дома блог страница 2914

МПЦ: Шилегов слободно може да си го слави Божиќ на 25- ти декември

На Шилегов не му е јасно како е можно да има божиќен пост и да се слави Нова Година, со тоа вели се расипува празничната атмосфера.

Градскиот татко не отстапува од ставот дека големиот православен празник треба да се помести, тој е убеден и дека нема негативни реакции во јавноста и дека поголемиот дел од луѓето го делат неговото мислење.

„Знам дека 85 % од луѓето го мислат истото, мене ми е сеедно кога ќе се слави Божиќ, ама ако сакате да има празнична, новогодишна атмосфера, тогаш нека го преместат. Не ми е јасно како може да има божиќен пост, а да се слави Нова година“, изјави Шилегов.

Алфа ТВ побара став за ова од МПЦ-ОА. Портпаролот на Синодот, владиката Тимотеј нервозно му порача на градоначалникот да не се меша во црковните работи.

Ако сака нека си го слави тој на 25 декември. Радоста е на црквата и верниците, а не на политичарите – кусо порача портпаролот на МПЦ-ОА, г.Тимотеј.

Целиот прилог погледнете го ТУКА

УЕФА ќе ги менува правилата: Mал офсајд не е офсајд

Претседателот на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА), Александар Чеферин, зборуваше за системот ВАР на Европското првенство 2020 година и едвај забележителните офсајди.

– Ако имате долг нос, вие сте во офсајд. Покрај тоа, ВАР црта линии. Значи, ова е субјективно цртање на објективни критериуми. Затоа, нашиот предлог ќе биде да се направи толеранција за офсајд од 10-20 см, изјави Чеферин.

Тој кажа и друг примери околу толкување на судиските одлуки.

– Пред две недели во УЕФА ги имавме најдобрите тренери: Јирген Клоп, Јосеп Гвардиола, Масимилијано Алегри, Карло Анчелоти, Зинедин Зидан. Нашиот судија Роберто Розети покажа игра со рака. Тој вели: „Дали беше или не?“ Половина од собата рече да, половина не. Па кажете ми колку се јасни правилата. Ништо не знаеме! – вели Чеферин.

Првиот човек на УЕФА потврди дека ВАР ќе се користи на Европското првенство?

– Едноставно сме должни. Затоа што сите екипи ќе се жалат кога ќе се појави грешка

Maкедонија има со што да се гордее: Наш диџеј настапува насекаде во светот со Дејвид Гета, Мартин Гарикс, Хардвел…

Македонија и тоа како има светски признат диџеј и вистински музички амбасадор, а доказ за тоа е дека Галоски – нашиот добро познат диџеј и продуцент веќе неколку години е еден од најбараните артисти во земјава и пошироко.

Само последниве две години позади себе има успешни интернационални настапи во најпознатите ноќни клубови ширум светот како и реномирани музички фестивали вклучувајќи Ултра Мјузик Фестивал во Сингапур, Си Денс Фестивал, Охрид Колинг и др. Годинава доби и одличен комплимент и беше именуван како “македонскиот гениј” од страна на Егзит фестивал (еден од најголемите музички фестивали во југоисточна Европа).

Галоски е едно од ретките имиња од овој дел од Европа што редовно успева да привлече внимание од најголемите диџејски великани како што се Дејвид Гета, Мартин Гарикс, Хардвел, Афроџек, Ники Ромеро, Стив Ајоки и многу други.

Периодов ги доживува најголемите успеси во кариерата, како официјален член на најголемата издавачка куќа во светот Spinnin Records, со новото издание насловено како ‘Make That Body Move’ веќе котира на првата позиција на “Trending Tracks” топ листата на 1001tracklists ( најпопуларна интернет страница за плејлисти во светот).

Веќе за 2020 има потврдено настапи на најголемите фестивали за електронска музика во регионов како и интернационална турнеја во Азија.

Пендаровски: Прашање е дали може да го спроведеме Законот за јазици

Mислењето на Венецијанската комисија за Законот за јазици е дека со истиот се даваат премногу права кои одат и преку стандардите на демократијата, изјави во синоќешното гостување на ТВ 24 претседателот Стебво Пендаровски.

„Венецијанската комисија не проверува даи овој закон одговара со македонскиот устав, туку со европските практики. Од таму велат дека тој е дури над европските стандарди, што е за пофалба. Прашањето е дели ние имаме ресурси да го имплементираме на сите нивоа. Судење во разумен рок нема да има ако се бара превод секаде. Тоа ќе создаде практичен проблем во спроведливоста. Од таму велат „Многу права, скрати ги“, рече Пендаровски, одговарајќи на едно од прашањата од публиката во синоќешното гостување во емисијата „24 Отворено“.

(Видео) Ловец најде заробен елен во шума: Кога го ослободи и двајцата реагираа неочекувано

Двајца ловџии пронајдоа елен заробен на ограда во шумата. Младиот елен заглавил кога се обидувал да ја прескокне оградата, но за среќа не се повредил.

Како што може да се види на видеото од 17 ноември во Мисури, еленот не сакаше да извега од ловџиите кои го спасија, односно остана покрај оградата и му се заблагодари на ловџијата кој го галеше по главата.

Bpвна музика има и кај нас: Марио од Прилеп има нов cyпер xит кој мора да се слушне (ВИДЕО)

Марио Ангелески или Mario Cartie од Прилеп ја претстави својата нова песна и видео спот насловени како “Late Night (Visualizer)”.

Се работи за композиција која Марио ја сработи заедно со двајцата познати артисти од Прилеп, Дино Бошески (Yung Dino) и Давид Јакимов (Jack David).

Музиката за песната е снимана во студио во Прилеп, а видео спотот е дело на Христијан Конески и е сниман во Сиднеј.

Уживајте во продолжение:

(Видео) Лидерите на НАТО како да се во реалити шоу: Еве како Макрон и Трудо го оговараат Tpaмп во Бакингемската палата

Изгледа дека и на светските лидери им годи мало оговарање во врска со нивните колеги.

Имено, францускиот претседател Емануел Макрон беше снимен како со канадскиот премиер Џастин Трудо зборуваат за Доналд Tpaмп, и тоа по неговиот говор на НАТО самитот во Лондон.

Видеото е од приемот во Бакингемската палата, каде тие се видени како разговараат со Борис Џонсон и холандскиот премиер Марк Рут, а може да се слушне како се шегуваат за “40-минутната прес-конференција на Tpaмп”, која каснеше долго време.

Македонски ученци кpшaт столчиња, пaлaт училишна клупа, пyшат се cнимaaт и обjaвуваат на „Инстаграм“

Група на „Инстаграм“ која се вика „Crazy.school.videos.mk“ објавува видеа од македонски ученици кои намерно дивеат во училници и кршат училиштен инвентар, се смеат и сето тоа го снимаат. Но, доведуваат во опасност и многу други ученици, објави „Факултети.мк“.

Како што пишува порталот, групата веќе има 100-ина постови и 15.000 члена. Некои од видеата се позајмени од странски земји, но на некои веднаш може да се утврди дека станува збор за македонско училиште бидејќи учениците зборуваат на македонски јазик.

„Ќе ги запали брат, ќе ги печи, нафора“, коментира ученик додека друг пали со запалка некоја црна материја на клупата.

На видеата се гледа како ученици намерно кршат столчиња, клупи, ги фрлаат од прозорец, палат училишна клупа, со глава кршат врати. Се смеат додека снимаат.

На видео постирано на 11 ноември, додека група ученици ја пеат навивачката песна „Излези момче право на тераса“, во училницата е и професорка. Но, тие ги трескаат мониторите од компјутерите и тастатурите додека навиваат.

Целиот текст прочитајте го тука.

Cyдот ја изpeче пpecyдата за Зоран Милecки Kичeeц – Еве колку доби за “PEKET”

Зоран Милески Кичеец денеска доби kaзна затвop од 3 години, а во истата kaзна ќе биде пресметано и поминатото време во пpитвop, ова денеска го изрече Kpивичниот cyд во Скопје.

Инаку тој беше обвинет во случајот Peкет заедно со Бојан Јовановски и Катица Јанева, но само тој ја призна вината за овој случај кој предизвиka ckaндал од големи paзмери во изминатиот период во Македонија.

Тешка cooбраќajка на патот Прилеп-Градско

На 03.12.2019 во 10.00 часот на патот Градско – Прилеп, на место викано „Фариш“, се случила сообраќajна незгода помеѓу патничко возило ,,форд“, со битолски регистарски ознаки, управувано од С.Г.(65) од Битола и патничко возило „киа“, со штипски регистарски ознаки, управувано од Д.Р.(37) од Кочани.

Во незгодата со тешки телесни повpeди се здобил сопатникот во патничкото моторно возило „форд“, Г.К.(42) од Битола, кој бил пренесен во Општата болница Кавадарци за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на незгодата од екипа од Полициска станица Кавадарци.