Руските музички мајстори со одличен концерт синоќа во Прилеп (ФОТО)

Младите руски музичари Владислав Фјодор на пијано, Алексеј Иванов на труба и Дмитриј Крилов на тромбон синоќа (21.11.2019) се претставија во извонредно светло пред нашите сограѓани, во рамките на камерниот концерт „Амбасада на мајсторство“,што с еодржа во ЦК„Марко Цепенков“.

Одлично прозвучија делата од Бах, Кетинг, Нестеров, Бетовен, Енеско, Гершвин, Жоливе, Римски Корсаков, во изведба на младите музичари кои се дел од програмата на Санкпетербуршкиот Дом на музиката, чиј уметнички раководител е професорот Сергеј Ролдугин.

Посетителите кои го исполнија изложбениот салон до последно седиште, а некои и стоејќи, го проследија одличниот концерт.

Уживаа во изведбата на композициите и на крајот заслужено ги наградија со апалуз Фјодоров, Иванов и Крилов.
Манифестацијата „Амбасада на мајсторство“ трета година се реализира во нашиот Центар, а организатори се агенцијата Россотрудничество и Амбасадата на Руската федерација во Македонија.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.