дома блог страница 2936

Ноќ во хотел за едно евро, но постои само еден услов

Јапонскиот хотел „Бизнис рјокан асахи” во градот Фукуока нуди ноќевање по цена од 130 јени (едно евро), но под услов – престојот во собата да биде пренесуван во живо на интернет, на Јутјуб и другите социјални мрежи.

За пријавување, не мора да се биде познат јутјубер, инфлуенсер, јавна личност, и не мора да правите шоу за привлекување внимание додека сте во хотелската соба. Тоа просто, значи разменување на својата приватност за евтина хотелска соба.

Таа сепак, не е луксузна. Уредена е во традиционален јапонски стил и е со помалку мебел.

Камерите во собата снимаат непрекинато и нема „мртви агли“. Тоалетот и туш-кабината се еден кат подолу. Гостите не смеат да бидат голи, ниту да покажуваат егзибиционистички склоности. Во спротивно, договорот не важи. Дозволено е да се изгаси светлото за време на спиење. Преносот е без звук, зашто управата сака да ги задржи авторските права.

Клучното прашање е – зошто хотелот нуди ваков пакет? Раководството вели дека собата број 8 е најмалку резервирана во целиот хотел и, мислат дека вака таа ќе стане попопуларна и побарана.

Извор: “Република.мк”

(Видео) Решена мистеријата на Бермудскиот триаголник: Долго се верувало дека се работи само за легенда, а сега е пронајден и доказ

Бермудскиот триаголник или познат како Ѓаволски триаголник, е регион во Северно Атланкиот океан во кој исчезнале голем број на авиони и бродови. Во близина на таканаречениот триаголник е една од најпрометните бродски рути во светот.

Исчезнувањата биле припишувани на пирати, паранормални појави или на џиновски октоподи- легенда која морнарите ја пренесуваат стотици години.

Меѓутоа, можеби тоа не е толку погрешно. Во 2005 година морските биолози Цунеми Кубодера и Киочи Мори снимиле џиновска лигна во овие води, која агресивно ги напаѓа мамците.

“Во октомври 2005 година јапонските научници откриле страшно откритие на брегот на Токио, во близина на островот Бонин. Џиновска лигна долга 9 метри. Истражувачите од Јапонскиот национален музеј за наука ја идентификувале и заклучиле дека се работи за “Arhoteutis”- редок вид кој ги напаѓа мамците со екстремна сила”.

(ВИДЕО) Вучиќ му се изнасмеа и го праша Пендаровски: Стево зошто ти се слушалки кога десет пати подобро зборуваш српски

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја започна дводневната посета на Србија. По свечениот прием пред Палатата Србија, македонскиот претседател оствари тет-а тет средба со неговиот домаќин Александар Вучиќ, a по средбата двајцата претседатели одржаа прес конференција.

Пред почетокот на своето обраќање, Вучиќ имаше интересен коментар до претседателот Пендаровски.

–Па Стево што ќе ти е превод, се знаеш, како и јас, мене не ми треба превод за македонски, тој десет пати подобро зборува српски – гласеше коментарот на Вучиќ додека претседателот Пендаровски се обидуваше да ги намести слушалките за превод.

“Бунт на Ромите во Прилеп, ја бараат локалната власт и нивниот советник?” (Фото/Видео)

Ромите од населбата “Тризла” во Прилеп утрово излегоа на протест на улица. Причината за тоа неофицијално е исклучување на приклучоци за струја.

Насобраните граѓани го бараа советникот од Ромите во Советот на Општина Прилеп и локалната власт да застане на нивна страна.

Како причина како што дознаваме се и нереализираните ветувања од програмата на градоначалникот за локалните избори.

Еве што предвидуваше програмата на Илија Јованоски и СДСМ за ромската населба:

Пример за општествено одговорна компанија: Нова донација на Витаминка за противпожарната единица во Прилеп (ФОТО)

Витаминка реализира втора донација во Територијалната противпожарна единица на Општина Прилеп. Донирано е навално противпожарно возило, марка DENNIS, од англиско производство. Донацијата е реaлизирана во соработка со Fire-Aid International, Kouzon Vrabotuvanje и Општина Прилеп.

Наменското навално возило е целосно оперативно и опремено со опрема за гаснење пожар и скали и посебно потребно за интервенции во специфични услови и тешко достапни места.

„Општествената одговорност како дел од нашата корпоративна стратегија, го опфаќа и одговорното делување на претпријатиетото во заедницата. Со оваа наша втора донација во возило, која следува по неколку денови од првата донација, ние помагаме преку брза реакција на ТППЕ да се намалат ризиците од пожари и да се превенираат можните штетни последици. Овој проект има посебна вредност и заради фактот што треба да резултира со воспоставување на една подолгорочна соработка помеѓу ТППЕ Прилеп и другите партнери во проектот, особено во делот на стручната помош и размената на искуства. Среќни сме што како компанија помогнавме таквата конекција да стане реалност и што денес го имаме противпожарното возило во нашиот град.”, изјави Орде Ѓорѓиоски директор на Секторот за правни и општи работи во Витаминка Прилеп.

Покрај навалното возило донацијата вклучува и обезбедување долгорочна стручна помош преку реализација на повеќедневна обука за користење на средствата и размена на искуства. Во рамките на обуката ќе бидат опфатени сите пожарникари од ТППЕ-Прилеп, а ќе ја изведуваат професионални инструктори од Англија.

Ова е втора донација на Витаминка во рок од две недели за потребите на ТППЕ – Прилеп. Претходната донација се состоеше од товарно моторно возило марка Mitsubishi L200.

Руските музички мајстори со одличен концерт синоќа во Прилеп (ФОТО)

Младите руски музичари Владислав Фјодор на пијано, Алексеј Иванов на труба и Дмитриј Крилов на тромбон синоќа (21.11.2019) се претставија во извонредно светло пред нашите сограѓани, во рамките на камерниот концерт „Амбасада на мајсторство“,што с еодржа во ЦК„Марко Цепенков“.

Одлично прозвучија делата од Бах, Кетинг, Нестеров, Бетовен, Енеско, Гершвин, Жоливе, Римски Корсаков, во изведба на младите музичари кои се дел од програмата на Санкпетербуршкиот Дом на музиката, чиј уметнички раководител е професорот Сергеј Ролдугин.

Посетителите кои го исполнија изложбениот салон до последно седиште, а некои и стоејќи, го проследија одличниот концерт.

Уживаа во изведбата на композициите и на крајот заслужено ги наградија со апалуз Фјодоров, Иванов и Крилов.
Манифестацијата „Амбасада на мајсторство“ трета година се реализира во нашиот Центар, а организатори се агенцијата Россотрудничество и Амбасадата на Руската федерација во Македонија.

Проверувајте си ги сметките – Колку пари изнесува К15 оваа година

Регресот за годишен одмор или познат како К-15 е задолжителен и оваа година.

Оваа 2019. година до крајот на декември на сметките на вработените треба да легнат минимални 9.610 денари.

Според податоците за движењето на нето/бруто платата по вработен, К-15 за оваа година ќе се движи од 9.610 денари до 14.090 денари.

Услов кој треба да се исполни за регресот за годишен одмор е работникот да работел најмалку 6 месеци во календарската година кај ист работодавач, а право на регрес секој работник има еднаш во годината.

За работодавците кои нема да дадат К15 следат големи казни, до 4.000 евра.

Истото важи и за оние кои ќе дадат К15 па ќе го побараат назад од вработените.

(ВИДЕО) Рецепт кој ќе ви го направи денот совршен – разиграни шарени и крофни со сланина и кашкавал

Во најновото видео на Tasty ќе погледнете интересни рецепти за крофни во солена и блага варијанта. Начинот на подготовка е сличен, различна е глазурата.

Крофните со сланина се совршен предлог за појадок, а крофните во блага варијанта можат да бидат идеален десерт.

Пол Погба со порака до малиот Јане

Јане е цар и гордост на Македонија затоа што испрати силна и моќна порака по повод Светскиот ден на детето и тоа директно од глобалниот самит на ОН во Њујорк, каде го запозна и Дејвид Бекам. А Пол Погба е цар бидејќи не го заборавил после онаа средба на Олд Трафорд.

Македонскиот пејач Ѓоко Јовиќ и актерот Владо Дојчиновски со оваа песна и спот ја рacплакaa целата дијаспора (ВИДЕО)

Ѓоко Јовиќ го промовираше новиот спот за песната “Решив дома да се вратам”. Видеото се снимаше на повеќе локации во Охрид, во соработка со ИН Продукција.

Главен лик во видеото е еден од најпознатите актери во Македонија, Владо Дојчиноски, кој воедно е и режисер на видеото. Музиката и аранжманот се на Ѓоко Јовиќ, а текстот го напиша Александар Стеваноски.

Во продолжение погледнете го видeo спотот за песната: