дома блог страница 2906

Снег низ Македонија – На овие места вее утрово

Слаб снег утринава има на неколку планински превои. Авто мото сојузот информира дека снег провејува на Попова Шапка, Маврово, Стража, Крушево и Буково.

На останатите патни правци низ државата сообраќајот се одвива по влажни коловози.

Надвор од градските средини, интензитетот на сообраќајот е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Тимоние: Да се почитува мислењето на Венецијанската комисија

„Кога бараме мислење од некого тоа мислење треба да се земе предвид или парцијало или целосно, затоа што сметаме дека телото Венецијанска комисија е доста почитувано и ја почитува целиот свет“, изјави во интервју за Македонското радио, францускиот амбасадор во емјава Кристијан Тимоние.

А кога сме во потрага по европски стандарди – вели амбасадорот – треба да почитуваме мислење на институција која е почитувана.

„Суштината на оваа комисија е да креира право и да се произведе консензус“, порача францускиот амбасадор.

Милошоски: Законот за јазици е правно неиздржлив, политиканство за коалициски интерес

По однос на изјавите на премиерот Заев малку е што во три дена има три различни изјави. Се случувало и по повеќе односно во три дена да има и по шест различни изјави, така да ценам дека ова е негов скромен перформанс, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски во вечерашното гостување во емисијата Топ тема на ТВ Телма, коментирајќи ги изјавите на премиерот Заев по однос на забелешките од Венецијанската комисија за законот за јазици.

Милошоски нагласи дека критиката од страна на Венецијанската комисија за употреба на законот за јазици е издржана потенцирајќи дека законот е правно неодржлив , односно како што рече тој тоа е политиканство се со цел краткорочно да се задоволат коалициските интереси.

-Имаме закон за парнична постапка имаме закон за обвинителство, имаме закон за кривична постапка имаме закон за управна постапка. Сите овие закони се системски закони кои што ние или наши претходници во собранието ги изгласале согласно уставните амандмани, а системски закон значи дека се гласа со две третини и сега вие со еден закон кој што е изгласан со просто мнозинство наметнувате наметнувате норма на друг закон и го дерогирате друг закон кој што е изгласан со две третини и е системски закон. Тоа е правно непознавање на работите, тоа е политиканство се со цел краткорочно да се задоволи некој коалициски интерес, но правно не е оддржлив и во право е Венецијанската комисија кога вели дека овој закон ќе направи повеќе штета во правосудниот систем, отколку корист, а и досега на ниту една странка во правосудниот систем не и било скратено да го користи јазикот кој што е мајчин јазик, смета Милошоски.

(ВИДЕО) Македонското сонце на дербито Интер – Барселона

Дуел да се биде или не за Интер против моќната Барселона. Клубот од Милано вечерва на “Џузепе Меаца” брка бодови за пласман во осминафиналето од Лигата на шампиони.

Во пресрет на дуелот нашинец ни испрати видео од атмосферата на стадионот во Милано и со големо македонско знаме ставено како декорација на трибините.

(Видео) Дали скопјани го препознаваат Алберт Ајнштајн: “Овој стар другар на мене ми бил и многу го поздравувам”

Од популарното “Мајк шоу” на јутјуб направија анкета низ главниот град каде ги прашаа случајните минувачи дали знаат кој е човекот прикажан на фотографијата.

Дел од одговорите навистина ќе ве насмеат, а имаше и такви кои веднаш одговорија за кого се работи.

Погледнете во продолжение:

(ВИДЕО) Како правилно да подготвите турско кафе: Ова е оригиналниот начин

Светски познатиот бариста Дритан Алсела на својата фејсбук фан страна објави видео за тоа како правилно се подготвува турско кафе.

Тој подготовката на турско кафе ја сведува на вистинска уметност, а во процесот користи врел песок.

Погледнете како изгледа тоа:

Тажна исповед на српската пејачка: Џабе ми е шо имам милиони, кога немам деца (ФОТО)

Српската пејачка Бранка Соврлиќ која има 65 години за време на својата кариера стекнала големо богатство, но искрено признава дека жали за тоа што не се остварила како мајка.

Бранка и нејзиниот сопруг поседуваат неколку луксузни станови во Белград и Сараево, како и ресторан, но материјалниот статус не може да им ја надомести тагата поради тоа што немаат деца.

View this post on Instagram

Kod kuće #brankasovrlic #sarajevo

A post shared by Branka Sovrlic (@branka_sovrlic) on

-Паја, односно Садик Пашиќ, мојот сопруг и јас, стекнавме многу. Без лажна скромностт, ние сме милионери, но би сакала да имам многу помалку, а Бог, односно таа виша сила, судбината, да ни подареше деца, односно барем едно дете. Вака некој би рекол џабе ни е се. Едноставно немавме среќа во совршениот брак со многу љубов и разбирање да станеме и родители. Бог изгледа не дава се, раскажала пејачката.

Бранка, инаку својот сопруг го запознала на еден од своите настапи.

Еурокомпозитци и денеска протестираа: Шекеринска со нејзината изјава го избркала инвеститорот?

Шеесетина вработени во прилепски „Еурокомпозит“ со блokaда на улицата пред компанијата денеска ги продолжија пpoтeстите изразувајќи нeзaдоволство од, како што велат, неизвесната иднина, без конкретен инвеститор, плати и без работа во наменската фабрика. За задутре најавуваат пpoтест во Скопје.

„Си ја префрлаат топката. Имавме средба со претставникот на државниот капитал и со многу други луѓе и тие си ја префрлаат топката дека поради Шекеринска што дала изјава во летото кога бевте овде присутни, дека кажа дека има тројца инвеститори, за тоа се налутил инвеститорот и не сакал да инвестира во нашава фирма. Сакал да остане како единствен и сега ја префрлаат топката, Шекеринска да ги најде кои се тие тројца инвеститори. Ова ни го кажа Софија Јовановска, претставник на државниот капитал и му наложи на Тони Петрески, што ни е претседател на управниот одбор, а воедно работи и во Министерството за одбрана, да се консултира со Шекеринска и да ги донесат тие купци што ги најави Шекеринска“, вели Роберт Богданоски, претседател на синдикатот во Еурокомпозит.

Тој додава дека од јануари досега им биле исплатени мали делови од заостанати плати и всушност, немаат плата за овие месеци и не им се исплаќа здравствено осигурување.

Според Гоце Јагуриноски, вработен во „Еурокомпозит“, директорот не си ја врши работата и затоа вработените бараат негова оставка.

Побаравме ocтавка и од овој директор кој, очиглено, ништо не прави за работите да се поместат од статус-кво ситуацијата. Кажува дека има работа, а всушност немаме никаква работа – рече Јагуриноски.

Во „Еурокомпозит“ 154. вработени беа прогласени за технолошки вишок и според законот што беше усвоен од Парламентот, на сите им се иплаќаат придонесите за повеќе од шест годиони, додека 60-ината вработени чекаат инвеститор и извесна иднина.

(Фото галерија) ПРАВИ СЀ ЗА ГЛАСОВИ: Британскиот премиер стpиже овци, продава риби, вози формула, игра фудбал…

Британскиот премиер Борис Џонсон изјавил дека ќе се бopи за секој глас до парламентарните избори во четврток. Неговата Конзервативна партија, според последните анкети, води пред лабористите, а за тоа така да остане се потруди и самиот Џонсон, кој правеше различни работи за да им се допадне на граѓаните.

Џонсон последните денови ги посети, рибарите, слаткарите, трговците, играше фудбал, возеше формула, стрижеше овци.

Камчева сведочеше дека Јанева и се пожалила: Син ми ќе работеше на брод да не беше Боки 13

Во продолжението на судењето за случајот „Рекет”, сопругата на Орце Камчев, Ана Камчева, рече дека 350 илјади евра за рекет за подобра положба на нејзиниот сопруг, ги извадиле од фирмите што ги имаат, а ги донела лично во несесер нејзината свекрва, Ратка Камчева.

-Потоа ме зема со кола Зоран Милевски и се упативме во станот на Бојан Јовановски во населбата Орман. Катица седеше во дневната соба. Се поздравивме со госпоѓата Катица Јанева и разговаравме за децата. Јас ѝ реков како ми е мене со децата и како поминувам, а таа ми рече: Да не беше Бојан Јовановски, син ми ќе работеше на брод. Ние ги дадовме 500 илјади евра, рече Камчева во сведочењето.

Таа кажа дека Јанева ѝ спомнала дека за гаранцијата од 14 милиони евра може кривично да ги гони неа и проценителот, зашто дел од имотот бил под кирија.

-Катица Јанева ми напомна дека ако овој разговор излезе од домот на Бојан Јовановски, ќе знае дека е од мене, бидејќи имаше доверба во нив. Рече дека може не само еден, туку многу предмети да му отвори на Камчев. Се закануваше со нејзината моќ. Се плашев од моќта на Јанева. Но, не е таа што ја има моќта. Специјален јавен обвинител е Бојан Јовановски. Тој знаеше се. Кој ќе биде притворен следен, и се што кажуваше, така се случуваше, сведочеше Камчева.