дома блог страница 2937

Pецепт со кој ќе кажете ЗБОГУМ на покачен xoлecтepoл, глиkoза во кpвта, мacнотии и тpиглицepиди!

Природната терапија, која дури и лекарите ја предлагаат, резултатите се зачудувачки!

Треба да консумирате тиква на секои четири недели. Уште подобро ако тиквата е органска.

Првото нешто што треба да направите е да излупите 100 грама тиква, ставете ја во блендер, истурете малку вода и измешајте добро барем неколку минути. Со ова ќе добиете вистинска витаминска бомба!

Кога ќе го направите овој пијалак, треба да го знаете е дека тој се консумира на празен стомак, 15-20 минути пред појадокот. Покрај тоа, овој третман нема контраиндикации, бидејќи се состои од природен зеленчук и вода.

Не користете шеќер или други адитиви. Тиквите содржат активни состојки кои го отстрануваат целиот холестерол од артериите преку урината. Со пијалокот можете да ги исчистите артериите и по консумирањето ќе се чувствувате освежено и енергично.

Вашата крвна слика ќе биде феноменална.

Котеска контра Борисов: Вие сте фашиcтичkи окyпатopи

Реакција на заканата на бугарскиот премиер Борисов кој порача дека ако некој некој каже дека Бугарија е фашистички окупатор, тогаш нема да добие бугарска помош!

Откако вчера лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски му врати дека Гоце Делчев е Македонец а Македонците говорат македонски и професорката Јасна Котеска контра Борисов во врска со фашистичката окупација.

“Па еве ЈАС лично ТВРДАМ дека СТЕ ФАШИСТИЧКИ окупатори во 2 св. војна. #bojkoborisov Тоа е историски факт. Ало бре и историски факти ли ќе менувате како ќе ви текне??”, прашува Котеска.

Како Борисов може да и ја укине помошта на професорката засега Софија не објаснува.

Котескa е изненадена што никој од Социјалдемократите не реагира на заканите од Борисов.

”Силниве левичари изгледа уште фатени со анализа на водата на Борисов. Има некој да гукне за фашистичкото наследство на Бугарија во 2 светска војна или тоа се’ така, колку да се истера ден со некој мим?
Абеее…. варош, нек си се тртља во калта. Ни на фашизам не се реагира. Бљак!”, пишува професорката.

Димовски: Бугарија да му се извини на Македонскиот народ за сите cтpaдaња и yгнетyвањето кои и ги пpичинила во минатото

Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Димитар Димовски преку својот Фејсбук статус пишува дека Бугарија треба да му се извини на Македонскиот народ за сите страдања и угнетувањето кои и ги причинила во минатото.

-Господине Борисов, историјата (барем од последните три века) е наука која се базира на факти и записи кои ги составиле луѓето кои живееле во тоа време. А тие факти, а и документи, ја кажуваат единствената вистина. Бугарија за време на втората светска војна била во коалицијата на фашистичките држави и била фашистички окупатор во Македонија. Од раката на тој окупатор истекла многу македонска крв и биле одземени илјади македонски животи. Тие факти неможе да се променат. Но, тоа што може да се промени е Бугарија да му се извини на Македонскиот народ за сите страдања и угнетувањето кое му го причинила во тој период. Ние, Македонците, сме добри христијани и верувам дека ќе простиме. Но, не не терајте да зборавиме. Гоце Делчев, еден од великаните на Македонија, можете да го славите и опевате, нема никаков проблем, ама како Македонец кој својот живот го дал за слободна и независна Македонија. Македонскиот јазик, култура, традиција и историја, припаѓаат на Македонскиот народ. За да се помагаме како соседи, како пријателски народи, не треба многу. Потребно е да ја зборуваме вистината и да сме искрени и чесни едни кон други.До тогаш, останете во добро здравје, стои во неговиот пост на Фејсбук.

(Видео) Овој мисир знае нешто за поштарот и не сака да му прости: Го брка низ целото маало со месеци и не се откажува

Некој има куче чувар, а некој мисир кој достојно ја исполнува својата должност.

Видеото од мисирот од Висконсин кој му замерил на поштарот е вистински хит на социјалните мрежи. Но, најинтересно е тоа што оваа птица го прави истото секој ден.

Ибрахимовиќ се враќа во Сериа А: Еве со кој тим преговара

Италијанскиот фудбалски великан Милан во моментот е на катастрофалното 14-то место на табелата, а на шведскиот играч Златан Ибрахимовиќ ангажман на шест месеци.

Како што пренесуваат Gazzetta dello sport и Sky Sports Italia, Милан ги започнал преговорите со Ибрахимовиќ кој минатиот месец го напушти тимот на Лос Анџелес Галакси.

Швеѓанецот во Ломбардија мина две сезони од 2010 до 2012 година, и тогаш постигна 42 гола во 61 натпревар придонесувајќи за освојувањето на последната титула првак на Италија за Милан во сезоната 2011/2012.

Спортскиот магазин Gazzetta dello sport пишува дека Милан сака да го ангажира поренешниот играч на повеќе европски гиганти на шест месеци, но е подготвен да плати 6,6 милиони евра, доколу 38-годишниот Ибрахимовиќ се согласи во клубот да остане година и половина.

(Видео) Aпokaлиптични сцени од Австралија: Небото портокалово, температурата 40 степени, а летото само што доаѓа

Силни ветрови кои дуваат на југоистокот на Австралија во градот Милдуру довеле огромни облаци на прашина. Небото добило портокалова боја и се изгледа како сцена од апokaлиптични филмови.

Мештаните маки мачат со ветриштата кои дуваат со 40 километри на час и со температурата која достигнува и до 40 степени.

Во недела сите ќе навиваме за девојчето од Прилеп, а еве и како да гласате: Бесплатно е и може секој (ВИДЕО)

Детската Евровизија ќе се одржи во Гливице, Полска, во недела на 24-ти ноември. Прилепчанката Мила Москов ќе настапи со композицијата ,,Fire” (Оган).

На првата проба таа помина одлично, облечена во дводелен црн комплет со портокалова наметка, а на сцената имаше ефект од пламен кој гори зад неа. Песната е во самиот врв според позитивните коментари и на листите за обложување.

Како да ја поддржиме Мила?

„По пат на онлајн гласање сите заедно одлучуваме кој ќе биде победникот на годинешниот „Јуниорски Евросонг“. Поддржете ја и нашата учесничка Мила Москов со тоа што ќе гласате и за неа. Гласањето започнува во петок на 22. ноември преку сајтот junioreurovision.tv, велат од МТВ од каде што објавија видео за начинот на гласање:

Извонредните вокални способности на Мила вклопени во музичкиот аранжман на „Оган“ наидоа на позитивни критики на музичкиот канал Јутјуб. ,,Fire” е компонирана од Лазар Цветкоски, додека пак текстот е на неговата сестра Магдалена Цветкоска, а видеоспотот е дело на Даниел Јовески.Мила има 14 години, ученичка е во основното училиште „Кочо Рацин“ од Прилеп.

Во Прилеп невработени се 11.592 лица, а бројката не се променила во изминатите две години

Во Центарот за вработување во Прилеп, денеска беа потпишани договори за мерката „самовработување со грант“, со што 35 лица добија неповратни средства во висина од 5.000 евра, за отворање сопствен бизнис – објави порталот “Инфо Компас”.

Според Гордана Младеноска раководител на Центарот за вработување во Прилеп, главно се отвораат сопствени бизниси за занимањата кои се актуелни на пазарот.

Според Младеноска, се зголемува интересот за започнување сопствен бизнис, главно поради поволните услови.

Невработените 35 прилепчани кои решија да отворат свој бизнис и да ја бараат иднината во земјава сметаат дека ќе успеат на пазарот.

Во Прилеп инаку невработени се 11.592, од кои активни баратели на работа се 7.000. Овие бројки се исти последниве две години.

Целиот текст прочитајте го на “Инфо Компас”

Луѓе да беа ќе се иcпотепaa за преку ред (ВИДЕО)

Дополнителен кoментар не е потребен, само погледнете го видеото во продолжение и уживајте во тоа што го гледате:

Во ЦК “Марко Цепенков” започна 11-та ликовна колонија “Дрен 2019”

Во ЦК„Марко Цепенков“ започна 11-та ликовната колонија Дрен 2019. Колонијата Дрен 2019 се реализира во ликовното ателје на Центарот со учество на уметници од нашиот град, членови на ДЛУП.

На заедничката дружба до недела ќе творат Александар Џинго, Драган Верговски Алпи, Бојана А. Трпческа, Верче
Николоска, Марта Макеска, Васил Костов, Тони Чатлески, Атанас Атанасоски, Давид Атанасоски, Дарко Талескi, Методи Исков, Марјан Стојаноски.

Колонијата, по едногодишна пауза, се реализира со поддршка на Министерството за култура, а делата што ќе бидат создадени ќе бидат дел од наследството на ЦК„Марко Цепенков“, кој има завидна колекција на уметнички дела од претходните колонии.