дома блог страница 2913

НОВ БРАН ПРЕДИЗБОРНИ ВРАБОТУВАЊА: Објавени се огласи за над 80 работни места во јавната администрација

Бранот на вработувања во јавната и државната администрација никако да престанат во предизборниот период. Речиси нема ден, а да не се објават огласи за вработување, односно за само една недела над 16 институции објавија огласи за вработување на над 80 работни места.

Државни и јавни службеници се бараат во Државниот испитен центар, Службен весник, Министерството за прaвда, Комисијата за конкуренција, Комисијата за зaштита од конкуренција, Дирекцијата за зaштита и спасување, Државниот просветен инспекторат, Државното прaвобранителство, Cудскиот совет, Генералниот секретаријата, Дирекцијата за бeзбедност на клaсифицирани информации, Фондот за иновации и технолошки развој, Министерството за информатичко општество и администрација, Институтот за стандардизација, како и 20те вработувања во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство поточно во Управата за хидрометеоролошки работи.

За голем дел од огласите се нудат и доста солидни плати во зависност од позицијата.

Очите на јавноста се вперени токму во власта бидејќи таа е најодговорна за објавување на ваквите огласи што предизвика и големо разочарување затоа што и покрај големите ветувања од страна на СДСМ и премиерот Зоран Заев дека на Македонија и е потребна професионална и државна управа и јавен сектор во служба на граѓаните и натаму се примаат кадри по партиски и роднински правила.

Главен проблем што бранува во јавноста е што не е доволно познато дали вработените ги исполнуваат критериумите за стручност за да бидат вработени во институциите на државата.

Сите активни огласи можете да ги погледнете ТУКА

Повеќе од 75.000 банкари во светот остануваат без работа

Соопштението на „Уникредит групација“ за укинување на 8.000 работни места ја надмина бројката од 75.000 отпуштања, што банките ќе ги поделат во текот на следните неколку години. Од овој број, дури 83 проценти се во Европа.

Тие бројки ја истакнуваат слабоста на европските банки кои работат во економии ориентирани кон извоз. Поради тоа, банките се наоѓаат во голема неволја поради тековните меѓународни економски превирања, јави Блумберг.

„Уникредит“ објави дека следниот круг отпуштања ќе покрие една милијарда евра во бруто-трошоците.

Сепак, на врвот на списокот се најдоа банки во Германија, чиј банкарски пазар се покажа како најранлив во Европа. Најголем број отпуштања е најавено од Дојче банка, која планира да отпушти 18.000 работници во текот на следните две години, со цел да се опорави од големите инвестиции.

Путин им згрми на Бугарите: Ќе ја заобиколиме Бугарија лесно ако го одложува намерно „Турски тек“

Рускиот претседател Владимир Путин ја обвини Бугарија дека намерно ја одложува изградбата на рускиот гасовод „Турски тек“ на нејзината територија и предупреди дека Москва може да најде начини да ја заобиколи Софија доколку е потребно, пренесува Ројтерс.

Премиерот на Бугарија Бојко Борисов пак негираше какви било намерни одложувања, велејќи дека изградбата започнала доцна – пред три месеци – затоа што Софија се придржува до правилата на ЕУ за јавни набавки, осигурувајќи дека Брисел не го блокира проектот, додаде британската агенција.

Говорејќи на заедничката прес-конференција со српскиот претседател Александар Вучиќ во руското одморалиште Сочи на Црното Море, Путин рече дека Бугарија „намерно“ го одложува спроведувањето на турскиот проток на нејзината почва.

„Ако бугарското раководство не го сака тоа (гасоводот„Турски тек“), ќе најдеме други начини да го реализираме во јужна Европа“, рече Путин, без да ги образложува деталите.

Во оваа прилика, Борисов за бугарската приватна телевизија БТВ изјави дека неговата влада ја забрзува изградбата на гасоводот и го покани Путин на посета да се увери лично.

„Секој има право да бара алтернативни правци. Бараме алтернативна диверзификација. Покрај тоа, малку е веројатно дека ќе бидат задоволни што Бугарија е толку лојална, силна членка на НАТО и Европската унија“, додаде бугарскиот премиер.

„Мојот одговор на претседателот Путин е дека тој е добредојден да нè посети и да види колкава е брзината со која градиме, во просек пет километри на ден. Почнавме доцна затоа што мораше да се спроведат многу процедури … Ние се придржуваме кон правилата на ЕУ, па затоа е безбедно да се каже дека ќе го градиме (гасоводот)“, рече Борисов.

Русија гради две линии на гасоводот „Турски тек“, со капацитет од 15,75 милијарди кубни метри (БКМ) гас секоја година. Првиот крак е наменет за снабдување на Турција со гас, а вториот треба да оди од турската граница преку Бугарија кон Србија и Унгарија. Москва планира да ја започне првата линија следниот месец, додека лансирањето на втората зависи од изградбата на потребната инфраструктура за гас во Бугарија, Србија и Унгарија, пренесува Ројтерс.

Во Србија, 370 километри цевки се заварени на трасата на Турскиот тек, долг 403 километри, а ќе бидат завршени како што беше планирано до крајот на годината, изјави за новинарите во понеделникот заварувачот на рускиот гасовод Димитри Јакушев, кој работи на делот Поморавjе. Бугарија потпиша договор од 1,1 милијарди евра со групата Аркад, предводена од Саудиска Арабија, за изградба на гасоводот од 474 километри низ нејзината територија.

Софија се надеваше дека гасоводот ќе биде оперативен до мај 2020 година, но бидејќи договорот беше потпишан пред само три месеци, тој го помести рокот за крајот на следната година.

УХМР со анализа: Еве каква зима не’ очекува

Топла со натпросечни температури и врнежи во рамки на повеќегодишниот просек се очекува да биде зимата.

Според УХМР, очекуваните влијанија од позитивните отстапувања на температурата на површината на морето во последните неколку месеци укажуваат и на пораст на температурите на воздухот, како и на поголемиот дел од европскиот континент, така и во земјава.

Температурата на воздухот во декември, јануари и во февруари има поголема веројатност да биде натпросечна, со позитивно отстапување од околу два степена од многугодишниот просек. Отстапувањата се очекува да бидат поизразени во источниот дел на земјата, каде што пак ќе има позитивно отстапување во однос на врнежите, кои во земјава се очекува да бидат просечни.

Овој месец температурата се очекува да биде над просечните вредности, а за врнежите постои поголема веројатност дека нема да ги достигнат просечните вредности. Во јануари температурата, исто така, има поголема веројатност за надминување на просекот, а веројатноста е најголема дека врнежите ќе бидат во рамките на просечните. Во февруари исто се очекува температури повисоки од просекот, кои не се очекува да надминат повеќе од еден степен, а врнежите во источниот дел може да го надминат просекот, додека во западниот дел ќе бидат потпросечни.

Просечната температура за зимата во периодот од 1981 до 2010 година се движи од минус 1,5 степен во Маврово до пет степени во Гевгелија, а просечните зимски суми на врнежи се од 90 милиметри во Штип до 319,4 милиметри измерени на метеоролошката станица во Лазарополе. Просечната температура за Скопје изнесува два степени, а просечната количина врнежи 110 милиметри.

Од УХМР напоменуваат дека сезонските изгледи не можат да обезбедат детални информации за тоа дали ќе има интензивни краткотрајни временски непогоди, како зимски бури, екстремно студени периоди, екстремно влажни…

Хит видео:”Заев го виде Трамп”

Премиерот Заев не се пофали за средбата со американскиот претседател Доналд Tpaмп како што го направи тоа пред две години во Обединетите Нации во Њујорк. Можеби затоа што оваа средба трaеше малку пократко односно 5 секунди, за разлика од претходната која беше подолга за една секунда.

Имено, премиерот воопшто немаше да се види со Tpaмп доколку сам не му пријдеше од зад грб за да се поздрават.

Пред две години кога ПиАрот на Заев објави средба со Трамп беше откриено дека средба како и сега воопшто немало туку дека Заев во минување искористил прилика да се ракува а поздравувањето кое беше прикажано како средба го снимаше министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Потона брод, горивото се излеа во Охридското Езеро!

Бротчето „Лихнида” потона во Студенчишки Канал кај Билјанините Извори, по што дел од горивото од пловилото заврши во водите на Охридското Езеро, пишува порталот Курир.

Екипи од Капетанијата на бродови во Охрид веднаш излегле на местото на настанот, најавувајќи активности за извлекување на бротчето од каналот.

Проблеми со запуштени пловила и порано имало во Студенчишкиот Канал, кој во отсуство на соодветна марина и обезбеден простор за закотвување претставува единственото место на Езерото каде завршуваат дотраените бродови.

Капетанот на Капетанијата во Охрид, Горан Устијаноски изјави дека во координација со локалната самоуправа ќе се бараат начини како сите дотраени пловила да бидат отстранети од Студенчишкиот Канал. Истовремено, тој посочи на обврската на сопствениците да се грижат за своите пловни објекти, односно доколку не се во пловна состојба да бидат отстранети од езерото.

(Видео) “Летечки змии” снимени во Областа 51: Американците веруваат дека се работи за НЛО

Во ноември се снимени неколку неидентификувани објекти, кои потсетуваат на змии, а забележани се во неколку американски држави, од Калифорнија до Вајоминг.

Мистериозните објекти се истовремено забележани и во Шкотска. Меѓутоа, сеуште нема објаснување за оваа необична појава на небото.

Бројните сведочења за чудните објекти кои лебдат на многу места во Америка, ја разгори теоријата на заговор дека владата тајно ги прислушува граѓаните, пренесува “Дејли стар”.

Само за промена на масло 25.000 долари: Ова е Bugatti Veyron, а еве колку чини да се поседува ваков автомобил (Видео)

Претходникот на Chiron и ден денес за многумина е еден од најпосакуваните автомобили.

Цената на Bugatti Veyron повторно расте, а во едно друго време можеше да се добие за прилично разумна цена, скоро колку еден „обичен“ суперспортски модел. Факт е дека за оние со длабоки џебови тоа всушност и не претставува проблем. Сепак, вистинскиот предизвик е и самата сопственост на автомобилот. Покрај исклучително скапата полиса за осигурување, трошоците за одржување одат до небо, без разлика дали го возите автомобилот или не.

Можеби знаете, но само замената на масло која е комплексна работа чини околу 25.000 американски долари, што е на ниво на цена на многу солиден нов компактен автомобил.

Покрај промената на маслото, тука е и неопходното менување гумите на секои две до три години. Тоа се уште 38 000 долари. По 16.000 поминати километри, треба да се променат и фелните, а тоа се дополнителни 50.000 долари.

Погледнете го видеото во прилог и ќе ви стане појасно.

Божиќна реклама која ќе ви предизвика лавина од емоции – ги освои срцата на илјадници луѓе ширум светот (ВИДЕО)

Сопствениците на малата продавница за алати “Hafod Hardware” во Велс, направи прекрасна Божиќна реклама која ги освои срцата на голем број луѓе ширум светот.

Рекламата е едноставна, но толку моќна, а чинела само 100 фунти за позајмената музика.

Продавницата “Hafod Hardware” постои од 1895 година, а оваа реклама ја снимиле во само еден ден.

Погледнете и уживајте:

ВМРО-ДПМНЕ: Јованоски и Талески се неспособниот тандем кој владее со Прилеп – Го уништија и спортот (Видео)

Човекот кој најмногу ветуваше за спортот во Прилеп а сега градоначалник Илија Јованоски и човекот кој го кудеше спортот во минатото а сега претседател на Совет, Миле Талески, се тандемот кој го води и владее со Прилеп изминатите две години. Од нивното управување со една од најголемите општини во Република Македонија останаа само нереализираните ветувања и мегаломанските лаги – истакна на денешната прес конференција Дејан Димоски од ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост во продолжение:

“Денеска сме тука пред поранешната Соколана, спортската сала „Партизан“, за која Јованоски во својата програма ветуваше целосно реновирање со цел унапредување на спортот во Прилеп.

Сепак, како и сите други ветувања, Јованоски и СДСМ лажеа и за овој спортски објект.
Сите се сеќаваме кога градоначалникот во предизборието се фотографираше и држеше реферати токму тука, а околу него наредени беа спортисти и спортски работници кои требаше да бидат тимот за ветениот препород на спортот во Прилеп.

Очигледно дека развојот на спортот бил само изговор, а единствено важни биле вработувањата, високите хонорари, донации и други приходи кои како бенефиции ги уживаат од власта.

Токму пред овој објект Јованоски бесрамно лажеше дека ќе го врати епитетот најспортски град за Прилеп.
Ветуваше, односно лажеше, дека ќе го обнови планинарскиот дом Дервен, дека ќе изграделе спортско-рекреативен центар на вештачкото езеро, ќе изграделе спортска сала во ООУ “Кире Гаврилоски” и ја кажа најголемата лага за изградба на затворен базен со здравствено-спортско рекреативен центар во салата “Македонија”.

Toкму од тука, Јованоски излага и дека ќе воведеле поголем буџет од општината за спортот, како и стимулации за фирмите кои инвестираат во спортските клубови.

Вети, односно излага, дека ќе ја вратат во употреба Универзалната сала, дека ќе ги покриваат трошоците на клубовите за употреба на спортските објекти, стипендии за успешни спортисти …. и еден куп други празни зборови од кои денеска има само едно големо ништо!

За жал денеска спортот во Прилеп тоне, а спортските великани ФК Победа и РК Прилеп се второлигаши.
Почитувани сограѓани,

Овие луѓе се прочитани, сега одново ќе ви ветуваат и ќе ве убедуваат, но освен лаги немаат што да понудат.
Времето на лажни политичари, манипулатори и луѓе само за кариера е завршено. Доаѓа Обнова на Македонија и ставање крај на оваа башибозук власт на СДСМ”.