дома блог страница 2907

Боки 13: Аман бе луѓе, земете и осудете ме веднаш

Аман бе луѓе, ништо не ми дозволувате мене да прашам. Па, земете осудете ме и да не ги малтретираме луѓето, извика во еден момент првоосомничениот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски, алијас Боки 13.

Неговата реакција уследи откако судијката Васка Николовска Масевска реагираше на едно поставено прашање, што според нејзина и оценка на обвинителката Вилма Русковска, беше ирелевантно за процесот.

Извор: “Лидер.мк”

Пијанист и професор од Прилеп настапи заедно со византискиот хор на митрополијата од Верија (ВИДЕО)

“На духовната академија и концертот на духовна музика организиран во чест на 50 годишниот јубилеј од служењето во Црквата Христова на Неговото Високопреосвештенство г. Пантелејмонос, митрополит на Верија, Науса и Камбанија (Р.Грција), во преполната сала на Центарот на Уметностите во градот Верија – Р. Грција, а на покана од Великиот псалт о. Никодимос Каварнос, Високопреподобен Архимандрит на Атинската Архиепископија, учество зеде протопсалтот, пијанистот и профеорот од нашиот град г-дин Денис Најдоски. Заедно со него и со византискиот хор на митрополијата од Верија беше изведена „Господи помилуј“ – според светогорскиот напев”, информираат од Црковниот храм Св. Петка од Прилеп.

(ВИДЕО) Тамара: “Многу сум лута на мојот народ што поверуваа дека сум се продала, заборавија се’ после два месеци”

Македонската пејачка Тамара Тодевска која на овогодинешната прослава на Денот на независноста во американската амбасадаво Скопје со своја „верзија“ ја испеа македонската химна од која ги исфрли стиховите во кои се споменуваат Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев и Јане Сандански, предизвика бројни реакции на социјалните мрежи.

Во интервју за за Wiwibloggs, Тодевска првпат проговори за случката со химната и откри низ што поминала:

„Беше ненамерна грешка и омразата започна. Ме мразеа толку многу! Тоа беше период кога требаше да бидам среќна, горда на себе, а јас бев затворена помеѓу четири ѕида. Се прашував што се случи…

На луѓето кои ме знаат им е јасно дека никој не може да ми каже што да правам. Едноставно згрешив, не беше професионално, но сите грешат. Ова е прв пат да зборувам за тоа, но многу им бев лута на моите луѓе. Тие веруваа дека јас сум се продала. Тие заборавија се, само по два месеци! Велат дека жирито гласало за мене бидејќи го променивме името, не, тие гласаа за нас бидејќи бевме добри“ кажа Тамара и првпат проговори на оваа тема.

„Сирота ти…“ – Шилегов навреди новинарка на “Алфа ТВ” (Видео)

Граѓаните се гушат, а градоначалникот Шилегов станува се понервозен..Се лути што медиумите постојано го прозиваат за овој проблем кој и натаму е алармантен – објави “Алфа ТВ”.

Дождот денеска влијаеше да се намали загадувањето што не беше случај и за време на продолжениот празничен викенд кога и со намален итензитет на сообраќај мерните станици беа во црвенио градскиот тато за ова немаше објаснување.

Извор: “АЛФА ТВ”

Регулаторна донесе нова одлука: Ова се новите цени на горивата кои ќе важат од полноќ

Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за 1,5 денари по литар, а цената на дизел горивата останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,08 отсто.

Новата малопродажна цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 67, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 – 69 денари за литар. ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе продолжи да се продава за 61,5, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 50,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 1,293 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе изнесува 34,478 денари.

Како причина за промена на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат за 3,83 отсто пониската просечна цена на бензинот на светските берзи во изминатите седум дена и за 0,48 отсто кај дизелот, како и за 0,24 отсто повисокиот курс на денарот во однос на доларот.

Уште една светска ѕвезда замина во вечноста

Мари Фредриксон, пејачката на славниот шведски поп-рок бенд „Роксет“ почина на 61-годишна возраст.

Како што пренесуваат странските медиуми, пејачката починала во понеделникот по долга и тешка болест.

„Со голема тага мора да ве информираме дека една од нашите најголеми и најомилени уметнички повеќе ја нема. Мари Фредриксон умре на 9 декември по долга болест“, напишало семејството во соопштението.

Мари, која зад себе ги остави сопругот и двете деца, претходно се лекуваше од тумор на мозокот.

Ќе остане запаметена по хитовите „It must have been love“, „Joyride“, „The look“, „Listen to your heart“ и други.

Репертоар на театарот “Војдан Чернодрински” Прилеп: Пет претстави оваа недела

Репертоар на прилепскиот театар “Војдан Чернодрински” – Прилеп

11.12.2019 (среда), со почеток од 18.00 часот, “ПИРЕЈ”

12.12.2019 (четврток), со почеток од 18.00 часот, “ПИРЕЈ”

13.12.2019 (петок), со почеток од 18.00 часот, “НИШТО БЕЗ ТРИФОЛИО”

14.12.2019 (сабота), со почеток од 19.30 часот, “ГЛЕМБАЕВИ”

15.12.2019 (недела) со почеток од 12.00 часот “ПРИКАЗНИ ЗА ВЕТРОТ И МЕСЕЧИНАТА” – претстава за деца

Скандал: Во НАТО ќе нѐ претставува амбасадор за кого 450.000 Македонци се „најголемото зло“

Дане Талески е предлог за амбасадор на Македонија во НАТО, потврдуваат извори од Владата. Владата во четврток на седница ќе го потврди кандидатот за амбасадор во НАТО.

Неофицијално за Талески се согласиле и министерот за надворешни работи, Никола Димитров и претседателот Стево Пендаровски.

Талевски неодамна го навлече гневот на граѓаните на социјалните мрежи откако на емисијата „Само Вистина“ во која дебатираше со Тимчо Муцунски ги навреди гласачите на ВМРО-ДПМНЕ.

Конкретно тој изјави дека „најголемата партија во Македонија и нејзините 450.000 гласачи се најголемо зло” (21:30 од видеото).

(Фото) Дупка „проголта“ автомобил во Загреб, мештаните запрепастени

Знаев дека нешто ќе се случи затоа што цел ден улицата по малку пропаѓаше, но ова навистина не шокираше. Автомобил пропадна, настана колапс во сообраќајот, а Брзата помош го зеде возачот, рекол читател на 24сата.хр кој испратил фотографии до редакцијата.

Друг читател рекол дека пред возилото кое пропаднало поминал камион, а потоа уште еден автомобил кој од тој дел од патот свртел кон дворот на една куќа. А, потоа наиде и возачот на „Опел Астра“ под кој се создаде кратер длабок скоро два метри, а широк околу три ипол метри, велат од градската Канцеларија за управување со итни ситуации.

„Видов како се отворија двете воздушни перничиња. Го видов возачот на автомобилот и ми се чинеше дека е тешко повреден“, раскажал читател. Според она што тој го кажува, автомобилот пропаднал со предните гуми и додал дека очекувал дека такво нешто ќе се случи затоа што на тој пат непрестано интервенирале градските служби.

„На секои десет до петнаесет дена доаѓаат да копаат затоа што водоводните цевки непрестано пукаат. Не е чудо што ова се случи. За среќа никој не настрадал“, рекол тој.

Жена од соништата за многумина: Му направила кафеана во дворот за да биде повеќе време дома

Пол Тапер, британски инженер од Давон, отсекогаш по работата и за викенд многу време поминувал во локалната кафеана. Неговата сопруга Џејн била незадоволна што сопругот почесто е во пабот отколку дома, па одлучила „елегантно“ да го реши проблемот – на Пол да му напрваи кафеана во дворот на нивната куќа, а ја именувала „Куќичка за кучиња“.

-Мојот сопруг отсекогаш сакаше често да биде во локалната кафеана. Не успевав да го задржам дома. Често размислував што да направам и мислам дека ми дојде убава идеја. Ја направив кафеаната во дворот. Кога сега ќе ме прашаат каде ми е сопругот, им велам – „во куќиќката за кучиња“, вели Џејн, инаку медицинска сестра и мајка на три деца.

Најголем трошок за пабот и’ биле дозволата и рамнењето на дворот што ја чинело околу 15.000 фунти. Градела рационално, па другите трошоци максимално ги редуцирала. Очекува во новоотворениот паб да имаат и гости, а во него ќе организираат и разни забави за роднини и пријатели.

Освен сопругот, со пабот се среќни и децата на Пол и Џејн – Том (31), Лорен (24) и Џек (26), кои велат дека долгорочно ќе заштедат многу пари зашто сега ќе трошат во свој локал во кој ќе им доаѓаат и пријатели.