгарт, Инголштад Ауди, Минхен автобуска станица”.

Дали доволно е платена оваа професија кај нас?

“Во Македонија не е платено и затоа заминав во странство. Кај нас земав плата од 18.000-23.000 денари, а во Германија од 2.500-3.200 евра”.

Дали временските прилики можат да бидат проблем кога се ракува со кран (што доколку надвор дува ветер)?

“Да, и тоа како можат да бидат лоши за самиот краниста и околу него. Дозволената брзина на ветерот е 65км/ч. Најтешко ми било една ноќна смена. Надвор имаше невреме и ветер и до 80км/ч., носев бетонски ѕид и незнаев што да направам со него. Во моментот мислев дека ќе падне кранот”.

Отприлика, колку вреди еден просечен кран кој се користи за изградба во нашата држава?

“Најнов кран марка WOLFKRAN 2018 вреди 1,5 милиони евра. Работата во Македонија и Германија е многу поразлична. Крановите во Германија се претежно нови со сензори и компјутери, за разлика од Македонија”.