дома блог страница 2905

Неуспешен обид за грабеж на обложувалница во Прилеп

На 10.12.2019 околу 22.45 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека во спортска обложувалница на ул.„Маршал Тито“ во Прилеп едно лице со закана се обидело да одземе пари од вработената, но не успеало во намерата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Koтлар до Османи: Темелот на македонската државност е АСНОМ, а не договорите од Преспа и со Бугарија и Законот за јазици

Историчарката Наташа Котлар реплицира на изјавата од министерот за евроинтеграции Бујар Османи дека основа на државноста на Македонија се договорите од Преспа и со Бугарија и Законот за употреба на јазиците.

„Да му одговорам на Бујар Османи, кој денес, бескрупулозно изјави дека: ‘трите документи кои се основа на државноста, а тоа се Преспанскиот договор, Договорот со Бугарија и Законот за јазици, се документи кои се иревирзебилни и кои нема да бидат предмет на никакви промени и измени, ниту еднонасочни, ниту какви било промени’.

Ова е мистификација, не е точно! Ќе одам по ред! Темелите на македонската држава се впишани во решенијата од Првото заседание на АСНОМ. Тие влегуваат во македонската историја како позитивен и препознатлив национален настан, бидејќи искажуваат содржина од суштински карактер. Деведесетте делегати на првото заседание на АСНОМ од 2-ри август 1944 година, избрани од сите краеви на етногеографска Македонија, од сите социјални слоеви, вери и националности, усвоиле 9 историски одлуки, од кои повеќето се со државотворно значење за Македонија (Решението за утврдувањето на АСНОМ како највисок орган на државната власт на Македонија; Решението за воведување на македонскиот јазик за службен јазик во Македонија; Решението за прогласување на 2 август за државен празник (национален празник) на Македонија и Декларацијата на АСНОМ за основните права на граѓаните на Демократска Македонија).

Актуелната (октроирана) власт нелегитимно и нелегално ги потпиша Договорот за (не)добрососедство, Преспанската спогодба и Законот за јазиците заради противправно менување на уставното име на македонската држава.

Република Македонија институционално е нападната, на нејзината територија има власт која се представува од името на државата „Република Северна Македонија“. Таа ја погази и граѓанската волја за непромена на ИМЕТО, беа донесени (не)уставни амандмани, доживеавме кршење на човековите права, видовме политичка и лична дрскост. Затоа, секоја наредна Влада која ќе ги има во предвид македонските инереси, ќе има и правна можност да ги ПОНИШТИ 3-те спомнати договори!“, објави професорката од Институтот за национална историја.

Доделени три автомобили од наградната игра на Mozzart – во игра останува Jeep Compass!

Уште еден среќен играч од Mozzart обложувалници ќе вози нов автомобил, благодарение на големата наградна игра ПОГОДИ НАЈГОЛЕМА КВОТА. Заврши третата етапа од оваа наградна игра, а на уплатното место во Скопје – Педагошка, вчера го доделија  и третиот FIAT 500. Во игра е уште еден автомобил – прекрасниот Jeep Compass!

Ристо Нелковски од Скопје со добитен тикет и најголема квота од 32229,48 ќе го вози прекрасниот автомобил Fiat 500. Наградната игра не завршува тука, бидејќи играчите во Mozzart обложувалници имаат 4 шанси за 4 автомобили! Во тек е последната – четврта етапа каде победникот со најголема квота ќе го освои фантастичниот Jeep Compass.

Досега Mozzart доделија 3 автомобили Fiat 500, а покрај играчот Ристо Нелковски од Скопје, добитни беа и Игор Андевски од Скопје – Петровец на кој за автомобилот Fiat 500 доволна му беше погодена најголема квота од 11501,79. Орце Груев од Неготино е победникот од првата етапа, а погоди најголема квота од 18,270.

Во четвртата етапа учествуваат тикетите за обложување уплатени во период од 09:00 часот на ден 01.12.2019 година до 21:00 часот на ден 05.01.2020 година и истите учествуваат само во оваа етапа.

По завршување на секоја етапа од наградната игра, системот се рестартира при што квотите од секоја завршената етапа не се префрлуваат и не учествуваат во било која следна етапа. Квотите со почеток на секоја нова етапа се бришат. Добитниот тикет со најмалку четири одиграни парови со најголема квота, покрај добивката, ќе биде награден и со еден од автомобилите Fiat 500 или Jeep Compass.

Минималната уплата по тикет изнесува 20 денари. Во случај двајца играчи да погодат идентична квота, предност има оној играч кој прв го уплатил тикетот. Во пресметка за награда не влегуваат системските тикети и тикетите со еден промашен пар кои остваруваат право на бонусот „Промаши, а наплати“ и Live Bet тикетите.

Целосните ПРАВИЛА НА ИГРА прочитајте ги ОВДЕ. 

Ристески: “Без разлика колку сте заштитени од јавното обвинителство и останатите органи на прогон, правдата ќе ве стигне после 3-ти јануари” (Видео)

После скандалот со бесправното градење на диво на хотел во градскиот пазар на негов роднина, милионската сума за набавка на четирите автобуси и стопирана изградба на мовчето во населбата Сточен пазар за 500.000 евра, која сума во меѓувреме може да стане повисока, денеска одново ќе презентираме сомнежи за можна злоупотреба и сомнителни јавни набавки од страна на градоначалникот Илија Јованоски – oва на денешната прес конференција го истакна Петар Ристески, претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост во продолжение:

“Имено, градоначалникот на 3-ти Ноември, Денот на ослободувањето на Прилеп, пресече лента за новиот споменик посветен на Масакрот кој бугарскиот окупатор го извршил во село Дабница.

Според тендерската документација за овој споменик објавена на електронскиот систем од Бирото за јавни набавки, крајниот рок за поднесување понуди и отварање на истите за реставрација и поставување на споменикот бил 5-ти ноември 13:00 часот, а истиот беше поставен на 3-ти ноември. Чудно и надвор од сите законски правила и прописи. Прво го поставил споменикот, а дури после два дена е отварањето на понудите за најповолен понудувач кој би го поставил истиот.

Соочени со ваквиот голем пропуст и сакајќи веројатно да се скријат од одговорност, тендерот бил поништен, но и покрај тоа, повторувам, споменикот
беше поставен на 3-ти ноември.

Градоначалниче, еве јавно ве прашуваме, како, на кој начин и според кој критериуми сте избрале изведувач на овој споменик?

Дали е точно дека тендерот сте го поништиле бидејќи не сте добиле ниту една понуда?

Граѓаните на Прилеп ги интересира како и кој без завршена тендерска постапка, без склучен договор, ги заврши потребните работи за реставрација и поставување на споменикот и го постави споменикот?

Уште еднаш ве прашуваме, кој е изведувачот на работите за поставување на овој споменик, кој го избра и во каква постапка?
Што ли ќе лажете сега и со какви ли закани за тужби и пријави ќе се браните овој пат?

Секој ден поминат на власт ви е исполнет со скандали и сомнежи за незаконско трошење на парите на граѓаните.

Ова е само уште еден во низата скандали, за кои ќе се бара одговорност и ќе се провери се до последен детал.

На градоначалникот Јованоски и власта на СДСМ одново им порачуваме! Без разлика на тоа колку сте заштитени од јавното обвинителство и останатите органите на прогон, правдата ќе ве стигне после 3-ти јануари.

Република Македонија ќе ја биде, но само без вас на власт”.

Американски екстремисти против владата на СДСМ: Ден пред изборите на 12 април, најавена “бoмба” за peкетот на Заев

Јавноста во текот на вчерашниот ден ја анимираа нови „бомби“ кои се поврзани со еден од главните протагонисти во аферата бизнисменот Јордан Камчев. Популарноста и атрактивноста на оваа афера кај македонскиот народ им пречи на многумина, пред се поради тоа што голем број македонски ориентирани „опинион мејкери“ сметаат дека името и карактерот на државата се поважни од вистината за овој случај, но сепак оваа афера најдобро ја прикажа реалната слика за бизнис-политичките интереси и сервилноста на правосудниот систем, пишува порталот Инфомакс.

Да оваа афера е многу повеќе од милионче ваму, милионче таму за мирна глава, оваа афера ја разобличи политичката мафија која како заложник ја држи Република Македонија веќе три децении.

Но она што создаде невиден хаос и паника на „Бихаќка“ и кај владеачката СДСМ е мистириозниот коментар на Јутуб. Коментарот вирално се шири по социјалните мрежи пред се на Твитер, а споделен е пред околу 22 часа.

Ценети сограѓани, би сакале да ве известиме дека во периодот непосредно пред следните избори на 12 април 2020 година ќе ја објавиме последната снимка со кој се докажува дека премиерот на вашата земја е директно вклучен во рекетарирањето и други организирани криминали активности, материјал сакаме да го објавиме поради скептицизам дека може да ја наруши нашата заедничка цел: Уривање на корумпираната влада во вашата земја предводена од СДСМ на Заев, ако ја емитуваме прерано. Објавување на снимениот доказ во периодот пред изборите би влијаело на кандидирањето за Зоран Заев за премиер и нема да дозволи опција за одолговлекување на зборите. Одлучивме да објавувиме овде и да ве информираме рано, бидејќи внимателно ги следивме околностите во вашата земја и дојдовме до заклучок дека објавувањето тука меѓу вас како најповолна публика за оваа работа и ширење на зборот е најдобриот почеток за да се посочи за што следува . Би сакале да ве советуваме да избегнете неподготвеност, но наместо апстиненција да се прибегнете кон масовно гласање против СДСМ, осигурувајќи се дека во комбинација со нашиот снимен доказ кој ќе го објавиме плус вашето гласање против Заев и СДСМ, ќе успееме да го постигнеме нашиот и вашиот заеднички интерес: искоренување и подоцна маргинализирање на СДСМ и со тоа доведување на волјата на луѓето од вашата земја на прво место. Раширете го зборот и останете увери. Ние ќе го објавиме снимениот доказ на кој се наоѓа Заев во периодот непосредно пред денот на изборите.

Анонимниот извор на Јутуб посочува дека поседува докази за инволвираноста на Зоран Заев во „Рекет“, а како дел од доказите посочува и видео материјал кој го потврдува тоа. Изворот посочува дека видеото не е објавено досега за да нема никакво ретерирање од веќе договорените избори на 12 април кое сигурно би се случило доколку би бил објавен ваков доказ за инволвирањето на Заев во рекетот. Доказот според „Qanon“ ќе биде објавен непосредно пред изборите.

„Qanon“ е екстремно десничарска група која важеше за блиска до структурите кои го поддржуваат американскиот претседател Доналд Трамп. Тие презентираат теорија на загворор од страна на „длабока држава“ против американскиот претседател Доналд Трамп и неговите приврзаници. Теоријата започна со објавување во октомври 2017 година на анонимната чат 4chan од страна на лице кое го користеше името Q, Американецот која подоцна веројатно прерасна во група на луѓе тврдејќи дека има пристап до класифицирани информации во кои се вклучени членови администрацијата на Трамп и нејзините противници во Соединетите држави. „Q“ обвини бројни либерални холивудски актери, демократски политичари и високи функционери за учество во трговија со деца, и тврди дека Доналд Трамп комуницирал со Русите со цел да го повика Роберт Мулер да му се придружи во изложување на ланецот за трговија со деца и спречување на државен удар од страна на Барак Обама, Хилари Клинтон и Џорџ Сорос. „Q“ е повикување на дозволата за увид во државната тајна Q.

Извор: infomax.mk

(Видео) Нема повеќе мистерија за Бермудскиот триаголник: Пронајдени се три бродови без членовите на екипажот кои го дадоа одговорот

Бермудскиот триаголник или познат како Ѓаволски триаголник, се наоѓа во Атланскиот океан, местото на кое мистериозно исчезнуваат бродови и авиони.

Овој таканаречен триаголник е блиску до една од најпрометните бродски рути во светот, па него секојднено го преминуваат бродови кои одат во Америка, Европа и на Карибите. Му се припишуваат различни паранормални исчезнувања, па дури и влијание на вонземски суштества, но можеби постои многу пологичен одговор.

Во серијата “Во Бермудскиот триаголник” беа откриени три слични бродови, но исчезнатиот екипаж поттикна да се создаде друга теорија.

“Речиси три века бродовите и нивните патници очигледно исчезнувале. Поттикнати од овие легенди, морнарите од 19 век го нарекувале ова подрачје “гробницата во Атлантикот”.

Путин си ја отвори душата: Го изгубил братот во опсадата на Ленинград, а сега открива и каде е погребан

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека волонтерите од тимот за пребарување помогнале да се најде местото каде што бил погребан неговиот брат, кој загинал за време на опсадата на Ленинград.

„Тие го најдоа мојот брат за кого се воспостави дека е погребан на меморијалните гробишта, кои за време на опсадата била масовна гробница. Родителите тоа не ни го знаеа.

Само им пратија известување дека загинал за време на опсадата и тоа е се, а потоа волонтерите го најдоа. Го најдоа и конкретното место на Пискарјовско. Знам дека тоа е добра и племенита работа“ рекол Путин на состанокот со членовите на советот за човекови права.

Нему му беше поставено прашање за пронаоѓање на гробницата на жртвите од политичката репресија.

Претседателот рече дека ќе предложи на државната дума на Русија да размисли за подобрување на законодавството во врска со масовните гробни места.

Покрај тоа, рускиот шеф на државата ќе побара од градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин да му помогне на Храмот на светите нови маченици и исповедник на Русија во Бутов во реновирање на зградата на поранешната Федерална служба за безбедност (ФСБ), на кој е предвидено да се отвори музеј за жртвите на паднатите заради верата.

Тешка сообраќајка во Прилеп: Возило удри во двајца пешаци

На 10.12.2019 во 18.30 часот бул.„Гоце Делчев“ во Прилеп, товарно возило „мерцедес“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Н.Х.(47) од с.Лажани, прилепско, удрило во пешаците А.В.(48) и И.В.(25), двете од Прилеп.

Во незгодата, пешаците се здобиле со тешки телесни повреди и биле пренесени во Општата болница Прилеп за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициска станица Прилеп – информираат во полицискиот билтен на МВР.

Загатка која ги збунува сите: Само најпаметните ја решаваат за секунда, ќе успеете ли?

Нашите мозоци мора да останат во форма. А, оптичките илузии и загатките се најдобри за разбивање на секојдневната монотонија.

Загатка по која нема да можете да заспиете цела ноќ: Само оние кои се над просекот ќе ја решат за секунда. Оваа бајковита загатка не бара многу од вас.

Таа гласи: Принцезата останала заклучена во кулата. За да побегне од лошата вештерка мора да помине низ четвртата врата, но постојат само три излеза. Каде е вистинскиот?

Конфузијата во оваа загатка е во тоа што нема четврта врата. Добро погледнете ја илустрацијата уште еднаш, па обидете се да го пронајдете решението.

Точен одговор:

За оние со бујна фантазија, трикот е во симболите. Секој симбол се состои од две споени бројки. Па така, вратата од левата страна е со две четворки, во средината со две единици, а вратата од десната страна со две двојки. Вратата што ја бара принцезата е од левата страна затоа што на неа се споени две четворки, односно тоа е четвртата врата.

Цел чопор кучиња во близина на училиште во Прилеп: Граѓаните бараат итно решавање на проблемот (ФОТО)

Цел чопор кучиња деновиве шета низ населбата “Марино маало” во Прилеп.

Жителите од овој дел на градот се жалат дека е неподносливо да се спие навечер кога кучињата прават голема бука, а се плашат и за безбедноста, особено за најмалите.

Утрово наш читател ни испрати фотографија од кучињата кои биле забележани во близина на ООУ “Гоце Делчев”.

Жителите на оваа прилепска населба упатуваат апел до надлежните да го решат проблемот со кучињата скитници, кои како никогаш порано ги има во голем број.