дома блог страница 2935

Овие хороскопски знаци се вистински магнет за пари

Јарецот е многу трудољубив и буден, доста способен да започне свој бизнис и да заштеди пари за да гарантира тивка старост.

Ракот сигурно знае да собере пари сè додека не биде богат. Не само тоа, ракот и работи постојано на тоа!

Шкорпија секогаш оди до својата цел, користејќи апсолутно екакви средства за да го стори тоа. И благодарение на тоа, тој исто така ќе биде финансиски независен во староста.

Девица знае како да се грижи за нејзините пари и секогаш е сигурна дека само богатството и раскошот ја чекаат. И не прават грешка!

Премиерот Заев се обрати на свечената академија по повод Денот на албанската азбука

Претседателот на Владата, Зоран Заев синоќа се обрати на свечената академија по повод 22-ри ноември – Денот на албанската азбука.

Во продолжение видео од неговото обраќање:

За студените зимски денови: Подгответе чорба од целер со кнедли

Вкусна и ароматична чорба со полн вкус на целер …

Потребно е:

1 поголем корен од целер, 1,5л. пилешка супа (може и вода),50гр. путер, 1 поголем компир

за запршката:

100гп. путер, 40гп. бело брашно

за кнедлите:

2 белки,40г. брашно, 2 жолчки малку сок од лимон, сол, бел бибер, мелено морско оревче

Подготовка:

– Коренот од целер измијте го убаво, излупете го, исечете го на помали коцки и пропржете го на 50 г путер.

– Сипете 1,5 л пилешка супа (или вода). Во супата ставете и еден компир исецкан на коцки.

– Кога ќе омекнат целерот и компирите испасирајте ги и вратете ги во супата.

– Направете запршка од 100 г путер и 40 г брашно. Запршката треба да остане бела. Полека сипете ја во супата со постојано мешање.

– Преминете на подготовка на кнедлите. Изматете ги во цврст шлаг двете белки. Додадете 40 г брашно и убаво измешајте. Со лажиче земајте од смесата и спуштајте ги кнедлите во врелата супа.

– Изматете ги жолчките и полека додадете ги во супата со постојано мешање. Во супата сипете и малку сок од лимон. Зачинете со сол, бел бибер и морско оревче, по вкус.

Судбина е да бидат богати: Овие 4 хороскопски знаци се магнет за пари

Јарецот е многу трудољубив и буден, доста способен да започне свој бизнис и да заштеди пари за да гарантира тивка старост.

Ракот сигурно знае да собере пари сè додека не биде богат. Не само тоа, ракот и работи постојано на тоа!

Шкорпија секогаш оди до својата цел, користејќи апсолутно екакви средства за да го стори тоа. И благодарение на тоа, тој исто така ќе биде финансиски независен во староста.

Девица знае како да се грижи за нејзините пари и секогаш е сигурна дека само богатството и раскошот ја чекаат. И не прават грешка!

Koга Кинезите градат мост, невозможното изгледа возможно (ВИДЕО)

Kинеските архитекти се едни од најпознатите во светот, а тоа не случајно. Нивните мега проекти најчесто го одземаат здивот и човек ќе се запраша како е воопшто можно да се направи нешто такво.

Една таква градба е патната делница во провинцијата Чу-пеј. Станува збор за делница која со долг мост поминува низ локалната река.

Ова импресивно здание е составено од 4,4 километри долг мост кој е дел од 11 километарската делница која ги поврзува провинциите Чу-пеј и Јичанг.

Во продолжение погледнете за што точно станува збор:

(Фото) Франција на нозе: Се бара црвената панда- изгледа убаво, но може да биде опacна

Црвена панда избегала од зоолошката градина во местото Сан Мартен ла Плен недалеку од Лион, а француските власти започнаа потрага.

Вработените во зоолошката градина велат дека пандата избегала преку гранките кои биле искршени од неодамнешниот снег.

“Ноќта на 14-ти септември гранките беа искршени од многу снег во паркот. Една од нашите панди знаела како да го искористи тоа и избегала”, напишаа вработените на Фејсбук профилот.

Тие ги замолија локалните жители да ја побараат пандата, но ги предупредија да не се обидуваат да ја фатат, пренесува Би Би Си. “Иако е изгледа убаво, таа има канџи и големи заби”, се наведува во соопштението.

Очекувајте ги СДСМ на врата дома…идат да Ви кажат што сработиле

На денешната прес конференција, Љупчо Николовски, генералниот секретар на СДСМ соопшти дека почнуваат со активности од врата на врата.

Го пренесуваме интегралниот текст од обраќањето на Николовски:

“Почитувани граѓани, почитувани новинари,

СДСМ секогаш е на терен, секогаш со граѓаните, до граѓаните и за граѓаните. Од утре, тимови на СДСМ, наши членови, активисти и функционери започнуваатсо активности од врата до врата.

Наша цел е да тропнеме на секој врата, во секоја улица, во секое населено место, општина. Сакаме да седнеме и да разговараме со граѓаните, отворено за сите теми. За успешната реализација во изминатите две години и бројните мерки за подобрување на животот на граѓаните но и за проблемите со кои се соочуваат. Да, тука сме да ги слушнеме и нивните критики, бидејќи ние знаеме дека наша должност и обврска е им служиме на нив.

Сите ние во СДСМ во овие 2,5 години покажавме што значи грижа за граѓаните. Покажавме и докажавме дека парите од буџетот ги вложуваме онаму каде е најпотребно, во човечкиот капитал и приходите на граѓаните.

Ајда да зборуваме со факти, со бројки! Овие бројки се за сите достапни! Овие бројки не се партиски приказна- овие бројки се реалност!

Сите податоци покажуваат дека економијата и платите растат. Факт е дека просечната плата ја покачувме за над 2.000 денари, минималната плата за 5.500 денари, социјалната помош за цели 300% а пензиите за 900 денари. Факт е дека СДСМ ја намали невработеноста на историски најниско ниво од 17%. Да, бројката е сеуште голема но да не заборавиме, во 2013та година таа изнесуваше 31%. Факт е дека отворивме 54.000 нови работни места пред се во приватниот сектор.

Факт е дека ние не трошиме средства на споменици и барок – не ние вложуваме во граѓаните и нивните приходи. Факт е дека слободата и демократијата повторно живеат во нашата татковина. Факт е дека воспоставивме принцип на отворена, транспарентна и инклузивна партија која постојано е со граѓаните и продолжуваме да се водиме по тој принцип.

Во летниот период одржавме над 600 маалски и урбани средби. Караванот на граѓански трибини продолжува паралелено со активностите од врата до врата.

Под мотото „На прав пат“ досега реализиравме над 20 граѓански трибини. И да, факт е дека граѓаните се со нас. Погледнете ја само масовноста на овие трибини! Факт е дека ние сме водечка партија во земјава!

Нашите партиските функциониери се тука за народот и тие секојдневно одржуваат средби со различни целни групи граѓани на кои се разговара за нивните потреби и се нудат конкретни решенија. Партиските комисии со своите тимови, составени од некои од најиновативните визионери во нашата земја веќе интензивно работат на новата Програма на СДСМ.

Сите коментари, забелешки и предлози, дадени на маалските средби, на трибините, но и оние кои ќе стигнат од активноста од врата до врата, се систематизираат, селектираат и ќе се вградат во решенија од новата програма- решенија кои ќе им донесат уште подобар живот на граѓаните.

Ние знаеме дека без граѓаните и нивните предлози ниедна изборна програма не може да биде комплетна и токму поради тоа отворивме и можност тие да ги дадат своите предлози по електронски пат, на банер од десната страна на веб страницата на СДСМ, со избор на теми односно соодветни комисии кои ги покриваат тие теми.

И за крај, да споделам со вас уште едне факт! Ние излегуваме на избори со тим на луѓе што ја менува македонската но и светската реалност. Ова ќе биде тимот за супер Македонија. Ништо веќе нема да биде исто”.

Девојка од Прилеп е вистинска инспирација и ја следат илјадници на социјалните мрежи: Интервју со Ксенија Деспотоска

Ксенија Деспотоска е млада девојка од Прилеп која е вистински магнет на социјалните мрежи. Нејзиниот профил на Инстаграм го следат безмалку 18.500 корисници, а таму има што да видат. Се работи за инспиративна девојка која преку фотографии ќе ве научи многу за модата и за тоа како се комбинира одлична фотографија со убав и тренди изглед. Не останавме рамнодушни и ја поканивме на разговор, а таа љубезно ни одговори на сите наши прашања. Интервјуто проследете го во продолжение.

1. Здраво Ксенија, кажи ни нешто повеќе за тебе, твоето образование, интереси и што го окупира твоето секојдневние?

– Здраво, на кратко нешто за мене, моментално се занимавам со блогерство на инстаграм и работам во маркетинг агенција. Имам завршено средно образование во “СОУ. Ристе Ристески Ричко” Прилеп, смер Графички техничар. Додека пак на факултет продолжив во Скопје на Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер и останати ми се уште неколку испити, кои искрено поради премногу обврски немам време да ги полагам, но секако тоа е мојата прва љубов така да ќе се потрудам за скоро и тоа да биде завршено. Моето секојдневие е окупирано со доста обврски и тоа работа, работа, работа…. Хаха.

2. Вистинска реткост е во Македонија да се има Инстаграм профил со толку многу следбеници. Како успеа да го изградиш својот профил и да привлечеш внимание од толку голема публика? Што според тебе ги поттикнува луѓето да те следат и позитивно да одговараат на твоите објави?

– Се се случуваше многу спонтано, едноставно луѓето ја препознаваат искреноста и љубовта кон работата. Единствено нешто што јас правев, беше тоа што го сакав тоа што го правам, го правев со многу љубов, креативност, вложував доста време и бев многу трпелива. Полека, но сигурно одев напред. Не беше секогаш лесно, но едноставно не се откажав во никој случај. А за тоа што ги поттикнува луѓето да ме следат мислам дека тоа е позитивноста на мојот профил и модата секако. Гледам се што правам да биде позитивно и едноставно и таква сум и јас, сакам да се смеам да бидам весела и тоа и го прикажувам на мојот профил, исто така искреноста, секогаш гледам да сум реална и искрена кон тие што ме следат, а и достапна до сите што им требам за нешто.

3. Како добиваш инспирација за една добра фотографија, дали тоа според тебе е вроден талент кој го поседуваш?

– Па за добра фотографија некогаш инспирација добивам од некоја слика што ќе ја видам на инстаграм, но некогаш едноставно ме инспирира некое место, некоја комбинација и сл. Така да некогаш сама си иди инспирацијата во моментот. Но сепак мислам дека има нешто и во талент кој го поседувам. Уште од мала сум сакала да се фотографирам, а и мајками од секогаш ме дотерувала и некако тоа се пренело на мене и ете денес и со тоа се занимавам. Но секој што го работи ова треба да е доста креативен.

4. Имаш ли некои посебни локации кои ти се најпривлечни за убава фотографија?

– Најпривлечна локација за фотографирање ми е дефинитивно Охрид. Таму буквално секој агол е толку фотогеничен што можеш да направиш 1000 различни фотографии. Исто така секој град си има по некоја локација која е убава за фотографија, на пример во Прилеп една од најубавите локации ми околу саатот и на црвениот мост. Секој град си има по некое магично место.

5. Колку треба да се биде посветен и колку време во денот е потребно за успешно некој да се занимава со оваа професија или хоби?

– Искрено премногу време е потребно, иако сите што гледат од страна мислат, па што ќе се фотографира и ќе објави… Ама позади тоа не е така воопшто. Секој што ме познава и што видел како изгледа едно фотографирање, едно спремање, што поминал еден ден со мене, може да види колку е напорно. Особено кога работиш плус full time job и ова како втора работа. Мене во денот понекогаш ми се малку 24 часа за да стигнам се да направам. Посветеност треба максимална, ова е исто како да отвориш своја фирма. Но едноставно кога го правиш тоа што го сакаш колку и да е напорно на крајот од денот си легнуваш испонет и задоволен.

6. Дали постои можност за добро да се заработи од ваков ангажман кај нас и колку компаниите се подготвени, односно дали вложуваат во овој вид маркетинг?

-Во последно време може да се пофалиме со добра заработка. Се повеќе и повеќе компаниите вложуваат во овој вид на маркетинг, така што баш ми е мило што конечно се развива ова и кај нас. Но од друга страна има сеуште и од тие што не ја разбираат нашата работа и не ја ценат.

7.Што е позитивно, а што негативно да се биде инфлуенсер во Македонија?

– Па мислам дека има повеќе позитивни од негативни страни. Како позитивни ќе ги вбројам тоа што се запознаваме и комуницираме со доста луѓе, заработуваме, имаме привилегии за некои работи, луѓето не препознаваат, веруваат во нас и тоа ни дава најголема мотивација. Но од друга страна, немаме многу слободно време, исто така и немаме многу приватност, тоа што сето ова го правиме јавно знае понекогаш да биде осудувано и негативно коментирано. Но секоја работа си има две страни па така и оваа, но битно е се да е балансирано.

8. Од кого имаш најголема поддршка во тоа што го правиш?

– Најголемата поддршка од почетокот па се до ден денес ја имам од моите родители кои секогаш веруваат во мене и се секогаш тука за што и да ми треба помош. Често дури и тие повеќе се грижат ако не објавам слика, па мајка ми знае да ми пиши: “Објави слика”, ако тој ден не сум објавила, или “Те нема на стори деновиве, ништо не објавуваш” хаха. Мене ова доста ми е симпатично и знам дека има некој што се грижи за мене. Исто така тие ме фотографираат ми помагаат при некои одлуки и сл. Освен нив секако имам голема поддршка од мои блиски луѓе, соработници, колеги и сл.

9.Имаш ли некоја крајна цел која би сакала да ја постигнеш со овој вид ангажман?

– Па единствена цел што ја имам е да одам напред и секое утре да бидам поуспешна, подобра, позрела, попаметна од денес, но секогаш да си останам таа што сум во подобрена верзија. Исто така да се до мене сите што ги сакам . Еден ден да си ги остварам сите мои соништа кои би си ги задржала за мене сега, но кога ќе ги остварам некогаш, секако ќе ги видите хаха.

10. Имаат ли корисниците на социјалните мрежи култура кај нас, дали добиваш непристојни предлози и пораки?

– Може да се пофалам дека повеќето од тие што ме следат имаат култура, но, секако има доста што воопшто ја немаат. А тоа е многу жално… Најчесто тоа се изреволтирани луѓе, не знам поради која причина и некои кои воопшто не ме сакаат, а ме следат и само чекаат да направам некоја грешка и да пишуваат за тоа. Некогаш тоа се мали деца и баш ќе споделам една порака што длабоко ме допре, не мене ами тоа како младите денес се полни со омраза и злоба. Ми напиша еден лажен профил на девојче: “Зошто не направиш туторијал како се самоубиваш?”. Јас не знам ама никогаш не сум била воспитувана да мислам лошо на некого, а особено не да му пишам и да му посакам такво нешто, ама денес на децата се му е сервирано да гледаат и што треба, а и што не треба и тоа доведува до ваков резултат. Затоа и родителите треба да гледаат понекогаш што им прават децата на телефоните…

11. Дали би ја напуштила државата и со ваков ангажман да се занимаваш во странство?

– Не, јас сум човек што сака тука да живее и не би сакала никаде на друго место. Сакам да шетам, но секогаш да си се враќам дома. Но, никогаш не вели никогаш, не можеме да знаеме што не чека во животот…

12. Имаш ли твоја дестинација од соништата која сакаш да ја посетиш?

– Да, Париз дефинитивно ми е дестинација од соништата, што сакам да ја посетам и се надевам дека тоа ќе биде во скоро време.

13. Добар шопинг или патување?

– Хммм…. Па и едното и другото хаха. Но, кога добро ќе размислам патување, затоа што облеката ќе ја носиш, ќе се искини и ќе ја фрлиш, ама спомените од патувањето никогаш нема да исчезнат.

14. Какви други хобија има Ксенија и дали имаш некое омилено катче каде го трошиш слободното време?

– Ксенија има доста хобија и сите се поврзани со креативност. Обожавам да пеам, да готвам, да си го уредувам просторот. Омилено катче ми е дома и кога имам слободно време би сакала да го потрошам таму, со луѓето кои ги сакам.

15. Твоја порака до сите девојки и момци кои сакаат да станат инфлуенсери

– Мојата порака што скоро секогаш ја кажувам е прво да се пронајдат, да бидат сигурни дали е тоа, тоа што го сакаат, да бидат спремни на се што следи и позитино и негативно, да не се откажуваат, ако нешто се сака, се може да се оствари, да бидат трпеливи, креативни и да се трудат.

Kсенија можете да ја следите на нејзините профили на Фејсбук и Инстаграм

(Видео) Расипан мотор предизвика пожap на крилото од авионот: Патниците во паниka!

Авион на филипинската компанија кој летал од Лос Анџелес до Манила принудно слетал кратко по полетувањето поради расипан мотор.

За среќа никој патниците кои биле 347 на број и 18 членови на персоналот, не биле повpeдени.

До инцидентот дошко кога пилотот на Боингот 777 објавил вонредна состојба и можно расипување на моторот, соопшти портпаролот на аеродромот во Лос Анџелес, додека еден од сведоците вели дека се гледало пламен како излегува од крилата.

Македонскиот ракометар Стојанче Стоилов избран за маж на годината

Традиционалната манифестација „Маж на годината“ на Македонија ги објави резултатите од изборот за оваа 2019 година.

Според гласовите на социјалните мрежи, годинава титулата оди во рацете на капитенот на европскиот ракометен шампион Вардар, Стојанче Стоилов.

Признанието македонскиот репрезентативен пикер ќе го добие на свеченоста која треба да биде организирана следната среда во хотелот „Дабл Три бај Хилтон“ во Скопје.